Стрептококен Фарингитис

Стрептококен фарингитис или стрептококно воспаление на грлото е болест што ја предизвикува бактерија наречена „стрептокок од група А“.

Стрептококното воспаление се одразува на грлото и на крајниците. Крајниците се две жлезди во грлото, одзади во устата. Стрептококното воспаление на грлото може да се одрази и на гласовниот апарат (ларинкс, грклан). Чести симптоми се треска, болка во грлото (уште наречено и воспалено грло) и отечени жлезди (наречени лимфни јазли) во вратот. Стрептококното воспаление на грлото предизвикува 37% од воспаленијата на грло кај децата.

Стрептококен фарингитис
Големи крајници одзади во грлото, покриени со бел секрет.
Случај со култура позитивна за стрептококен фарингитис кај 16-годишно дете, со карактеристичен гној на крајниците.
СпецијалностОториноларингологија, заразна болест Уреди на Википодатоците

Стрептококното воспаление на грлото се пренесува преку близок контакт со болно лице. За да се утврди со сигурност дека тоа лице има стрептококно воспаление на грлото, потребно е да се испита брис од грлото, наречен стрептококна култура. Дури и без ова испитување, стрептококното воспаление на грлото може да се препознае по симптомите. Антибиотикот може да му помогне на болниот од стрептококно воспаление на грлото. Антибиотиците се лекови што ги убиваат бактериите. Се користат, главно, за да се спречи компликација како ревматска треска, како и да го скратат времетраењето на болеста.

Знаци и симптоми

Вообичаени симптоми на стрептококното воспаление на грлото се: отечено грло, температура повисока од 38 °C (100.4 °F), гној (жолта или зелена течност што содржи мртви бактерии и бели крвни зрнца) на крајниците, како и отечени лимфни јазли.

Може да има и други симптоми, како:

  • болка во главата (главоболка)
  • повраќање или нагон за повраќање (мачнина)
  • болка во стомакот
  • болка во мускулите
  • црвенило (мали црвени точки) по телото или во устата и грлото. Ова е невообичаен, но карактеристичен знак.

Лицето што има грло воспалено од стрептокок ќе покаже симптоми еден до три дена откако ќе биде во допир со заболено лице.

Причинители

Стрептококното воспаление на грлото е предизвикано од еден вид на бактерија што се нарекува бета-хемолитичен стрептокок од група А (GAS). И други бактерии или вируси може да предизвикаат отечено грло. Луѓето се заразуваат со стрептокок при директен и близок допир со заболено лице. Болеста многу полесно се шири кога луѓето се во непосредна близина еден со друг. Примери за луѓе во непосредна близина се оние во војска или во училишта. Бактеријата GAS може, со сушење, да стане прав, а потоа не може да ги заразува другите. Ако во околината се задржат влажни бактерии, тие можат да ги заразуваат луѓето до 15 дена. Влажни бактерии има на предмети како четкичка за заби. Бактериите можат да живеат и во храна, но тоа е невообичаено. Оние што ја јадат таа храна може да се разболат. Дванаесет отсто од децата без симптоми на стрептококно воспаление, обично ја имаат бактеријата GAS во грлото.

Дијагноза

Изменета „сентор“ пресметка
Бодови Веројатност за стрептококно воспаление Лекување
1 или помалку <10% Нема потреба од антибиотик или правење култура
2 11–17% Антибиотик според направената култура или RADT
3 28–35%
4 или 5 52% Антибиотици без да се прави култура

Со список наречен изменета пресметка „сентор“ (Centor), лекарите одлучуваат како да ги лекуваат заболените со отечено грло. Пресметката „сентор“ има пет клинички мерења или посматрања. Ја покажува веројатноста поединецот да има стрептококно воспаление на грлото.

По еден бод се дава за секој од овие критериуми:

  • изоставена кашлица;
  • отечени лимфни јазли или лимфни јазли што болат на допир;
  • температура повисока од 38 °C;
  • гној или оток на крајниците;
  • возраст под 15 години (се одзема бод доколку лицето е постаро од 44 години).

