Ропство

Ропство — краен облик на искористување на луѓето од други луѓе.

Робот е правно изедначен со предмет. Ропство има уште во првобитното општество, постои во стариот и средниот век, но и во новиот век (на пример, плантажно ропство во САД).

Ропство
Жан-Леон Жером: Пазар на робови

Човекот кој се наоѓа во ропство се нарекува роб, а женската варијанта е робинка.

Видови ропство

Ропство 
Фотографија на момче роб во Занзибар, околу 1890 г.

Традиционалното ропство подразбира луѓето да се третираат како предмет за купопродажба, односно како личен имот на оној што ги поседува. Иако овој вид бил доминантен во многу општества во минатото, ваквата форма на ропство е денес забранета од правните системи на било која меѓународно призната влада.

Должничко ропство е една форма на неслободна работа, при што човекот самиот се става како залог поради отплата на заем или кредит. Услугите потребни за отплаќање на долгот и нивното траење може да се недефинирани, а ваквиот тип на ропство може да се пренесе од генерација на генерација. Ова е најраспространета форма на ропство во денешно време, а најзастапено е во Јужна Азија.

Принудна работа или неслободна работа е форма на ропство каде лицето е принудено да работи против своја волја, под закана или поради друг вид на казна. Со ваквата дефиниција се опфатени и оние институции кои се уредени со закон, како што се регрутирање на војници и казнена работа.

Трговијата со луѓе најчесто ги опфаќа жените и децата кои се приморани на проституција, а ова е најбрзорастечка форма на присилна работа денес. Земјите како Тајланд, Камбоџа, Индија, Бразил и Мексико се идентификувани како жаришта на комерцијална сексуална експлоатација на деца и жени.

Принудниот брак може да се смета за форма на ропство. Брак склучен со девојка која е киднапирана и против нејзина волја постои денес во некои земји. Во Етиопија националниот просек на бракови со киднапирани девојки е 69%. Брак со малолетници се смета за форма на современо ропство.

Историја на ропството

Ропство 
Роб, Батон Руж, 2 април 1863 г.

Најраниот извор во кој се споменува ропството е Хамурабиевиот законик (Месопотамија, око 1760 г. п.н.е.) од кој се гледа дека во тоа време ропството било широко распространето и прифатено. Во Законикот се вели дека ќе биде казнет со смрт секој што ќе помогне на роб да избега или ќе му даде засолниште на избеган роб. Библијата го споменува ропството како воспоставена институција.

Историјата на земјите Месопотамија, Египет, Израел, Стара Грција, Стар Рим, Персија, Кина, како и цивилизациите на Маите, Ацтеките, на Сумер и на Индија изобилуваат со робови поврзани со војните. Воените заробеници најчесто завршувале како робови на имотите на победниците. Кон робовите секаде се постапувало свирепо но не претерано, бидејќи бробовите биле „скапоцени“.

Во Стар Египет немало многу робови, земјата ја обработувале слободните селани, а пирамидите ги граделе слободни работници. Сите робови биле сопственост на фараоните и не биле продавани на останатите граѓани.

Во Стар Рим околу 15% до 20% од населението биле робови, а до 2 век кога биле донесени закони за заштита на робовите, робовласникот можел неказнето да убие свој роб. Поради високата цена на робовите, сепак ова ретко се случувало. Позицијата на робот зависела од работата за која бил наменет, па робовите кои служеле во домовите на своите господари биле во подобра позиција од оние кои работеле како земјоделци.

Во древна Кина поимотните семејства имале робови, а на дворот на кинеските цареви имало и повеќе од илјада робови.

Робовите во Византија често биле кастрирани. Во Цариград речиси една петтина од жителите биле робови, а градот во 15 век бил голем центар за продажба на робови.

Арапите собирале робови по пристаништата на Источна Африка. Проценетиот број на Африканци кои биле одведени како робови на овој начин се проценува на 11 до 17 милиони од 650 до 1900 година, додека бројот на робови кои Европејците ги однеле во Америка е околу 11-12 милиони од 1500 до 1860-те години.

