Саун Пауло (португалски: São Paulo ⓘ) — најголем град во Бразил, заедно со Токио, Сеул, Мексико и Њујорк е меѓу петте најголеми метрорегиони во светот.
Градот е престолнина на државата Саун Пауло, најнаселената бразилска држава. Исто така е и најбогатиот град во Бразил. Името на португалски значи Св. Павле.
Саун Пауло | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Општина Саун Пауло | |||
Слики, Од горе-лево кон десно: Октавио фријас де Оливеира (мост), Панорама на Саун Пауло, Парк Ибирапуера, Музеј на уметноста; Катедрала Саун Пауло; Октавио фријас де Оливеира (мост); и деловни згради покрај реката Пињеирос. | |||
| |||
Прекар(и): Terra da Garoa | |||
Гесло: "Non ducor, duco" (Латински) "Не сум воден, водам" | |||
локација во државата Саун Пауло | |||
Координати: 23°33′01″S 46°38′02″W / 23.55028° ЈГШ; 46.63389° ЗГД | |||
Држава | Бразил | ||
Регион | Југоисточен | ||
Држава | државата Саун Пауло | ||
Основан | 25 јануари, 1554-та | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Џилберто Касаб (Демократи) | ||
Површина | |||
• Општина | 1 E+9_m² | ||
• Метро | 7.943,818 км2 (3,067,125 ми2) | ||
Надм. вис. | 760 м | ||
Население (2008) | |||
• Општина | 11,150,249 | ||
• Густина | 7.216/км2 (18,690/ми2) | ||
• Метро | 22,105,060 | ||
• Метро | 2.469/км2 (6,390/ми2) | ||
(1st) | |||
Часовен појас | UTC-3 (UTC-3) | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC-2 (UTC-2) | ||
ИЧР (2000) | 0.841 –high | ||
Мреж. место | Град Саун Пауло |
Градот има доста обележја. Имигрантскиот дом има пречекано милиони имигранти кои дошле во Бразил кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Авенија Паулиста, во бизнис дистриктот на градот, е најважен финансиски центар на земјата и јужна Америка. Во градот се наоѓа São Paulo Stock Exchange (BOVESPA). Во градот не наоѓаат некои од највисоките згради во Бразил, вклучувајќи и Миранти од Вали.
Со проценето население од 11,105,249 на површина од 1523 км2, Саун Пауло е најнаселен град на јужната полутопка.
Градот исто така лежи во центарот на тешко урбанизираната Саун Пауло метро област, која, е со проценета населеност од 21,616,060 жители во 2008 на 7944 км2, е најголема метро област во Бразил.
Луѓето од Саун Пауло се нарекувани паулистанци.
Језуитските мисионери Мануел де Нобрега и Хосе де Анкиета го основале селото Саун Пауло дос Кампос де Пиратининга на 25 Јануари, 1554 г. Новата населба станала природен влез од југоисточниот брег кон широките и плодни земји на запад коишто денес се дел од државата Саун Пауло. Саун Пауло официјално станал град во 1711. Во 19 век уживал брз економски развој на основа на извоз на кафе. По аболирањето на ропството во 1888 многу имигранти од Италија, Португалија, Шпанија, Германија и други европски земји имигрирале во Саун Пауло со цел да рапотат на полињата со кафе, но подоцна и привлечени од индустрискиот развој. Но поради конкуренцијата со другите бразилски градови, развојот понекогаш опаѓал. Во градот има доста меѓународни Банки, Мултинационални компании.
Саун Пауло има најголем етнички диверзитет во Бразил. Како и во целата земја и луѓето во Саун Пауло се измешани, Луѓе од над 100 етникуми живета во градот. Поголеми комуни бројат:
Етничка структура:
Етнички групи | Припадници |
---|---|
Бели | 7,000,000 |
Пардо | 2,600,000 |
Црнци | 527,000 |
Азијати | 456,000 |
Домородци | 18,000 |
Религија | Проценти | Следбеници |
---|---|---|
Католицизам | 68.11% | 7,107,261 |
Протестанти | 15.94% | 1,663,131 |
Атеизам | 8.97% | 936,474 |
Кардецизам | 2.75% | 286,600 |
Будизам | 0.65% | 67,591 |
Јудаизам | 0.36% | 37,500 |
Извор: БИГС 2000.
Извор: Планет Барса Ltda.
Како што е општо познато во цел Бразил се зборува португалски, но поради големиот број емиранти од апенинскиот полуостров, португалскиот на Саун Пауло има доста италијански зборови.
Италијанските дијалекти се имаат измешано со локалниот акцент на Саун Пауло; некои јазичари тврдат дека дијалектот на Саун Пауло се има родено во Мока, предградио основано во 20 век од луѓе претежно од Неапол, Јужнна Италија.
Други јазици зборувани во градот се меѓу Азијските заедници: Во предградието Либерџаџе живее наголемата Јапонска заедница надвор од Јапонија. Лиѓе со кинеско и корејско потекло сè уште го зборуваат јазикот на своите предци. Сепак поголемиот број од родените во Бразил генерации зборуваат само португалски.
Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Во 2007-ма во градот била спроведена анкета од страна на владата за социјалната политика на градот. Индикаторот бил ИЧР - истиот користен од страна на ООН за определување на степенот на развојот во земјите од светот. Анкетата покажала дека централните окрузи се најразвиени, на ниво со скандинавските земји. Повеќето окрузи имаат индекс повисок од 0.800 и ниеден округ не паѓа подолу од 0.500.
Топ 5 окрузи
Последни 5 окрузи:
Ова се збратимените градови на градот Саун Пауло:
|
|
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Саун Пауло, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.