Лабораториски испитувања

Тестот наречен стрептококна култура од грло е главниокт начин да се дознае дали лицето има стрептококно воспаление на грлото. Тестот е точен во 90 до 95 проценти од случаите. Има уште еден тест, брз тест за стрептокок или RADT. Брзиот тест за стрептокок е побрз од правењето стрептококна култура од грлото, но болеста ја наоѓа прецизно во 70 отсто од случаите. И двата теста покажуваат кога лицето нема стрептококно воспаление на грлото. Тоа го покажуваат прецизно во 98 отсто од случаите.

Правењето стрептококна култура или брз тест за стрептокока покажува дали кај болниот има стрептококно воспаление на грлото. Кај оние што немаат симптоми, не треба да се прават испитувања со стрептококна култура или брз тест за стрептокока, бидејќи одредени поединци обично ја имаат бактеријата стрептокока во грлото, но без лоши резултати. Ним не им е потребно лекување.

Диференцијална дијагноза

Стрептококното воспаление на грлото ги има истите симптоми како и други болести. Поради тоа, тешко е без направена стрептококна култура или брз тест за стрептокок да се одреди дали поединецот има стрептококно воспаление на грлото. Доколку има треска и отечено грло, проследено со кашлица, растечен нос, пролив и појава на црвени очи што чешаат, најверојатно се работи за отечено грло предизвикано од вирус. Заразната мононуклеоза може да предизвика отекување на лимфните јазли во вратот и отечено грло и треска, а може да ги зголеми и крајниците. Оваа дијагноза може да се определи преку испитување на крвта. Меѓутоа, нема одредено лекување за заразната мононуклеоза.

Спречување

Некои поединци почесто имаат стрептококно воспаление на грлото. Воспалението кај нив може да се спречи со отстранување на крајниците. Ако поединецот има три или повеќепати во годината стрептококно воспаление на грлото, постои добра причина да се отстранат крајниците. Погодно е и да се чека.

Лекување

Стрептококното воспаление на грлото обично трае неколку дена без лекување. Обично, со лекување со антибиотици, симптомите ќе исчезнат 16 часа побрзо. Главна причина за лекување со антибиотици е да се намали ризикот од посериозно заболување, како, на пример, срцево заболување познато како ревматска треска или насобирање на гној во грлото познато како ретрофарингијално загнојување. Антибиотиците добро делуваат ако се дадат во рок од 9 дена откако почнале симптомите.

Лекови за болка

Болката што ја предизвикува стрептококното воспаление на грлото може да се намали и со лекови за олеснување на болка. Такви лекови обично се NSAID или парацетамол што е познат и како ацетаминофен. Корисни се и стреоиди, како и вискозен лидокаин. Кај возрасни може да се користи и аспирин. Кај деца не е добро да се дава аспирин, бидејќи ја зголемува веројатноста кај нив да се развие Рејов синдром.

Антибиотски лекови

Пеницилин V е најчестиот антибиотик што се користи во Соединетите Американски Држави за стрептококно воспаление на грлото. Лекот е популарен затоа што е безбеден, добро делува и не чини многу пари. Во Европа обично се користи амоксицилин. Во Индија е поверојатнно болните да добијат и ревматска треска. Поради тоа, вообичаено се лекува со инјектиран лек познат како бензатин пеницилин G. Антибиотиците го скратуваат просечното времетраење на симптомите. Просечното времетраење е од три до пет дена. Антибиотиците го намалуваат за еден ден. Овие лекови го намалуваат и ширењето на болеста. Лековите, главно, се користат за да се избегнат ретки компликации. Такви се ревматска треска, осипи илиинфекции. Добрите ефекти на антибиотиците треба да се урамнотежени со можните несакани ефекти. Можно е антибиотската терапија да нема потреба да им се дава на здрави возрасни лица што имаат лоша реакција на лекот. Антибиотиците се користат за стрептококно воспаление на грлото многу почесто отколку што се очекува поради тоа колку тоа е сериозно и брзината со која се шири. Лекот еритромицин (и други лекови, наречени макролиди) треба да се користат кај оние што имаат лоши алергии на пеницилин. Цефалоспорините може да се користат кај оние со поблаги алергии. Стрептококните инфекции можат да доведат до отекување на бубрезите (акутен гломерулонефритис). Антибиотиците не ги смалуваат шансите за појава на оваа состојба.

