Xxxtentacion

Џасеј Двејн Рикардо Онфрој (англ.

Jahseh Dwayne Ricardo Onfroy; Плантејшон, 23 јануари 1998 — Дирфилд Бич, 18 јуни 2018), познат под уметничкото име Екс-Екс-Екс Тентасион (англ. XXXTentacion, бил американски рапер, поет и текстописец. Роден и пораснат во Плантејшон на Флорида, Онфрој поголем дел од детството го поминал во Лодерхил. Почнал да се занимава со музика после излегувањето од поправен дом, а после некое време ја објавил својата прва песна на музичката платформа SoundCloud во 2013 година.

Xxxtentacion
XXXTentacion

Онфрој го објавил својот прв албум 17 на 25 август 2017 година. Неговиот втор албум ? бил објавен 16 март 2018 година, и дебитирал на првото место на листата Билборд 200, со сингловите Sad! и Changes кои се искачиле на седмо и триесет и седмо место на листата Билборд Хот 100.

Животопис

Џасеј Двејн Рикардо Онфрој е роден 23 јануари 1998 година во Плантејшон на Флорида. Неговите родители потекнувале од Јамајка, Двејн Рикардо Онфрој и Клеопатра Фриман. Имал три браќа и сестри, а поради финансиската состојба на нивната мајка поголем дел тие живееле кај баба им. Кога Онфрој имал шест години, прободил човек со нож кој ја нападнал мајка му и не долго после тоа бил присилен да живее со баба му.

Занимањето на Онфрој за музиката почнало кога неговата тетка го убедила да се приклучи на школскиот, а подоцна и црковниот хор. Не долго после тоа бил исфрлен од школскиот хор, бидејќи нападнал друг ученик. После исфрлањето од основното училиште поради серија физички пресметки со соучениците, мајка му го пратила во верска заедница на шест месеци. За тоа време, Онфрој почнал да слуша ну метал, хард рок и рап, поради тоа пробал да научи да свири клавир и гитара. Се откажал од средното училиште после втората година, а себеси се опишувал како „несоодветен“ додека поминувал низ депресија.

Смрт

На 18 јуни 2018 година Онфрој излегол продавницата за мотори на Дирфилд Бич кога бил погоден со куршум од страна на два напаѓачи (во темни дуксерици и црвена маска на лицето на еден од напаѓачите) од камионет за време на грабежот. Пукањето се случило источно од градот Паркланд. Сведоците рекле на полицијата дека напаѓачите зеле торба од возилото на музичарот, а потоа побегнале од местото на нападот. Онфрој после пукањето во критична состојба бил однесен во болница, а подоцна била потврдена смртта на пејачот.

Наводи

Tags:

18 јуни1998201823 јануариАнглиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АутизамМакедонски народни песниВодочки манастирТашко ГеоргиевскиНаводнициАристотелОпштина Демир ХисарОхридски бисерТрескаГрупа МаестроПожарКонтинентБлизок ИстокВиолета ТомовскаНационални паркови во МакедонијаМакедонија (регион)Пресметување на датумот на ВелигденЛибанТајландЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаБорис СарафовЗвукПрост бројСписок на планини во МакедонијаКалендарКуранМитГостиварЈадранско МореКавадарциМеѓашиЛесновски манастирГоце ТодоровскиВардарДанскаНатриум хидроксидМајанска цивилизацијаМонте КарлоСветлана Ражнатовиќ-ЦецаСнежана (бајка)СахараКрал МаркоМакедонски претседателски избори (2014)Даниел ДефоКалендар на Велигденски датумиРоднински односиБојан (роман)Општина ДолнениПубертетПридавкаСумерски јазикЧорбаџи ТеодосЛеб и сол (музичка група)Саудиска АрабијаМетилпреднизолонСписок на градови во МакедонијаСунѓериАпениниЧичко ГориоЕвреиПелистерски ОчиОвулацијаСилвија СтојановскаИсус ХристосРечник на стари македонски зборови20000 милји под моретоПајак (пејач)Билјана ВанковскаТалат ЏафериДневникот на Ана ФранкИлинденско востаниеСкендербег (поема)ЧевларствоРак на панкреасотСирија🡆 More