Темперамент

Темпераментот го означува начинот на емоционалното реагирање на една личност.

Темперамент

Темперамент

Значи пред се, колку лесно, колку често, со кој интензитет и со кое траење се јавуваат емоциите кај човекот. Под начин на емоционално реагирање подразбираме не само емоции, туку и брзина, силина и траење на сите активности на поединецот. Затоа би било поточно ако кажеме дека темпераментот е карактеристичен начин на реагирање на единката на различни дразби и ситуации.

Видови на темперамент

Грчкиот лекар Хипократ сметал дека во организмот течат четири вида течности (жолчка, крв, црна жолчка, слуз), кои се мешаат и во зависност која течност преовладува во организмот таков темперамент ќе има човекот. Оваа претпоставка на Хипократ не е докажана, но имињата на темпераментите останале. Денеска се знае дека темпераментот зависи од дејствувањето на вегетативниот нервен систем, жлездите со внатрешно лачење и некои делови од ЦНС (централен нервен систем). Според Хипократ видовите темпераменти се:

  • колеричен (холеа - жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите, на лицето им се гледа што чувствуваат (екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни" со што ги свртуваат другите против себе,
  • сангвиничен (сангвис - крв) реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно, основна емоција им е веселост и оптимизам. Активни се, се зафаќаат со многу активности, но не ги довршуваат, лесно воспоставуваат контакти со многу луѓе, но најчесто се површни,
  • меланхоличен (меланхоле - црна жолчка) реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чувствуваат (интравертно), основна емоција им е тага и песимизам, настаните длабоко ги преживуваат, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели,
  • флегматичен (флегма - слуз) реагираат бавно со слаби реакции, кратко траење на емоциите, манифестацијата е интравертна и основната емоција им е рамнодушност. Овие лица делуваат спокојно и сталожено.

Со оглед дека темпераментот се наследува и има неврофизиолошка основа, вакви чисти типови темпераменти во природата нема. Луѓето се најчесто со мешан тип. Освен што се наследува темпераментот може и да се контролира и „воспитува―. На пр. избувливите луѓе научуваат „да избројат до десет―, мирните да ги интензивираат своите чувства и сл. Контролата врз своите чувства и емоциналната рамнотежа се значајни за човековото однесување. Исто така празнењето од емотивна напнатост е важен услов за сочувување на здравјето.

Карактер

Зборот карактер во психологијата се употребува со повеќе различни значења:

  • понекогаш се изедначуваат поимот личност и карактер,
  • со зборот карактер се означува збир на сите психички црти на некоја личност,
  • со зборот карактер се означуваат најбитните црти на личноста кои даваат печат на целокупното нејзино однесување,
  • често со зборот карактер се означуваат волевите особини на човекот,
  • под карактерни особини се подразбираат такви особини кои покажуваат карактеристично однесување на поединецот, земајќи ги во обзир моралните принципи и сфаќања во одредено општество,

Карактерот претставува сложена психичка организација од најразлични психички процеси, состојби и особини што се одразуваат во однесувањето на личноста.

Карактерот го претставува психичкото јадро на личноста. Во врска со овие сфаќања се разликуваат и различни видови на карактери. Па така, се зборува за добар и лош карактер и цврст и слаб карактер. Добар карактер би имал човeкот кој се одликува со морални особини, а лош кој не поседува такви особини. Цврст карактер би имал оној кој покрај моралните особини поседува енергичност и упорност во однесувањето, а слаб карактер оној човек кој поседува морални особини, но не е одлучен да ги примени. Карактерните особини на човекот можат да се групираат на следниов начин: оние што го одразуваат неговиот однос кон работата, оние што го одразуваат неговиот однос кон другите луѓе, оние кои го одразуваат неговиот однос кон себе и оние што го одразуваат неговиот однос кон жнвотната н работната средина.

  • Според својот однос кон работата човекот може да биде: активен, трудољубив, мрзелив, исполнителен, негрижлив, иницијативен, дисциплиниран, одговорен, креативен, бирократизиран итн,
  • Според својот однос кон другите луѓе човекот може да биде: отворен, искрен, воздржлив, груб, алтруист, егоист, мирољубив, неискрен, агресивен итн. Тој може да биде ориентиран кон други луѓе (соработка), од други луѓе (бегство) и против други луѓе,
  • Според својот однос кон себе човекот може да биде: чесен, скромен, горд, самокритичен, достоинствен, едноставен, самодисциплиниран, самоуверен, сигурен, вообразен, нечесен итн.,
  • Според својот однос кон животната и работната средина човекот може да биде: одговорен, дисциплиниран, внимателен, загрижен за јавниот ред и мир, хигиената на јавните места, не само за личниот туку и за општествениот имот, за општествените средства за производство со кои работи итн.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хари КостовАтинаИнтеграСписок на градови во ГерманијаАлександар III МакедонскиЉубомир ФрчкоскиРак на дојкаЈужна АмерикаИзбирачко местоТигарСписок на политички партии во МакедонијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаДесница (политика)За наша МакедонијаГевгелијаЕнциклопедијаКрива ПаланкаРоднински односиСветлинаРесенРепродуктивен системОНАМеѓународни празнициМакедонски ораСредоземно МореДрогаЦветнициМозокНационален парк ПелистерЕволуција на човекотПолитика на МакедонијаСложена реченицаОпштина ЦентарЛевица (политика)Левица (политичка партија)Адаптација (биологија)Сашко КедевБојан ЈовановскиСоцијалдемократска унијаАвангардаРеферендум во Македонија (2018)Список на македонски зборови од турско потеклоЧетврта влада на Никола ГруевскиДијалекти на македонскиот јазикГлаголи во македонскиот јазикСреден векПоделба на гласовите во македонскиот јазикСоцијализамСписок на команданти на ОНАМовКавадарциДунавЦар Едип (драма од Софокле)Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаМакедонски пасошБојаИстанбулЛарингитисОбласти во КазахстанМакедонски претседателски избори (2019)Втора влада на Зоран ЗаевБраќа МиладиновциРечник на стари македонски зборовиПетар Поп АрсовМакедонска крвава свадбаПанонска НизинаСрбијаТапаниМакедонија во металното времеСвети Климент ОхридскиОрелМенингитисСолунски атентатиГласачки системГолемата вода (роман)Црнила (драма)Нафтен танкер🡆 More