Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен

Вознесение Христово — црква во рамки на Чебренскиот манастир.

Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен
Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен
Вознесение Христово
Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба
Координати 41°07′52.2″N 21°40′51.9″E / 41.131167° СГШ; 21.681083° ИГД / 41.131167; 21.681083
Место Чебрен
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Завршено XV/XVI век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

Црквата е сместена на возвишение над Црна Река и се наоѓа над третиот одбранбен ѕид на средновековниот град Чебрен.

Историја

Црквата е многу малку проучувана во минатото, но според фрескописот, таа потекнува од крајот на XV и првите декади на XVI век. Познато е дека црквата сериозно била оштетена во текот на Првата светска војна.

Архитектура

Градбата на црквата е мала еднокорабна со димензии од 6,30 × 4,30 м и висина од 2,80 м. Таа е изградена врз претежно карпест терен и е свртена во правец исток-запад. Влезот се наоѓа на западната страна на една скала. Отворот на влезот е покриен со мала дрвена врата. Над влезната врата има вградена полукружна ниша со остатоци од малтер којашто во минатото веројатно била живописана. На јужната страна има мал правоаголен прозорец. На источната страна се наоѓа апсидата којашто е градена врз карпа и на неа има отвор (дентикула). Северниот дел од црквата е повисок поради наклонот на теренот. Црвата е ѕидана од делкан камен и кал, а од надворешната страна со фугован варов малтер. Покриена е со кров од црвени ќерамида, но по рабовите се зачувани плочи од шкрилец над калканските ѕидови на север и југ.

Нејасно е како бил изведен првобитниот свод на црквата, односно дали бил полуобличест или бил изведен на друг начин. Наосот на црквата денес е одделен од олтарниот простор со едноставен дрвен иконостас, а по теренот не се забележливи остатоци од стариот. Во средишниот дел од источниот ѕид се неоѓа олтарниот простор со длабочина од 0,66 м, како и две плитки лачно завршени ниши на жртвеникот и ѓаконикот. Подот на црквата е од камени плочи коишто се набиени на земја.

Фрескоживопис

Црквата е живописана во внатрешноста на наосот на северниот, јужниот и западниот ѕид, како и во олтарниот простор. Вкупната површина на живописот изнесува 43 м2. Техниката на живописување веројатно е фреско. Живописувањето е извршено со светли тонови на сина, зелена и бела боја наспроти тонови на карминесто црвена, жолта, окераста и кафеава боја. Одредувањето на уметничкиот ракопис, архитектурата и живописот во црквата се во многу лоша состојба, а оштетувањата се од ризичен и критичен тип.

Во долната зона од олтарниот простор е престставена евхаристичната сцена Поклонување на жртвата — служба на светите архијереи Василиј Велики и Јован Златоуст. Потписите и текстовите се испишани на црковнословенски. Над нив, во конхата на апсидата е претстасвена Богородица Ширшаја и Исус Христос во медалјон. Во нишата од жртвеникот е прикажан првомаченикот Свети Стефан, а во нишата од ѓаконикот е насликан Свети Роман. Меѓу нив се претставени пророкот Давид и Свети Симеон Столпник. Во цоклето на источниот ѕид е насилана драпирана завеса во бела боја со црвени и окерасти линии, како и ситни цветови. На северниот ѕид од олтарниот простор е прикажана сцената Визијата на Петар Александриски на којашто малиот Христос е прикажан како стои над правоаголна масичка прекриена со чаршаф, Петар Александриски со отворен свиток и наземи еретикот Ариј. Оваа сцена започнува да се користи за украсување на храмовите уште од XII век, а кон средината на XIV век се приближила кон композицијата Служба на архијереите на жртвата Христос, што е случај во оваа црква и во охридското живописување до XIV век. Кај сцената Визијата на Петар Александриски во оваа црква е карактеристично тоа што Петар држи отворен свиток, што не е случај кај останатите претстави на оваа сцена. Понатаму, Исус Христос е претставен како лебдее над чесната трпеза опкружен со елиптична бела светлина, а Арој не е претставен со наведната глава, туку како да е сведок на визијата на Петар.

Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен 
Фреска во црквата

Во втората зона од олтарниот простор делумно е сочувана претставата на Вознесението Христово. На јужниот ѕид во олтарот во долната зона се прикажани Свети Спиридон и Свети Кирил Александриски. На јужниот ѕид во наосот кај првата зона е претставата Исус Христос цар и голем архијереј со царица Богородица Молбеница од десната и Јован Претеча од левата стана. Обајцата се прикажани како држат отворени свитоци. На западната страна од долната зона кон југозапад во цел раст е претставен Архангел Михаил. Неговата фигура е несразмерна во однос на големината на просторот. Насликан е со меч во десната и отворен свиток во левата рака со одлучен став и развиорени крилја. Живописувањето е извршено со жолт окер, кафеава, сивосина, зелена и тонирана бела боја. Наспроти него, на истиот во долната зона кон северозапад се насликани Свети Константин и Елена во цел раст со светиот крст како симбол на христијанството. Облечени се во свечени царски одежди со круни на главите. Нивните фигури се сместени во насликани лаци со тонирана бела боја во горниот дел, а основата е со пастелна сивосина боја. Долните облеки се насликани со карминесто црвена, а наметките со тонирана бела боја. Над вратата на западниот ѕид, во втората зона е насликатана претставата Успение на Богородица. Од десната страна кон Богородица се приближува група апостоли ставајќи раце на одарот, а околу одарот е опкружена и со другите присутни апостоли и архијереи.

На северниот ѕид од наосот во првата зона, почнувајќи од олтарната преграда се прикажани: Свети Кузман и Дамјан, Свети Ѓорѓи, Свети Димитриј, Свети Атанасиј и Свети Никола. Овие светци се насликани во цел раст и се облечени во свечени велмошки одежди. Во втората зона, иако делумно сочувани, се распознаваат претставите од Големите празници. Почнувајќи од олтарната преграда се насликани Цветници (Блегувањето на Исус во Ерусалим), Христовото распетие и Мироносници на Христовиот гроб. Претставата на Христовото распнување на ридот Голгота отстапува од вообичаеното претставување по тоа што дејствието се случува во поведро опкружување со урбани архитектонски елементи во заднина.

Галерија

    Надворешност и внатрешност
    Фрескоживопис

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен МестоположбаЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен ИсторијаЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен АрхитектураЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен ФрескоживописЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен ГалеријаЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен ПоврзаноЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен НаводиЦрква „Вознесение Христово“ - Чебрен Надворешни врскиЦрква „Вознесение Христово“ - ЧебренЦрква (градба)Чебренски манастир

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Области во КазахстанДржавни празници во МакедонијаБременостЈоаким КрчовскиСписок на држави и територии во ЕвропаПравоаголен триаголникКомунизамСојузни држави на САДГравШвајцаријаИнсектиАртан ГрубиДвокружен системНикола ГруевскиФК БарселонаГликемијаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаДојранЛокални избори во Македонија (2021)Прекршување (физика)СтрофаЏезМариовоЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеСвети Наум (манастир)СрбијаРомул и РемПарите се отепувачкаВештачка интелигенцијаНАТОЕгипетРак на белите дробовиАлжирКуранРамнокрак триаголникАбортусДемократска унија за интеграцијаНова социјалдемократска партијаГолосеменициСкопски аквадуктИндонезијаСирма ВојводаАфрикаЛевица (политичка партија)Трговско друштвоОпштина КичевоМакедонски народни инструментиЦистична фиброзаУстав на МакедонијаОбединето КралствоРобинзон КрусоКанадаАмерикаОВКВатиканМајка ТерезаРастенијаЗагрозен видАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаФјодор Михајлович ДостоевскиЛудвиг ван БетовенКумановоАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаПанонски легендиЦрвени крвни зрнцаОрел (род)Список на соработници со државна безбедностНеготиноЗмијаДропкаПартија за движење на Турците во МакедонијаБеровоВеројатностРак на грлоИзборна единица 3Свети Наум Охридски ЧудотворецЦрна ГораСвети Методиј🡆 More