Монако

Монако (француски: Monaco, моначки: Múnegu) или официјално Кнежевство Монако (Principauté de Monaco; Principatu de Múnegu) — мала независна држава во Западна Европа.

Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија Монако е оддалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од 33.000 жители.

Кнежевство Монако
Principatu de Múnegu (моначки)
Principauté de Monaco (француски)
Монако Монако
Знаме Грб
Гесло"Deo Juvante" (латински)
"Со Божја помош"
ХимнаHymne Monégasque
Местоположбата на  Монако  (зелено) на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Монако  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Монако  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен градМонако
43°43′N 7°25′E / 43.717° СГШ; 7.417° ИГД / 43.717; 7.417
Најголем Најнаселен округ
Монте Карло
Службен јазик француски, моначки
Демоним Моначанци

(Моначанец/Моначанка)

Уредување уставна монархија
 •  Кнез Алберт II
 •  Државен министер Серж Тел
 •  Претседател на националниот совет Лорен Нувион
Независност
 •  Династија Грималди 1297 
 •  Constitution 1911 
Површина
 •  Вкупна 1,95 км2 (232-ра)
 •  Вода (%) 0,0
Население
 •  проценка за 2009 г. 32.965 (205-та)
 •  Попис 2000 32.020 
 •  Густина 16.818 жит/км2 (2nd)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $976 милиони (1st)
 •  По жител $47.440 (6-та)
БДП (номинален) проценка за 2005 г.
 •  Вкупно $4.283 милијарди 
 •  По жител $62.109 
Валута Евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .mc
Повик. бр. +377

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението. Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.

Монако е уставна монархија и кнежевство, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 и официјално независноста на Монако била призната во 1861. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.

Потекло на поимот

Името на Монако потекнува од некогашната фокејска колонија од VI век п.н.е. Старите Грци ги нарекувале Лигурците како Моноикос, што значи „едено домаќинство“ и се однесувало на фактот што населбите биле од разбиен тип (далеку од соседите) или пак дека целите населени места биле самотни, односно раштркани.

Историја

Името на денешното кнежевство Монако произлегува уште од грчкото доселување на овие простори во околу 1000 п.н.е. Во чест на Хераклес бил изграден храм кој по кој подоцна оваа област била наречена Монако. На просториите на денешен Монако живееле многу народи, земјата била на неколкупати освојувана од најразлични императори и владетели. Во 43 п.н.е. Гај Јулиј Цезар Монако го вклучил во составот на Римското Царство. Значајна улога во историјата на Монако одиграла династијата Грималди која владеела од 1295 до 1509 година, кога Монако паднал под француска власт. По падот на Француското Царство, Монако повторно бил вратен на династијата. Подоцна, по Виенскиот конгрес Монако бил под управа на Италија, а подоцна повторно вратен на Франција.

Географија и клима

Монако 
Поглед кон Монако.

Монакo е кнежевство во Југозападна Европа. Монако претставува т.н. град-држава, кој се наоѓа на Средоземно Море и граничи со Франција. Кнежевство Монако е втората најмала држава во светот по Ватикан. Монако се наоѓа на т.н. Лазурен брег на Средоземно Море, на 18 километри источно од францускиот град Ница. Највисока точка во државата е 163 метри, највисокиот врв „Ангел“ е висок 1109 метри. Монако не располага со никакви природни ресурси.

Климата во Монако е суптропска со мека и дождовна зима и топло и суво лето. средната минимална температура во јануари е 8 °C, а средната максимална температура во јули и август е 26 °C.

Политички систем

Монако 
Кнезот Алберт II

Монако е држава која била управувана од монархија уште од 1911 година, со кнезот како шеф на државата. Извршната власт е составена од државниот министер кој е шеф на владата и претседава на владиниот совет составен од пет члена. Сè до 2002 година, државниот министер бил француски државјанин поставен од кнезот според предлози од француската влада, но според уставните измени од 2002 година, државниот министер може да биде и државјанин на Монако. Сепак, кнезот повторно предложил Французин за државен министер. До 1962 година власта била поделена во рацете на кнезот и на еднодомниот Национален совет. Советот е составен од 24 пратеници избрани на парламентарни избори.

Административна поделба

Монако 
Административни единици на Монако.