Прогноза

Симптомите на стрептококното воспаление на грлото обично се подобруваат, со или без лекување, за околу три до пет дена. Лекувањето со антибиотици го смалува ризикот од потешки болести. Тие го отежнуваат и ширењето на болеста. Децата може да се вратат на училиште 24 часа по примање на првата доза од антибиотиците.

Од стрептококното воспаление на грлото може да се предизвикаат следните сериозни проблеми:

  • ревматска треска или шарлах
  • смртоносна болест наречена синдром на токсичен шок
  • гломерулонефритис
  • болест наречена синдром ПАНДАС . Овој проблем е имунолошки и предизвикува ненадејни, понекогаш и сериозни бихејвиорални проблеми.

Епидемиологија

Стрептококното воспаление на грлото е вклучено во поопштата категорија на отечено грло или фарингитис. Околу 11 милиони луѓе годишно се болни од отечено грло во САД. Повеќето случаи на стрептококно воспаление на грлото се предизвикани од вируси. Бета-хемолитичкиот стрептокок од бактериската група А предизвикува од 15 до 30 проценти од случаите на отечено грло кај децата. Кај возрасните, пак, предизвикува воспалено грло кај 5 до 20 проценти од случаите. Случаите обично ги има во доцна зима или рана пролет.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Стрептококен Фарингитис  Статијата Стрептококен фарингитис е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.

Tags:

Стрептококен Фарингитис Знаци и симптомиСтрептококен Фарингитис ПричинителиСтрептококен Фарингитис ДијагнозаСтрептококен Фарингитис СпречувањеСтрептококен Фарингитис ЛекувањеСтрептококен Фарингитис ПрогнозаСтрептококен Фарингитис ЕпидемиологијаСтрептококен Фарингитис НаводиСтрептококен Фарингитис Надворешни врскиСтрептококен Фарингитисwikt:отокБактеријаБолестЖлездиСимптомиТрескаУстата

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИнтеграЗемји членки на Европската УнијаЕкологијаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Загадување на воздухотГолеми и мали (роман)ТинитусХајди (роман)Список на религииЕвропаТетовоРак на белите дробовиСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаТахикардијаКонтинентСписок на птици во МакедонијаВера ЈоциќЛука МодриќОпштина ОхридКубен метарДеменцијаМагнетно полеАрхимедПретседател на МакедонијаЈужна АмерикаАреаСДСМЉубовМоликаСписок на македонски народни поговоркиМарокоРеченицаКирилицаКрвна групаКоле НеделковскиЧичко ГориоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикГемиџииЈоаким КрчовскиПревезаТрето полувреме (филм)Три сестриЦрн ДримДаме ГруевМечкаОвулацијаМакедонски парламентарни избори (2008)АнгинаГолем ГрадЕрменијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЈане СанданскиДимче МешковскиПере ТошевЧешкаДимитар АпасиевЧорбаџи ТеодосКарлес ПуџдемонБразилСунѓериМонакоКрушевска РепубликаМарија АнтоанетаНационален парк ГаличицаСеверна АмерикаМитологијаЌемане (македонско)Офицерски дом (Скопје)Тамбура (македонска)Граѓанска опција за МакедонијаАлберт АјнштајнРамнокрак триаголникКрстоносни војниЕвгениј ОнегинРимска култураКортизолКозјак (езеро)Никола Тесла🡆 More