Insee

INSEE (француски: Institut National de la Statistique et des Études Économiques = „Државен институт за статистика и економско истражување“) е државна установа во Франција задолжена за статистика и проучување на економската состојба.

Собира, анализира и објавува податоци за француската економија, општеството и организира повремени пописи. Установата е сместена во Париз и претставува француски огранок на европскиот статистички систем Eurostat. INSEE е основан во 1946 г. како наследник на Државата статистичка служба (SNS) формирана од Вишиевците за време на II светска војна.

Задачи

INSEE е задолжен за прибирање и анализа на статистички податоци во земјата. Најважни должности се:

  • Организирање и објавување на пописи
  • Подготовка на разни индекси (високопочитувани заради нивниот извонреден квалитет) како индекс на инфлација за определување на наемнините и градежните трошоци.
  • Eurostat ги користи статистиките на INSEE заедно со соние на други државни служби за составување на статистички прегледи на ЕУ во целина.

Организација

INSEE е во ресорот на Министерството за економија. Моменталниот директор е Жан-Филип Коти. Меѓутоа, Eurostat го смета INSEE за независен орган, макар што независноста не е пропишана со закон.

Образовна и истражна дејност

Истражната и образовната дејност на INSEE ја врши GENES (Groupe des Écoles Nationales d'Économie et Statistique) во која спаѓаат:

  • ENSAE (L'École nationale de la statistique et de l'administration économique) - школа за државни службеници и техничари на INSEE од областа на статистиката, економијата и финансовото работење.
  • ENSAI, (L'École nationale de la statistique et de l'analyse de l'information) - школа за техничари.

Кодови и систем

INSEE назначува бројчено индексирани кодови на разни единици, правни и физички лица во Франција:

  • INSEE-броеви (13 бројки + назнака од 2 бројки) - единствен матичен број за жителите ([физичко лице|физички лица]). Форматот е следниов: пггммлллллррр кк, where
    • п - пол: 1 = машки, 2 = женски (за постојан број) или 7 = машки, 8 = женски (за привремен број),
    • гг - последните две бројки од годината на раѓање,
    • мм месец на раѓање. Ако месецот е непознат, се доделува бројка поголема од 20,
    • ллллл - место (локација) на раѓање
    • ррр - број на редослед, за разликување на лица родени во исто место, во ист месец и година.
    • 'кк' е „контролен клуч“ - назнаката еднаква на 97 (остатокот од бројот модуло 97).
      Тука постојат исклучоци за лица во извесни ситуации.
  • SIREN се кодови за правни лица (фирми и непрофитни здруженија), а SIRET се кодови за нивните места на дејност.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Insee ЗадачиInsee ОрганизацијаInsee Кодови и системInsee ПоврзаноInsee НаводиInsee Надворешни врскиInsee1946Вишиевска ФранцијаВтора светска војнаЕвростатЕкономијаПаризПописСтатистикаФранцијаФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар МојсовМоликаЛимфомЕкосистемРада МанојловиќЕмпатијаТрговско друштвоЛевица (политичка партија)ГрцијаСветско населениеКрвна групаГлаголицаМалиот принцМакедонски претседателски избори, 2004Струјно колоДемијанУстав на МакедонијаДен на сесловенските просветителиБраќа МиладиновциТодор АлександровПирамида (геометрија)ТурцијаВасил ТупурковскиКвадарМакедонски претседателски избори, 1999ТетовоМагнетна резонанцијаБиљал КасамиНационален парк МавровоМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЈаглерод моноксидГлобално затоплувањеАтрибут во македонскиот јазикКумановоЕлектролитМакедонска граматикаОпштина СарајСрцева слабостМакедонски парламентарни избори (2024)ЕкологијаИменки во македонскиот јазикАртрозаЈужна ЕвропаДубаиМакедонски парламентарни избори (2011)Рак на грлоТешкотоСлавко ЈаневскиРамазанКрушевоАбиотички факториЗНАММарс (планета)Филип ПетровскиОпштина Ѓорче ПетровДаме ГруевСпецијално јавно обвинителствоЦветнициФК МиланОбединети нацииИнтернетИталијаБеровоАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаÈ (кирилица)Вилма ТрајковскаИсторија на Македонија (1991 - денес)Општина ДојранРомбБигорски манастирГордана Силјановска-ДавковаСтрашо ПинџурХипотироидизамЦрн дробМозочен ударХоландијаПанкреасАрхангел Михаил🡆 More