Монако е втора најмала држава во светот веднаш зад Ватикан. Исто така, Монако е најмала монархија во светот. Државата се состои од само една општина, поделена на десет или единаесет четврти. Не постои географска разлика помеѓу државата и градот Монако, иако административно државните и месни надлежни органи се посебни. Најголема четврт е Монте Карло.

Монако се дели на следниве четврти. Секоја четврт има свој број

  • Ла Кол
  • Ла Кондамин
  • Ла Рус
  • Ларвото
  • Ле Портје (во изградба до 2025 г.)
  • Ле Ревоар
  • Град Монако
  • Монегети
  • Монте Карло
  • Сен Мишел
  • Фонвјеј

Демографија

Монако 
Катедралата Свети Никола.

Демографијата на Монако е една од најчудните во светот, бидејќи матичниот народ, Моначаните, се малцинство во својата сопствена држава. Најголемиот број од населението се Французите со 47% од вкупното население, потоа следуваат Моначаните со 16% и Италијанците со 16%. Остатокот од 21% се припадници на 125 националности кои го сочинуваат странското население во државата. Монако има население од околу 33.000 жители и службен јазик е францускиот јазик.

Религија

Официјална религија во Монако е католичката, но слободата на верска определба во државата е загарантирана со уставот. Во Монако има пет католички парохиски цркви и една катедрала која е седиште на надбискупот на Монако. Исто така, во Монако има припадници на Англиканската црква и Еврејската заедница.

Стопанство

Монако 
Фонтвил.

Една од главните стопански гранки за приход во државата е туризмот. Секоја година Монако привлекува голем број туристи поради казината и пријатната клима, но сепак на самите Моначани не им е дозволено да се коцкаат. Покрај туризмот, во државата во последно време се развиваат и други индустриски гранки како козметиката.

Државата има монопол на поголем број стопански сектори како што е тутунот и поштата. Порано и телефонскиот сообраќај бил во рацете на државата, но денес тој е приватизиран. Стандардот за живот на луѓето во Монако е мошне висок.

Монако не е член на ЕУ. Сепак, државата има силни врски со Франција па така официјална валута е еврото. Пред воведувањето на еврото, во државата се користел моначки франк.

Култура и транспорт

На територијата на Монако има неколку железнички линии и еден хелидром. Најблизок аеродром е во Ница, Франција.

Панорама на Ла Кондамина.

Наводи

Поврзано

  • Моначки јазик
  • Моначани
  • Град Монако

Надворешни врски

    Управа
    Општо
    Патување

Tags:

Монако Потекло на поимотМонако ИсторијаМонако Географија и климаМонако Политички системМонако Административна поделбаМонако ДемографијаМонако СтопанствоМонако Култура и транспортМонако НаводиМонако ПоврзаноМонако Надворешни врскиМонакоЗападна ЕвропаИталијаСредоземното МореФранцијаФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Системски лупус еритематозусБедија БеговскаТриаголникБосна и Херцеговина‘Рбетен столбНадреден знакДесница (политика)Македонски парламентарни избори, 2006ГлаголицаАзијаМавровоПанкреасСкитник (песна на Коле Неделковски)Македонски парламентарни избори (2011)МонакоГаличицаВатиканЈаглерод моноксидСписок на змии во МакедонијаЛазарова саботаИменкаЕфект на стаклена градинаФосилЦрвени крвни зрнцаВеројатностПоштенски броеви во МакедонијаДимитар КовачевскиИзборна единица 1Македонска револуционерна организацијаХепатитМочуриштеСпецијално јавно обвинителствоДемир ХисарАлжирПроливВелики петокОпштина ПрилепЕнциклопедијаЃорѓи ОровчанецЛазар КолишевскиЛудвиг ван БетовенМакедонциПанонски легендиСветско првенство во ракомет за мажи 2025Донтов методЈугославијаИталијаРомантизамУнгаријаСкопјеАвстријаАлијанса за АлбанцитеХороскопски знациСобрание на МакедонијаСирма ВојводаБубрегБиблијаКрвен притисокМакедонска кујнаМакедонска крвава свадбаКронова болестВласиСтара скопска чаршијаПапратДропкаДУИФК МиланКуранМакедонски претседателски избори, 2019Граѓанска опција за МакедонијаБисера Костадиновска-СтојчевскаБитолаДојранМакедонски претседателски избори (1999)Преспанско ЕзероМеѓашиКралство Југославија🡆 More