Сврзник

Сврзници — неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.

На пр.: Јас и ти ќе одиме кај него. (зборови) Тие отидоа и по пет минути се вратија. (реченици)

1. Сврзниците според составот се делат на:

а) прости - составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн. б) сложени - составени од два или повеќе збора : за да, макар што, поради тоа што итн.

2. Според тоа какви реченици поврзуваат се делат на:

А. Приредени (во независносложените реченици)

а) Составни: и, ни, ниту, па, та, не само што, туку и;

б) Спротивни: а, но, ама, туку, ами, меѓутоа;

в) Разделни: или, или-или, било-било, де-де, и-и, ем-ем, час-час, ни-ни;

г) Исклучни: само, само што, освен што, единствено;

Б. Подредени (во зависносложените реченици)

а) Временски: кога, штом, штотуку, тукушшто, откако, откога, пред да, дури, додека;

б) Причински: затоа што, зашто, бидејќи, поради тоа што, дека, оти;

в) Последични: така што, толку...што, такви...што, така...што;

г) Целни: да, за да;

д) Условни: ако, да, без да, ли;

ѓ) Допусни: иако, макар што, и покрај тоа што, и да;

е) Начински: така како што, како да, како божем;

ж)Односни: што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав што;

з) Исказни: дека, оти, како, што, да, дали, кој, чиј, кога.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Големата вода (роман)Вевчански карневалВоен конфликт во Македонија (2001)Свети Наум Охридски ЧудотворецДемократска партија на Турците на МакедонијаСреден векЗатемнување на СонцетоЛиберална партија (Македонија)Загадување на воздухотИшијасИзвори на енергијаОче нашПресметување на датумот на ВелигденСистем за варењеГаличка свадбаЖивотна срединаПетре М. АндреевскиАвантурите на Том СоерИзборна единица 7Мис Елен СтонСлуз-цедење во грлотоКиселинаОвулацијаТрета македонска фудбалска лигаРаички манастирОпераПрилепско КралствоБалкански рисПроста реченицаИндијаДијалекти на македонскиот јазикПаралелограмМакедонски хумористични народни приказни (книга)МонакоЕп за ГилгамешСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСојуз на комунистите на МакедонијаНепалСписок на македонски народни поговоркиПМГ колективДемократијаПиштолРимска кујнаФолклорБаба (планина)Менструален циклусОтсечкаБедија БеговскаВештачка интелигенцијаДен на независноста на МакедонијаБраќа МиладиновциЗатемнување на МесечинатаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотСемејствоСписок на планини во МакедонијаВатиканДијана (принцеза од Велс)Панде ПетровскиМултипла склерозаКонстантин МиладиновЖичени инструментиСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровПанкреасМакедонски парламентарни избори (2016)МетафораСтар векСкробМарихуанаСостојба на материјатаОдземањеИзборна единица 4Антониа ГиговскаМинистерство за животна средина и просторно планирањеМеталургијаМатка (кањон)Црни и жолти🡆 More