Список На Македонски Народни Поговорки

Ова е список на македонски народни поговорки.

Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

Поговорки

  • Брза кучка, слепи кучиња раѓа.
  • Ако баба лажи, трап не лажи.
  • Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.
  • Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.
  • Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
  • Ако не врни, барем ќе капни.
  • Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.
  • Ако си мома, седи си дома.
  • Ако те удри со камен, ти удри го со леб.
  • Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.
  • Ама што дрвена глава имал.
  • Арен збор царски врати отвора.
  • Арниот јунак дома не умира.
  • Арно јади, ама и арно работи.
  • Без бога нема добрина.
  • Без труд не се ора со плуг.
  • Бели пари за црни дни.
  • Бело му е лицето, а црно му е срцено на нажален човек.
  • Бог да го прости, си почина.
  • Бог да не чува од неразбрани.
  • Бог да те чува од домашен арамија.
  • Брат брата не рани, тешко кој го нема.
  • Брат за брата, сирење за пари.
  • Брза како некоја стрела.
  • Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
  • Работата да се плаши од тебе, а не ти од неа
  • Верата Христова го омекнува човека.
  • Видела камилата уши побарала и рогови
  • Викај по волкот, додека не влегол во булукот.
  • Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.
  • Во волов рог да се скриеш, смртта пак ќе те најде.
  • Во вреќа скината што да ставиш, сè ќе истечи.
  • Во едното уше му влезе, во другото му излезе.
  • Во Прилеп мајмун не игра. Прилепчани се сметаат за поитри
  • Во сон се родив, со сон живеам, во сон ќе умрам.
  • Времето си врви, нам ни се куси.
  • Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.
  • Ѓаволот ни копа ни ора, само ги учи луѓето да се караат.
  • Газ и нос не знаат за чест.
  • Гајрет на болниот, додека не му излези душата.
  • Галена кокошка просо сонува.
  • Галена мачка оро не игра.
  • Галена невеста не ја сака свекрвата.
  • Галени деца и на трпеза се качуваат.
  • Го надул носот како мисир (налутен човек).
  • Го стемнило и не го осамнало (кога некој ненадејно ќе умре).
  • Голем залак голтни и голем збор кажи.
  • Голи сме се родиле, голи в земја ќе влеземе.
  • Голо здравје, готова болка.
  • Господ вели: помогни си сам, та и јас да ти помогнам.
  • Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.
  • Господ дал, господ зел.
  • Господ на може на секого да му угоди.
  • Грешен човек, жив во гробот е закопан. Грми, врни, патот врви.
  • Дај милостина, за гревовите да ти се простат.
  • Дал ти господ добро (кога некој ќе рече: „Добро утро“).
  • Два лути камења не мелат брашно.
  • Две раце за една глава.
  • Добра работа човек го збогатува.
  • Добрината со добрина се плаќа (враќа).
  • Добриот владика и на сиромаси помага.
  • Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
  • Добрите пријатели и од браќата се помили.
  • Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
  • Дури не посеиш, нема што да жнииш.
  • Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
  • Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
  • Дури човек е жив, се е пари.
  • Душата ми дошла во забите.
  • Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.
  • Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.
  • Железото дури е жешко се чука.
  • Жена лоша вечна мака.
  • Жена прокопсана - куќа отвора.
  • Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
  • Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
  • За светот кој плачи, без очи ќе остани.
  • Заврна снег, се покрија трагите.
  • Залудно работи, залудно не седи.
  • Збирај на младост, да имаш на старост.
  • Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
  • Здравиот човек има многу желби, а болниот само една а тоа да оздрави.
  • Здравјето за човекот е најголемото богатство.
  • Јазикот е поостар и од сабјата.
  • Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
  • Каков што е таткото, таков е и синот.
  • Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
  • Крушата под круша паѓа.
  • Лозје не бара молитва, туку мотика.
  • Без мака нема наука.
  • Вистинското пријателство е најретката птица на земјата
  • Кога дваица се караат третиот користи
  • Кој ги памети зборовите станува паметен, а кој ги памети бајките станува мудар
  • Кој летоска седи во лад зимуске го чека глад
  • Птиците се познаваат по пеењето а луѓето по зборувањето.....
  • Страв, лозје чува.
  • Трипати мери еднаш крој
  • Убавиот збор и железни порти отвора.
  • Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш.
  • Денешната работа за утре не ја оставај.
  • Долга коса краток ум.
  • Сит на гладен не верува.

Поврзано

Tags:

Македонци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар КолишевскиОпштина СарајЛарингитисСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001КнигаМакедонски парламентарни избори, 2006Лимфен јазолПовикувачки броеви во МакедонијаКичевоУстав на МакедонијаНедостиг на вода во ИранРак (болест)ЕпилепсијаВтора влада на Зоран ЗаевГостиварМакедонско востаниеДоктор ОфболиВикипедијаКафеава мечкаОвчи сипанициЕјакулацијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаФилиз АхметСојуз на комунистите на МакедонијаПолип на маткатаЕлектролитИталијаАлесандро Дел ПјероКипарДанте АлигиериКлеопатраБели мугриШугаХристијанствоИзборна единица 3МеѓашиТоше ПроескиИзраелДијабетична кетоацидозаНационален парк ПелистерХоландијаПравоаголникГ’зим ОстрениДимитар АпасиевНационален парк МавровоЈордан КамчевФотосинтезаВелесСтрофаРамазанБаба ВанѓаЛимфомПравоаголен триаголникПенис (човек)ФудбалГордана ДувњакЛиберално-демократска партијаПирамида (геометрија)Крвна групаЦрвени крвни зрнцаДоксициклинЖолчкаРак на грло на маткаСардинијаМачкаДропкаОливер СпасовскиДишен системМакедонски претседателски избори (1999)Сојузни држави на САДБегалкаДемир ХисарРимПроливМакедонски парламентарни избори (2020)РибиХамлетКрушево🡆 More