Георги Атанасов

Георги Атанасов Атанасов, псевдоними Моров, Петар Вангелов, Вангел Петров, Август, Беломорски, бил бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Внатрешна македонска револуционерна организација.

Георги Атанасов
Георги Атанасов
Роден 14 јануари 1880
Велико Трново, Бугарија
Починал 12 септември 1924
Горна Џумаја, Пиринска Македонија

Животопис

Георги Атанасов 
Георги Атанасов, Александар Протоѓеров и Алеко Василев

Георги Атанасов е роден на 14 јануари 1880 година во Велико Трново. Од 1 јануари 1900 година е кадровски офицер во бугарската армија. Учествува во Балканската војна, Втората балканска војна и Првата светска војна. Во 1919 година Георги Атанасов е отпуштен од војската со чин потполковник. Тој бил четник во четата на Тодор Александров. На 6 јануари 1922 година откако е предизвикан, во софиското кафуле „Панах“, ги убива петричкиот окружниот управник Васил Славов, началникот на 6-полициска станица и еден полицаец. Извесно време се крие во Софија, по што станува четник на ВМРО во Кочанско, а подоцна бил назначен за специјален претставник на ЦК на ВМРО и за секретар на Алексо Василев - Пашата.

Георги Атанасов станува член на Тајниот воен сојуз. Заедно со Алексо Василев ја спроведуваат Неврокопска акција на ВМРО во 1922 година. Учествува и во 9-то јунскиот државен удар на Александар Цанков во 1923 година. Истата година со група четници, учествува во задушувањето на Септемвриското востание. По Септемвриското востание (1923 година), доаѓа во судир со Тодор Александров.

Атанасов бил обвинет дека е еден од главните организатори на убиството на Тодор Александров во 1924 година. Поради тоа, по наредба на бугароманот Иван Михајлов, е убиен за време на Горноџумајските случувања на 12 септември во престрелка со групата на бугароманот Кирил Дрангов во Горна Џумаја, денешен Благоевград.

Наводи

Tags:

Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Поштенски броеви во МакедонијаИсак ЊутнВасил ШишковДанскаКуниОпштини во МакедонијаСкопско (пиво)Јужна КорејаСлаткаристикаДолни ДисанВиолинаШтипБроеви во македонскиот јазикНАТОПоткастСвети Кипријан СлепченскиВиенаБилјанини ИзвориХемоглобинПраво на Европската УнијаСвети Кирил и МетодијАнгинаИсламот во МакедонијаА1-телевизијаОпштина БутелМасакр во ВаташаВооружена престрелка во Куманово (2015)Власинско езероЗаздравување на ранаОпштина Ѓорче ПетровПолжавиКети Дончевска-ИлиќЈошка МиленковскиЗаседа Лисец (2001)МачкаУрошевацСрцева слабостКајмак (филм)Википедија на македонски јазикЖолчкаНационален парк МавровоСелин ДионЛисабонски договорОпштина БрвеницаГоран СтефановскиСписок на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиМенингитисМагдоносАнксиозностДарко Панчев‘Рбетен столбМакедонциХајди (роман)Јани БојаџиВинсент ван ГогСредоземно МореШпанијаПетар ПанАнтониа ГиговскаСкратеници во македонскиот јазикНемања ГудељМечкин лукКатлановска БањаРоманијаДебарЕгипетФК Реал МадридГемиџииТурцијаЖељко СамарџиќРиби (хороскопски знак)Крим (полуостров)Чај во пустината (филм)Камен од РозетаСрцев ударМарихуанаВики Миљковиќ🡆 More