Син На Сулејман I Шехзаде Бајазит

Шехзаде Бајазит (турски: Şehzade Bayezid; роден во 1525 во Цариград – починал на 25 септември 1561 година во Казвин, Персија) — отомански принц, син на султанот Сулејман I и неговата сопруга Рокселана.

Тој е брат на отоманскиот султан Селим II.

Шехзаде Бајазит
Син На Сулејман I Шехзаде Бајазит
Отоманска минијатура која го прикажува Сулејман I со неговиот син Бајазит
Роден(а)1525
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)25 септември 1561
Казвин, Персија
Почивалиште
Турбе Мелик-и Аџем, Сивас
ДецаШехзаде Орхан
Шехзаде Осман
Шехзаде Абдула
Шехзаде Махмуд
Шехзаде Мехмед
Михрима
Хатиџе
Ајше
Ханзаде
Династијаотоманска династија
ТаткоСулејман I
МајкаРокселана
Вероисповедислам

По погубувањето на неговиот полубрат Шехзаде Мустафа (кој бил очигледен наследник на османлискиот престол) во 1553 година, Бајазит станал популарен наследник меѓу армијата. Во текот на педесеттите години, кога Сулејман веќе бил во своите 60-ти, станало очигледно долготрајното натпреварување за престолот помеѓу Бајазит и неговиот брат Селим. Бајазит паднал во немилост кај неговиот татко, кој се налутил за непослушноста на Бајазит што произлегла од овие години, наспроти Селим (кој на крајот станал султан). Откако бил поразен во битка кај Конија во 1559 година од страна на Селим и Мехмед-паша Соколовиќ (со помош на армијата на султанот), тој побегнал во соседното Сафавидско Царство, каде раскошно го примил Тахмасп I. Сепак, во 1561 година по континуираното инсистирање на султанот во текот на егзилот на неговиот син, и по неколку големи исплати, персискиот шах дозволил Бајазит да биде погубен од агентите на неговиот татко.

Позадина

Бајазит е роден во 1525 година во Цариград (Истанбул) за време на владеењето на неговиот татко Сулејман Величествениот. Неговата мајка била Хурем, ќерка на православен свештеник, која во тоа време била наложница на султанот. Во моментот на неговото раѓање, Бајазит имал тројца постари полноправни браќа, Мехмед (роден 1521), Абдула (роден 1522) и Селим (роден 1524). Имал и еден постар полубрат Мустафа (роден во 1515 година), а подоцна и еден помлад брат, Џихангир (роден 1531 година). Во 1533 или 1534 година, кршејќи ја двовековната традиција, неговиот татко ја ослободил и легално се оженил со неговата мајка.

Како судско правило, принцот бил назначен да управува со покраината за да се стекне со административно искуство. Бајазит станал гувернер на Ќутахија. Меѓутоа, за време на 12-тата кампања на неговиот татко до Нахчиван (дел од современ Азербејџан) во 1553 година, тој бил назначен да управува во Одрин (османлиската престолнина на Румелија, која ги вклучувала европските територии на Отоманското Царство) во отсуство на неговиот татко. За време на кампањата, Мустафа, најстариот син на Сулејман и наследник на престолот, бил погубен по наредба на султанот. Веста за погубувањето предизвикала немири во сите делови на царството, а самиот Мустафа бил погубен поради наводниот бунт против Сулејман по кое во Румелија започнало востание. Иако востанието било задушено од везирот, Сулејман се сомневал дека неговиот син Бајазит намерно бавно реагирал на востанието.

Конкуренција за престолот

Сулејман имал пет сина кои достигнале зрелост. Неговиот втор син, Мехмед, починал од сипаници во 1543 година. По погубувањето на Мустафа и смртта на Џихангир (најмладиот брат кој страдал од исклучително лошо здравје) во 1553 година, останале само двајца кнезови како потенцијални наследници на престолот: Бајазит и Селим. Бајазит бил гувернер на Ќутахија а Селим бил гувернер на Маниса, два града на скоро еднакво растојание од престолнината Истанбул.

Сулејман бил во 60-тите години на својот живот, а конкуренцијата меѓу двајцата браќа над престолот била очигледна. Сулејман ги терал своите синови и решил да им ги смени работните позиции. Бајазит бил назначен да владее со Амасија а Селим со Конија, и двете провинции биле подалеку од Цариград, но сепак подеднакво оддалечени. Селим бргу го послушал на својот татко и веднаш се преселил во Конија, но на разочарување на неговиот татко, Бајазит го послушал дури по многу двоумење. Лутиот Сулејман го обвинил Бајазит дека е бунтовник и го поддржувал неговиот постар син Селим против Бајазит. Селим, во соработка со Мехмед-паша (идниот голем везир) и со дополнителна помош од татковата војска, го победил својот брат во граѓанската војна во Конија во мај 1559 година.

