Черепни

Черепните (науч.

Черепни

Како што вели името, черепните се животни со череп, кој може да биде тврдокоскен или ‘рскавичен.

Черепни
Период: ран камбриум - денес
Черепни
Тихоокеанска лигава јагула
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
(нерангирано): Черепни
Linnaeus 1758:240
Потколена

змиулковидни (Petromyzontida) (спорно)
лигави јагули (Myxini)
’рбетници (Vertebrata)

Особености

Во наједноставна смисла, черепните се хордови животни со глави, па затоа ова ги исклучува животните од хордовите потколена плаштари и бесчерепни, но ги опфаќа лигавите јагули, кои имаат ‘рскавични черепи и забести образби составени од кератин. Во черепните спаѓаат и сите змиулки и оклопни безвилични риби, оклопни риби, бодликави ајкули, ајкули, раи и лизгачи, коскени риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Главата на черепните се состои од мозок, сетилни органи (вклуч. очи) и череп.

Покрај својствените черепи, черепните имаат и многу други изведени особености кои го имаат овозможено развојот на други сположени елементи. Молекуларно-генетската анализа покажува дека, во споредба со попростите животни, черепните имаат развиено дуплирани комплети од голем број на семејства на гени што се занимаваат со клеточна сигнализација, транскрипција и морфогенеза.

Черепните животни се многу поактивни од плаштарите и бесчерепните и поради тоа имаат поголеми метаболични потреби, како и неколку анатомски приспособувања. Водните черепни животни имаат жабрени засеци кои се поврзани со мускулите и нервите што испумпуваат вода низ засеците (наспроти бесчерепните, чии грлени засеци се користат само за процедување) и со тоа служат како за прехрана, така и за размена на гасови. Хранопроводот е обложен со мускули, туркајќи ја храната до стомакот. Тоа им има овозможено на вишите черепни како цицачите да развијат посложени системи за варење и со тоа да ја усовршат ефикасноста. Черепните имаат крвоточен систем со срце со две или повеќе комори, црвени крвни зрнца и хемоглобин за пренос на кислород, како и бубрези.

Поврзано

Наводи

Tags:

Вилични ‘рбетнициЖивотниЗмиулкаКладКоскаНауч.ПотколеноХордатиЧереп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2006Хари КостовМакедонска граматикаЈоаким КрчовскиОпштина КрушевоМенструален циклусВладо МисајловскиБитолаОче нашЈордан Поп Јорданов - ОрцетоБегалкаДимитар АпасиевМарс (планета)Фросина РеменскиПолжавиШизофренијаАнтибиотикСкопски аквадуктБугарски возОпштина БрвеницаШпанијаСонцеБитка на НожотБрадикардијаЗаменки во македонскиот јазикЛиберално-демократска партијаИлија ФилипчеМонакоФранцијаШугаСписок на најдолги рекиПопис на населението во Македонија (2021)Божествена комедијаВилијам ШекспирМалиот принцХемоглобинЛокални избори во Македонија (2017)РисТетовоСиндром на стекнат имунолошки дефицитКорозија24 априлРизница (Викимедија)Пајак (пејач)Ана ФранкОдбојкаГоце ДелчевДенес над МакедонијаЈане СанданскиА1-телевизијаБубрежен каменГастритисЧир на желудникотРистиќева палатаЛокални избори во Македонија (2009)Лефтер КоџајЦар СамоилКонстантин МиладиновАлександар III МакедонскиЛудвиг ван БетовенПаркинсонова болестИзет МеџитиЉупчо ГеоргиевскиЖолчкаРак на желудникМарокоБугаријаВикипедија на македонски јазикТемјанГрад СкопјеЛеукемијаОрман (Скопско)Радмила ШекеринскаТајландСпецијално јавно обвинителствоДвижење БесаНАТО🡆 More