Борис Iii: бугарски владетел

Борис III — цар на Бугарија (1918 — 1943).

Тој го наследува бугарскиот царски престол по абдикацијата на татко му цар Фердинанд.

Борис III Обединител
Цар на Бугарите
Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт
На престол3 октомври 1918 - 28 август 1943
Крунисување3 октомври 1918
ПретходникФердинанд I
НаследникСимеон ІІ
Почивалиште
ПридружникЈована Савоjска
Полно име
Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ТаткоФердинанд I
МајкаМарија Луиза

Рани години

Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Борис Трети на двегодишна возраст
Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Престолонаследникот Борис (втор од десно) и германскиот фелдмаршал фон Мекенсен во обиколка на бугарски полк за време на Првата светска војна

Роден е на 30 јануари 1894 година. Целото име му е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски. Во 1930 г. се жени за италијанската принцеза Јована Савоjска, коja што е бугарска царица под името Јоанна. Им се раѓаат две деца - кнегиња Марија-Луиза (р. 1933) и кнез Симеон (р. 1937).

Во септември 1918, Бугарија била поразена во Вардарската офанзива. Царот Фердинанд абдицирал во корист на неговиот син Борис, кој станал цар на 3 октомври 1918.

Една година по стапувањето на Борис на престолот, Александар Стамболиски од Бугарскиот земјоделски народен сојуз бил избран за премиер. Иако бил поддржуван од големата селанска класа, Стамболиски се здобил со непријателство од средната класа и војската, што довело до негово соборување со воен удар на 9 јуни 1923, и последователно негово убиство. На 14 април 1925, анархистичка група ја нападнала коњицата на цар Борис додека минувала низ преминот Арабаконак. Два дена подоцна, со бомба биле убиени 150 членови на бугарската политичка и воена елита во Софија кои присуствувале на погребот на убиен генерал во црквата „Св. Недела“.

Втора светска војна

Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Царот Борис III се поздравува со Адолф Хитлер во Берлин во 1943 година.

Како и неговиот татко, Борис III води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт. Во април 1941 година им ја отстапува бугарската територија на Германците кои преку Бугарија ќе извршат напад врз Кралството Југославија. Борис III цврсто ги застапувал бугарските Евреи за време на Холокаустот. Со негова помош и со интервенција на бугарската црква бугарските Евреи се спасени од концентрационите логори. Сепак, во концентрациониот логор во Треблинка биле испратени македонските Евреи. Со тоа преостанатите македонски евреи засолниште нашле заминувајќи во партизани. Умира неочекувано по кратко боледување на 28 август 1943 г., кратко по неговата посета на Хитлер.

Во бугарската историографија е познат како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската Бугарија на проширува во границите на Санстефанска Бугарија.

Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Царството Бугарија од 1941 до 1944 г.
Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Указ на цар Борис III за прогласување на антисемитскиот Закон за заштита на нацијата

Смрт

Кратко по враќањето во Софија од средбата со Хитлер, Борис починал од инфаркт на 28 август 1943, околу 16:22. Според дневникот на тогашниот германски аташе во Софија, полковник фон Шунебек, двајцата германски доктори кои се грижеле за кралот – Сајиц и Ханс Епингер – сметале дека тој починал од истиот отров кој Др. Епингер наводно го пронашол две години претходно во постсмртното испитување кај грчкиот премиер, Јоанис Метаксас, отров кој делувал бавно и за кој потребни биле неколку недели да предизвика смрт.Предлошка:Better source needed

Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Резба изработена од жители на с. Осој, Дебарско, и поставена лево од гробот на Цар Борис III.
Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Гробот на Цар Борис III во Рилскиот манастир.

Цар Борис III е погребан во манастирската црква на Рилскиот манастир. На левата страна од гробот се наоѓа резба изработена на 10 октомври 1943 г. од жители на село Осој, Дебарска околија, на која е напишано:

На своя Царь Освободитель Борисъ III отъ признателна Македония.

По смртта Борис III е наследен од неговиот син Цар Симеон ІІ (1943-1946).

Грбови

Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Грб на Борис како Принц на Трново (1894-1918)
Борис Iii: Рани години, Втора светска војна, Смрт 
Грб на Борис III како Суверен на Бугарија (1929-1943)

Предци

Наводи

Надворешни врски

Борис III
Династија на Сакс-Кобург и Гота
Помлада гранка на Династија Ветин
Роден(а): 30 јануари 1894 Починал(а): 28 август 1943
Владејачки титули
Претходник
Фердинанд I
Цар на Бугарија
3 октомври 1918 – 28 август 1943
Наследник
Симеон ІІ

Tags:

Борис Iii Рани годиниБорис Iii Втора светска војнаБорис Iii СмртБорис Iii ГрбовиБорис Iii ПредциБорис Iii НаводиБорис Iii Надворешни врскиБорис Iii19181943БугаријаЦарЦар Фердинанд

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дојранско ЕзероПланетите во астрологијатаКронова болестЕгипетски хиероглифиХипертироидизамРак на панкреасотОпштина БутелСписок на планини во МакедонијаСвети Кирил и МетодијФК Слога ЈугомагнатЕкосистемМоравска мисијаВикипедија на македонски јазикПревезаСолиСловачкаБроеви во македонскиот јазикОпштина ДолнениИндустријаВардарКлимаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаЗмијаДен на востанието на МакедонијаЃокица ЛукаревскиЗНАМЕвгениј ОнегинНилПроизвод (математика)Чинови на полицијата во МакедонијаТуризамВиолета ТомовскаКилаКипарРак на дојкаБалкански ПолуостровАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаОптичка мамкаМакедонски месециСписок на змии во МакедонијаКрвМустафа Кемал АтатуркСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаСтефан ДушанОпштини во МакедонијаСузан АкбелгеДропкаЈустинијан IИзбори во МакедонијаЗаушкиРамнокрак триаголникАнтибиотикАфрикаФуросемидИзборна единица 6АлжирНервен системМакедонци-муслиманиТрифун КостовскиРусијаАзијаВекторФилиз АхметРазловечко востаниеВодолија (хороскопски знак)СупстанцијаИндијаКвадарКумановоСкендербегМозокАргентинаСписок на пустини по површинаПрекршување (физика)Фудбалски куп на МакедонијаСписок на политички партии во МакедонијаВиктор Иго🡆 More