Mиомот (myoma uteri) е најчест доброќуден тумор на утерусот.Граден е од глатки мускулни влакна (како и миометриумот) и од сврзно ткиво заради што и е наречен фибромиом.
Може да се развие во кој и да биоло дел од утерусот и на повеќе места истовремено. Миомите се обично сместенио само во корпусот, а дури во 2% се јавуваат и во цервиксот. Миомот е тумор кој расте постепено. Го обвиткува глатка капсла преку која добива храна.
Миом на матка | |
---|---|
Uterine Fibroids | |
Специјалност | Онкологија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Миомите ги делиме според локализација на три главни групи:
Интрамуларните миоми се сместени во ѕидот на матката. Кога се мали, обично не прават никакви пречки, но кога стануваат мултипни или се наголемуваат, се наголемува и големината на утерусот. Некои од овие стануваат супсерозни, а некои субмукозни. Миомот може да се шири и помеѓу листовите на пликалата.
Субмукозните миоми се избочуваат во празнината на матката. Ендометриумот над миомот станува потенок, а по менструацијата потешко се опоравува. Затоа кај субмукозниот миом се чести менструациските неуредности, менорагиите и метрорагиите. Контрациите на утерусот можат субмикозниот миом, кој често виси на дршка, да го истисне во цервикалниот канал и да го „роди“ во вагината.
Субсерозен миом (миом кој е локализиран на самата површина на матката и е покриен со серозната обвивка), Ако се големи и притискаат на бешиката можат да предизвикаат проблеми со мокрењето, ако се на задниот дел од матката можат да предизвикаат болки во долниот дел од грбот, ако пак притискаат на ректумот можат да предизвикаат опстипација.
Миомите нормално атрофираат во постменопаузата. Во бременоста растат, но по бременоста повторно ја добиваат поранешната големина. Хијалната дегенерација ја предизвикува намаленото снабдување со крв на хомогеното безбојно ткиво ги надоместува мускулните клетки. Таа хијална материја може да ресорбира и во неа настануваат празнини, тогаш зборуваме за цистична дегенерација. Наталожувањето на калциомовите соли се нарекува калцификација. Некроза настанува од во околу 5% од случаевите (често во пурпериумот) поради престанување на крвотокот во еден дел или во целиот миоматозен јазел. Сарком се развива во 1-2% од случаевите на миомот, а што порано се сметало за магилна алтернација. Компликации можат да настанат и поради инфекција копја најчесто настанува во субмукозните миоми. Могу сериозна и неочекувана компликација може да предизвика торзија-зголемување на субсерозниот миом на дршка, со слика на акутен абдомен.
Миомот, тумор на генеративната фаза на жената, најчесто се јавува помеѓу 35 и 50 година од животот на жената. Касј секоја четврта или петта жена по 40 година од животот може да се утврди помал или поголем миом. Најчесто тој тумор не причинува никакви пречки.
Симптомите зависат од големината и бројот на миомите, од нивното сместување, дегенеративните промени и компликации.Миомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински гинеколошки прегледи. Но најчестите симптоми кои ги предизвикуваат се:
Важно е да се зане дека повеќето мали, особено интрамуралните и субсерозните миоми, не прават пречки ниту предизвикуваат какви и да било објективни симптоми. Бременоста и раѓањето често имаат нормален тек. Миомите обилно се наголемуваат, меѓута по раѓањето се враќаат во претходната големина. Можнна и се, иако ретки, и многу сериозни компликации во бременоста, раѓањето и пуерпериумот. Најчесто е тоа поради некрозата на миомот.
Многу од миомите не се третирaат, т.е не се подложувaат на лекување. Малите асиптоматски миоми се откриваат дури во текот на гинеколошкиот преглед. Бидејќи кај миомот можат да настанат дегенеративни промени и компликации, потребно е на секоја жена со миом да и се советувa редовни гинеколошки прегледи.Ако се појават неуредни крвавења, болки или кој и да било други симптоми, болната треба веднаш да бара довет од лекарот.
Ако симптомите се благи, слаби, на пр. туку што назначени монорагии, тогаш се препорачува палијативна постапка, мирување во постела, давање на егрометрин во текот на крвавењето, евентуално давање на машки полови хормони. Така се постапува сè до менопаузата, кога миомите сами атрофираат. Слично се постапува и кај миомите без поголеми компликации( се мисли на миомите кои не даваат поголеми компликации), а постојат контраиндикации за оперативен зафат(срцеви, бубрежни болести)
Таа е индицирана кога туморите се поголеми, кога растат, кога крвавењата се значителни и кога настапуваат компликации. Кај младите жени најчесто доаѓа предвид кистерктомија, отстранување на целата матка ппо абтоменален и вагинален пат. За лекувањето на миомите се користат следните хируршки зафати:
А исто така се прави и хемотерапија, радиоактивно зрачење.
Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Миом на матка, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.