Награда Еми: телевизиска награда

Наградите „Еми“ се американски телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на Оскарите.

Награда Еми: Историја на наградите, Видови награди, Надворешни врски
Еми награда

Три поврзани, но различни организации доделуваат наградите:

  • „Академијата на телевизиски награди и науки“ ги наградува забавните програми кои одат во ударен термин со исклучок на спортот;
  • „Националната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува дневните, спортските и документарните емисии, вклучувајќи ги и информативните програми, односно вестите;
  • „Меѓународната академија на телевизиски награди и науки“ која ги наградува емисиите направени во земји надвор од Соединетите Американски Држави.

Најпознати меѓу наградите „Еми“ се За ударни термини (Primetime Emmy Awards) како и Дневни награди (Daytime Emmy Awards).

Историја на наградите

Првите манифестација по повод доделувањето на наградите „Еми“ се одржува во Hollywood Athletic Clubs на 25 јануари 1949 година. Името „Еми“ е феминизација на името „Еми“, прекарот искористен да ги опише раните телевизиски катодни цевки. Ширли Динсдејл е добитник на првата награда „Еми“ на првата церемонија. Кипот за наградата Еми изгледа како жена со крилја која држи атом, што со време се претвори во симбол на стремежот на телевизиската академија да ја воздигне уметноста и во свои рамки. Кипот е изграден од инженерот Луис Мек Манус.

Видови награди

Награди за ударни термини

Се доделуваат на американски телевизиски програми што одат во ударен термин. Церемониите во главно се одржуваат во средината на јуни и се емитуваат на каналите ABC, CBS, NBC и Fox.

Дневни награди

Претставуваат награди што се доделуваат на секојдневните американски телевизиски сапуници, ток шоуа, квизови и детски емисии. Првата Дневна награда е доделена во 1972 година.

Спортски награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на американските спортски телевизиски емисии. Церемонијата се одржува секоја пролет, најчесто последните две недели од април или првата недела од мај.

Техничко-инженерски награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на поединци, претпријатија или научни установи кои помогнале во развојот на телевизиската техника и технологија.

Регионални награди

Претставуваат локални награди кои се доделуваат на регионалните американски телевизиски простори. Овие награди се помалку гламурозни.

Меѓународни награди

Претставуваат награди кои се доделуваат на најдобрите телевизиски програми во САД. Секоја програма која е номинирана се емитира на фестивалот во Њујорк еден ден пред доделувањето на наградите.

Останати награди

  • Државни телевизиски вести и документарни емисии
  • Деловни и финансиски извештаи
  • Јавни служби
  • Хуманитарна награда „Боб Хоуп“

Надворешни врски

Tags:

Награда Еми Историја на наградитеНаграда Еми Видови наградиНаграда Еми Надворешни врскиНаграда ЕмиОскарСАДТелевизија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Министер за здравство на МакедонијаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаИзборни единици во МакедонијаВелесРодина МакедонијаЦрни и жолтиПодметПанкреасЛеукемијаКочаниБогородицаДемир ХисарМендух ТачиГоран СтефановскиМедИзборна единица 1ПретседателЗа наша МакедонијаДаниел ДефоИменки во македонскиот јазикЕфект на стаклена градинаВлада на МакедонијаМакедонски ораЦветнициПоштенски броеви во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаОслободителна војска на КосовоАдминистративна поделба на МакедонијаБедија БеговскаПартија за движење на Турците во МакедонијаСолистЗагадување на почватаПетар Поп АрсовЧир на желудникотГемиџииАна ФранкОрман (Скопско)Македонски претседателски избори, 1999ДождМакедонски претседателски избори (1994)Народна федеративна партијаМариовоОвулацијаДржавни празници во БугаријаАвионДржавни празници во МакедонијаЗНАМДемографија на МакедонијаМакедонски АлбанциИмер СелманиРимДен на сесловенските просветителиКронова болестАргентинаКрсте Петков МисирковАлтернатива (политичка партија)Доситеј ОбрадовиќПоследици од глобалното затоплувањеИсторија на Македонија (1991 - денес)Шар ПланинаИзборна единица 8Стојан АндовСистемски лупус еритематозусАлжирГлигор ПоповскиЈохан ТарчуловскиГевгелијаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаРада МанојловиќОпштина Гази БабаВодаХристијан Тодоровски-КарпошЗагадувањеРечник на стари македонски зборовиСписок на соработници со државна безбедностГлаголХерпесЕгипет🡆 More