Бегство во Персија

Бајазит се вратил во Амасија, но побегнал во избегал во Персија со своите синови и мала војска. Според новинарот и историчар, истражувач Мурат Бардакчи, Мехмед-паша испратил војска по Бајазит, која била поразена од силите на Бајазит. Во есента 1559 година, тој стигнал во градот Ереван, каде бил примен со голема почит од гувернерот на градот. Некое време подоцна, тој стигнал во Тебриз, каде што бил пречекан од шахот Тахмасп. Иако шахот првично сесрдно и раскошно го пречекал Бајазит, наредил одржување на забави во негова чест, тој подоцна го затворил на барање на султанот Сулејман. И Сулејман и Селим испратиле пратеници во Персија за да го убедат шахот да го погуби Бајазит. За наредната година и половина, амбасадите продолжиле да патуваат помеѓу Истанбул и Казвин. На 16 јули била последната посета од османлиските амбасади, чија формална задача, како и претходните обиди, била да се обидат да го вратат Бајазит во Истанбул. Како што е наведено од проф. Колин П. Мичел, во ова биле вклучени и Кусрау-паша (гувернер на Ван), Синан-паша, Али Ака Чавуш Баши и остаток од двесте службеници. Во писмото што било дадено со амбасадата, Сулејман исто така изјавил дека е подготвен да го реафирмира Договорот од Амасија (1555) и да започне нова ера на отоманско-сафавидските односи. Сулејман, преку амбасадорите, му дал и на Тахмасп бројни подароци. Тој, исто така, се согласил со барањето на Тахмасп да му плати за предавањето на Бајазит (биле дадени 400.000 златни монети). Конечно, на 25 септември 1561 година, Бајазит и неговите четворица сина биле погубени во околината на сафавидскиот главен град Казвин од страна на отоманскиот егзекутор Али Ака Чавуш Баши.

Семејство

Бајазит имал девет деца. Сите биле од различни мајки, освен Осман и Махмуд кои биле прави браќа. Орхан бил неговото најстаро дете.

    Синови

Бајазит имал пет сина:

  • Орхан, (1543, палата Ќутахија, Ќутахија - убиен на 25 септември 1561 година, Казвин, погребан во мавзолејот Мелик-и Аџем, Сивас);
  • Осман, (1545, палата Ќутахија, Ќутахија - убиен на 25 септември 1561 година, Казвин, погребан во мавзолејот Мелик-и Аџем, Сивас);
  • Абдула, (1548 г., палата Ќутахија, Ќутахија - убиен на 25 септември 1561 година, Казвин, погребан во мавзолејот Мелик-и Аџем, Сивас);
  • Махмуд, (1552, палата Ќутахија, Ќутахија - убиен на 25 септември 1561 година, Казвин, погребан во мавзолејот Мелик-и Аџем, Сивас);
  • Мехмед (1559, палата Амасија, Амасија - убиен на 3 октомври 1561 г., Бурса, погребан во мавзолејот Мелик-и Аџем, Сивас);
    Ќерки

Бајазит имал четири ќерки:

  • Михрима султан, се оженила со Дамат Мизафер-паша;
  • Хатиџе султан;
  • Ајше султан,, се оженила со Дамат Али-паша;
  • Ханзаде султан

Медија

Наводи

Извори

Tags:

Син На Сулејман I Шехзаде Бајазит ПозадинаСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит Конкуренција за престолотСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит Бегство во ПерсијаСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит СемејствоСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит МедијаСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит НаводиСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит ИзвориСин На Сулејман I Шехзаде Бајазит1525156125 септемвриПерсијаРокселанаСелим IIСулејман IТурски јазикЦариград

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Балканска приказна (ТВ-серија)ПневмонијаРак на желудникКурбан бајрамЛибанДојранБудимпештаАргентинаПоскокШестаголникДанте АлигиериАзијаКандидСрбијаШеќерна болестДемократска унија за интеграцијаИзборна единица 4Славко ЈаневскиБогородицаИндијаГликемијаНационален парк МавровоБубрежен каменСловенска митологијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЕстрогенПравоаголен триаголникГаличицаНационални паркови во МакедонијаИтар ПејоСмоковиЗалив на КоскитеБубрежна слабостОбединети Арапски ЕмиратиСрпска странка во МакедонијаИндустријаБангладешЛокални избори во Македонија (2021)Вакцина против тетанусБилирубинДарко КаевскиПравопис и правоговор на македонскиот јазикЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПелистерКумановоСписок на планини во МакедонијаДен на независноста на МакедонијаОбединети нацииСтале ПоповЈазовецРоднински односиОпштина ЧаирХомеопатијаРециклирањеАстмаКамилаСвети КирилМетодија Андонов-ЧентоЕлектричен набојДимитар АпасиевМакедонија во Втората светска војнаКрвен притисокПредмет (граматика)МеѓашиКавадарциАфионЕкстрофија на мочен меурПревезаЗаконодавна властБелото ЦиганчеВелесТаблица на изводиРајко ЖинзифовСпектрална бојаОвулацијаСузана ТурунџиеваАвтономен нервен систем🡆 More