Исповедта На Лусио

Исповедта на Лусио (португалски: A confissão de Lúcio) - новела на португалскиот писател Марио де Са-Карнеиро од 1913 година.

Содржина

Романот, составен од осум глави, претставува исповед на Лусио, кој поминал десет години в затвор поради смртта на неговиот пријател, поетот Рикардо де Лоуреиро: Во 1895 година, Лусио пристигнува во Париз, каде студира право. Таму, тој се зближува со вајарот Гервасио Вила-Нова. Еден ден, Гервасио го запознава со богата, ексцентрична Американка, која подоцна ги кани на забава исполнета со многу еротика. На забавата, Лусио се запознава со поетот Рикардо де Лоуреиро. Оттогаш, тие стануваат неразделни пријатели, а Рикардо секојдневно му ја открива својата интима на Лусио. Во декември 1896 година, Рикардо ненадејно се враќа во Лисабон и тие остануваат раздвоени една година, но во декември 1997 година и Лусио се враќа во Лисабон. Таму, тој дознава дека Рикардо во меѓувреме се оженил. Лусио секојдневно го посетува домот на Рикардо при што станува опседнат од неговата сопруга, Марта, за која не знае ништо. Лусио и Марта интензивно се дружат и постепено стануваат љубовници. Меѓутоа, по одредено време, Лусио дознава дека Марта има и други љубовници меѓу пријателите на Рикардо. Бесен поради тоа, тој заминува во Париз, но по некое време се враќа во Лисабон заради прикажувањето на еден негов драмски текст. Еден ден, случајно го среќава Рикардо, кој му објаснува дека преку неверствата на Марта тој ја искажувал својата љубов кон пријателите и дека Марта е неговото второ „јас“. Потоа, Рикардо го води Лусио во својот дом и таму со револверот пука во Марта, но тогаш се случува чудо: Кога Лусио се освестува, тој го здогледува мртвото тело на Рикардо, револверот пред своите нозе, а Марта исчезнала. Набргу, полицијата го апси Лусио, обвинувајќи го за убиство на Рикардо.

Осврт кон делото

„Исповедта на Лусио“ е едно од најважните дела на Марио де Са-Карнеиро во кое тој ги обработува своите три најголеми опсесии: самоубиството, перверзната љубов и ненормалниот развој на личноста што кулминира во лудило. Напишан со колоритен и раскошен стил, романот е приказна за љубовта, прељубата, боемството, уметничката треска итн. Инаку, романот е посветен на Антонио Понсе де Леао, а, исто така, авторот ставил цитат од делото на Фернандо Песоа, „Во Шумата на Отуѓеноста“.

Изданија на македонски јазик

Во 2015 година, романот бил објавен на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 500 примероци. Преводот од португалски јазик го направил Наташа Сарџоска; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на Генералната дирекција за книги, архиви и библиотеки, во рамки на Државниот секретаријат за култура на Португалија, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 135 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-36-9.

Наводи

Tags:

Исповедта На Лусио СодржинаИсповедта На Лусио Осврт кон делотоИсповедта На Лусио Изданија на македонски јазикИсповедта На Лусио НаводиИсповедта На ЛусиоМарио де Са-КарнеироНовелаПортугалски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КичевоТеута АрифиВелигденски јајцаЗнаме на МакедонијаВласите во ГрцијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Христо УзуновПравоаголникОливер СпасовскиМавровоХрватскаВлада на Македонија од 1992Македонски парламентарни избори, 1990Избирачко местоОпштина ПласницаОпштина ЧаирЉупчо ДимовскиСојуз на комунистите на МакедонијаАвантурите на ПинокиоПрсти на рацетеЦрни и жолтиСвети Кирил и МетодијСтефан ЛазаровПроливПартија за движење на Турците во МакедонијаСипанициРесенГевгелијаГраничен преминПарите се отепувачкаСоцијализамОпштина Крива ПаланкаДраган МијалковскиУругвајМакедонски претседателски избори (2009)Словенска митологијаАнтарктикПоткастГерманијаЗијадин СелаЈордан КамчевДајреАлександар КирацовскиЧорбаџи ТеодосВтора светска војнаРадождаХипертензијаРимско ЦарствоИндијаБрадикардијаКлеопатраСвети Наум Охридски ЧудотворецХимна на ВМРОКавадарциСписок на македонски народни поговоркиДождБосна и ХерцеговинаУпад во Собранието на Македонија (2017)За наша МакедонијаНова социјалдемократска партијаМарокоМакедонија (регион)Нова либерална партијаБилјана ВанковскаСтефан БогоевЧир на желудникотМакедонски парламентарни избори, 1994Список на планини во МакедонијаСтомакТурцијаРајко ЖинзифовВоен конфликт во Македонија, 2001ФранцијаФлораРибиГајдаАвантурите на Том Соер🡆 More