Крило

Крилја се органи кај птиците (што се развиле од предните екстремитети) или инсектите и служат за летање.

Крило
Птичји крилја

Анатомија на птичјото крило

Крилото кај птиците се состои од коска на рамото која е долга, шуплива и исполнета со воздух. На неа се надоврзуваат цврстата лакотна и прилично слабата палечна коска, кои заедно ја чинат подлактицата. Потоа следуваат две или најмногу три коски на зглобот и три редуцирани прсти. Кај некои видови птици палецот има нокт кој навистина личи на канџа, но е скриена со пердуви. Веднаш до палецот се наоѓа редуциран втор прст со две членчиња, а до него е сраснатиот трет прст со еден членче.

Изглед

Крилото претставува двојна лепеза (на сликата означено со буквите "n" и "m") што се шири во лакотниот зглоб и зглобот на метакарпалната коска, чија голема површина ја сочинуваат пердуви за летање, наредени во два реда еден зад друг, а кај коренот се прекриени со неколку редови т.н. покривни пердуви (на сликата означено со буквата “о“), така што заедно сочинуваат мазна, непрекината површина.

Птиците кои не ги користат крилјата за летање немаат пердуви за летање. Таков е случајот, на пример, со пингвините кои крилјата ги користат за летање и како кормило, или кај ноевите кои со крилјата само го помагаат одењето или трчањето, а исто така ги користат во ритуални цели (за привлекување на припадници од спротивниот пол).

Напомена

Според граматичките правила во македонскиот јазик, именката крило има две изведени форми: крилја, што вообичаено се користи за живите организми, и крила, што се користи за воздухопловни објекти (авиони, ракети и сл.) или за објекти и предмети изработени од човекот (крила на шкаф, крила на зграда итн.) или пак за општествени движења (пр.: конзервативни крила во партија и сл.) и кај спортски термини (пр.: левите крила на двете екипи).

Крилјата како тема во уметноста и во популарната култура

Крилјата се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Крилја“ (Крила) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.
  • „Вингс“ (Wings) - англо-американска музичка група, основана во 1971 година од Пол Макартни.
  • „Птичји крилја“ (Bird wings) - песна на британската група „Фјучер соунд оф Лондон“ (The Future Sound of London) од 1994 година.
  • „Крилја“ (Wings) - американски филм од 1927 година.

Поврзано

Распон на крилја

Наводи

Tags:

Крило Анатомија на птичјото крилоКрило ИзгледКрило НапоменаКрило Крилјата како тема во уметноста и во популарната култураКрило ПоврзаноКрило НаводиКрилоИнсектиПтици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Правопис и правоговор на македонскиот јазикСлепо цревоОпштина ЖелиноПеколот (Божествена комедија)Стојанче АнгеловИнтернетМакедонски парламентарни избори (1998)Влада на Талат ЏафериБорислав КрмовОпштина Гази БабаПартија за движење на Турците во МакедонијаМасакр во СребреницаСифилисДесница (политика)ЈаглехидратРоднински односиДемократска обнова на МакедонијаВелики четвртокСкратеници во македонскиот јазикЕмил ДимитриевПроливОпштина КумановоСистемски лупус еритематозусБедија БеговскаПентоксифилинВлада на Љубчо ГеоргиевскиДесет Божји заповедиНова социјалдемократска партијаРесенДемографија на МакедонијаМачкаБујар ОсманиЈудаизамГрцијаЕкосистемХристијан МицкоскиИсламМравкаМакедонија (регион)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоСтаромакедонски јазикРомео и ЈулијаЗаконодавна властСкопски земјотрес (1963)БрадикардијаЛокални избори во Македонија (2017)Список на македонски народни поговоркиРисто КрлеОдбојкаМакедонски парламентарни избори (2002)Венко ФилипчеМајка ТерезаМорфологија на македонскиот јазикОхридско ЕзероАнтибиотикАлександар III МакедонскиКрвМаркетингЛасерХороскопски знациНикола ПопоскиПрилепБета-таласемијаВесна БендевскаБескрајна приказнаОпштина ОхридВиножитоКошаркаМакедонски претседателски избори (2014)ЛеукемијаХристијанствоБроеви во македонскиот јазикГранична проверкаПразници во мајЧаирОпштина ЧаирЕгипетМладотурска револуција🡆 More