Секунда (латински: secunda: друга; симбол s, с) — единица за време и една од седумте основни единици во SI.
Се дефинира како траење од 9.192.631.770 периоди на зрачење што одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133 на нула Келвинови степени. Дефиницијата е усвоена на „13. Општа конференција за мерки и тегови“ во 1967 година. Називот потекнува од поделбата на саатот и степените на помали делови (лат. pars minuta secunda: втор помал дел).
секунда | |
---|---|
Саат со клатно (механички саат) кој се занишува на една секунда | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | Основни SI-единици |
Единица за | време |
Ознака | s |
Во споредба со поголемите мерни единици за мерење на времето:
За мерење на временски интервали пократки од секунда се користат помали мерни единици: милисекунда (ms), микросекунда (μs), наносекунда (ns) итн. чиј износ је одреден со претставка пред основната единица секунда.
Своевремено секундата била дефинирана како 86 400-ти дел од средниот Сончев ден, а потоа како одреден дел од тропска година.
Историски, секундата е дефинирана во врска со ротацијата на Земјата како 1/86.400 од просечен сончев ден. Во 1956 година Меѓународниот комитет за тегови и мери, со дозвола која ја добил од десеттата Генералната конференција за тегови и мери во 1954 година, ја дефинирал секундата во однос на периодата на револуција на Земјата околу Сонцето за одредена епоха, затоа што станало препознатливо дека Земјината ротација околу својата оска не е доволно зачестена како стандард за време. Земјиното движење било опишано во Њукомови табели на Сонцето, што дава формула за движењето на Сонцето во епохата 1900 заснована на астрономските посматрања извршени во текот на осумнаесеттиот и XIX век. Заради тоа секундата е дефинирана како
Оваа дефиниција била ратификувана на единаесеттата Генерална конференција за тегови и мери во 1960 година. Користењето на 1900 година не значи дека ова е епохата каде просечниот сончев ден трае 86.400 секунди. Тоа е повеќе, епоха каде тропската епоха трае 31.556.925,9747 секунди ефемерно време. Ефемерното време е дефинирано како мера на времето кое ги доведува посматраните позиции на небесните тела во склад со Њутновата динамична теорија на движењето.
Со развојот на атомскиот часовник, одлучено е тој да се користи како основа за дефиниција на секундата, а не ротацијата на Земјата.
После неколку години работа, двајца астрономи од Американската морнаричка опсерваторија (USNO) и двајца астрономи од Националната физичка лабораторија (Тедингтон, Англија) утврдиле врска меѓу честотата на хиперфин премин на цезиумов атом и ефемерна секунда. Користејќи обични методи на мерење засновани на примените сигнали од радиостаница, то утврдиле орбиталното движење на Месечината околу Земјата, од што можело да се заклучи очигледното движење на Сонцето во врска со врмето како што мери атомскиот часовник. Како последица, во 1967 година, Генералната конференција за тегови и мери ја дефинирала секундата на атомско време во Меѓународниот систем на мерни единици како
Основната состојба се дефинира на нула магнетно поле. Така дефинираната секунда е еквивалентна на ефемерната секунда.
Дефиницијата на секундата е подобрена на состанокот на Меѓународниот комитет за тегови и мери во 1997 година, со вклучување на:
Во пракса тоа значи дека многу прецизна реализација на секунда треба да ги компензира ефектите од амбиенталното зрачење со цел да се екстраполира вредноста на секундата како што е дефинирано погоре.
„Секунда“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Секунда, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.