Рупишта: град во Костурско, Егејска Македонија

Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча; грчки: Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико, до 1926 г.

Χρούπιστα, Хруписта) — град во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта (Орестида) во Костурскиот округ, Грција.

Рупишта
Άργος Ορεστικό
Центарот на Рупишта
Центарот на Рупишта
Рупишта is located in Грција
Рупишта
Рупишта
Местоположба во областа
Рупишта во рамките на Рупишта (општина)
Рупишта: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Рупишта
Местоположба на Рупишта во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.9′N 21°15.29′E / 40.4650° СГШ; 21.25483° ИГД / 40.4650; 21.25483
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Заедница
 • Население7.473
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.522 00
Повик. бр.24670
Рупишта: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Црквата „Св. Нектариј“ во Рупишта.

Географија и местоположба

Гратчето Рупишта е оддалечено 9 км од градот Костур, на северозападната страна на реката Бистрица на надморска височина од 650 метри.

Историја

Рупишта е стара македонска населба во која поради економскиот просперитет и сообраќајните врски почнале постепено да се населуваат турски, влашки и погрчени македонски семејства, така што тоа станало мешана населба со четири народносни групи. Етнографски, гратчето Рупишта е мешано македонско-влашко-„грчко“ населено место на самата линија на разграничување на македонскиот и грчкиот јазик и етнос. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства со вкупно 863 лица. За време на Граѓанската војна во Рупишта имало голема концентрација на жители од околните села, а по нормализирањето на состојбата во непосредна близина на гратчето биле изградени две нови населби - Каслас преименувана во Стадион во 1962 година и Аеродром (Аеродромион), кои по пописот од 1971 со наредба се споени со Рупишта и со тоа избришани и престанале да се водат како посебни населби во евиденцијата.

Стопанство

Освен со трговија, жителите на Рупишта се занимаваат главно со земјоделство и овоштарство, како исо изработка на ракотворби од кои прочуени се влашките јамболии. Рупишта има доста големо стопанско и управно значење за поголемиот дел од јужниот крај на костурското подрачје. Рупишта е главниот центар на крзнарско-кожарската индустрија која што е застапена во поширокиот регион на западниот дел на Егејска Македонија и Костурско во областа на планините Вич, Грамошта и Пинд.

Население

Според бројот на жителите Рупишта, го зазема второто место во Костурскиот округ. Според статистиката на К’нчов во Рупишта живееле 1.100 Македонци, 700 Турци, 720 Власи и 170 Роми, додека Бранков е пообјективен кога споменува дека тука живееле и 100 Грци. Милоевиќ, пак споменува дека Рупишта се состои од 270 македонски, 180 влашки, 50 грчки или погрчени и 250 турски куќи, односно вкупно 750 куќи. Според пописите во XXI век, во 2001 година Рупишта броела 7838 жители, а во 2011 имала 7473 жители.

Година Население
1928 3605
1940 4215
1951 4196
1961 3978 (5104)
1971 5147
1981 5979
1991 6653
2001 7838
2011 7473

Општествени установи

Гратчето е седиште на поголем дел од костурското подрачје на југ од Рупишта и во него се концентрирани повеќе административни и други служби. Поради големината и стопанското значење Рупишта е прогласено за градска општина и има статус на град.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Надворешни врски

Tags:

Рупишта Географија и местоположбаРупишта ИсторијаРупишта СтопанствоРупишта НаселениеРупишта Општествени установиРупишта Културни и природни знаменитостиРупишта Редовни настаниРупишта ЛичностиРупишта Култура и спортРупишта ИселеништвоРупишта НаводиРупишта Надворешни врскиРупишта Надворешни врскиРупиштаГрчки јазикЕгејска МакедонијаКостур (округ)Костурски дијалектКостурскоРупишта (општина)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јордан МитевЦионизамКатастарски општини во МакедонијаЈужна АмерикаИранСвети ГеоргиТрапезБорис ТрајковскиЛибанМали сипанициПопис на населението во Македонија (2021)КанадаЗалив на КоскитеХипертензијаНатриум бикарбонатБосна и ХерцеговинаИмер СелманиМенструален циклусПелистерСтојанче АнгеловМасакр во ВаташаБаба (планина)МовГоран СтефановскиТрескаДимитар КовачевскиЕстивацијаПланински смокПоплави во Македонија (2016)Национален парк ПелистерМесечинаБугојноСлаткаристикаЦрешово топчеДеменцијаПетаголникСлонБора ЃоргевиќВиолета ТомовскаЅвезда од КутлешПрилепЛепа БренаКеопсова пирамидаЖелкиБалкански ПолуостровСкендербегЖељко РажнатовиќИзборна единица 7Тодор АлександровЗанаетПрочкаФобијаContent WarningВикипедија на македонски јазикГевгелијаСмилевоЦрнила (драма)Обединети Арапски ЕмиратиСтобиЗелени алгиИлијадаОхридски бисерСпоменка (книга)Македонска граматикаНационален парк МавровоМакедонски народни песниСветлинаМакедонијаПавел ШатевАфионМакедонски претседателски избори (2024)Семирамидини висечки градиниБаба ВанѓаИменкаРударствоСписок на фараони🡆 More