Во Отоманското Царство, постоеле машки робови кои биле кастрирани, евнуси, кои служеле како чувари на харемот. Робинките пак, биле носени во харемот, и служеле како средство за забава на султанот. Елитните трупи на турската војска биле јаничари и речиси сите биле однесени како деца и по потекло биле од Балканот.

Укинување на ропството

Во текот на историјата, правени се низа обиди да се ослободат од ропство цели народи или некои групи. Во САД увозот на робови бил забранет во 1808 година, а нетрпеливоста меѓу робовладетелскиот југ и слободниот север е една од причините за Американската граѓанска војна во 1861 година. Конвенцијата за ропството што ја организирала Лигата на народите во 1926 година, донела пресврт. Членот 4 од Општата декларација на човекови права усвоена во ООН во 1948 година, строго и експлицитно го забранува ропството. Францускиот закон од 2001 година го прогласил ропството за злосторство против човештвото..

Современи случаи на ропство

Здружението за борба против ропството (англиски: Anti-Slavery Society) тврди дека: „Иако повеќе не постои ниедна држава која правно го признава ропството, сепак укинувањето на ропството не значи дека го нема.“ Постојат милиони луѓе ширум светот кои живеат и работат во услови слични на ропство. Според проценките на меѓународните организации, во 2005 година имало околу 12,3 милиони случаи на принудна работа во светот.

Фондацијата „Чекори слободно“ објавила извештај во 2018 година дека ропството во богатите западни земји го има многу повеќе отколку што било познато, а посебно во САД и Велика Британија, кои имаат 403.000 или еден на 800 луѓе во САД и 136.000 робови во ВБ. Оваа Фондација го дефинира современото ропство како „ситуација на експлоатирање која човекот не може да ја одбие или да ја прекине поради закана, насилство, принуда, злоупотреба на моќ или измама.“

Трговија со луѓе е вид на современо ропство, при што жртвите се регрутираат преку нудење на лажно работно место, лажен брак и слично, или се продадени од семејството. Некои од жртвите се со измама доведени до долг, или пак се контролирани со употреба на дрога. Во извештај од 2006 година, се вели дека годишно околу 800.000 луѓе се пренесени преку границите со измама. Околу 80 проценти од нив се жени и девојки, а 50 проценти се малолетни, се вели во извештајот на американскиот Стејт Департмент од 2008 година. Иако голем дел од нив се принудени на проституција, сепак некои од жртвите се приморани да работат физичка работа.

Ропството како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Неда и три синџири робје“ - македонска епска народна песна.
  • „Приказната на робинката“ - книга на канадската писателка Маргарет Атвуд.
  • „Роб на една убавица“ - песна на арапскиот поет Ибн Кузман.
  • „Бродот со робови“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.
  • „Ослободеник“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.
  • „Светлината на робовите“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.
  • „Дванаесет години роб“ (англиски: 12 years a slave) - британско-американски филм од 2013 година.
  • „Јас сум роб“ (англиски: I am a slave) - британски филм од 2010 година.
  • „Денови на ропството“ (англиски: Slavery Days) - песна на реге-групата Burning Spear од 1975 година.
  • „Нови робови“ (англиски: New Slaves) - песна на американскиот рапер Kanye West од 2013 година.
  • „Неделен роб“ (англиски: Sunday's Slave) - песна на рок-групата Nick Cave and the Bad Seeds од 1988 година.
  • „Робови“ (англиски: Slaves) - песна на американската панк-рок група Bad Religion.
  • „Роб“ (англиски: The slave) - песна на американската панк-рок група The Germs.
  • „Брод со робови“ (англиски: Slave Ship) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Ропство Видови ропствоРопство Историја на ропствотоРопство Укинување на ропствотоРопство Современи случаи на ропствоРопство то како тема во уметноста и во популарната култураРопство Надворешни врскиРопство НаводиРопствоПрвобитно општествоРобСАДСреден векСтар век

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РадовишКирил ПејчиновиќРечник на стари македонски зборовиГраматички категории на именките во македонскиот јазикПсоријазаСнежана (бајка)Црн ДримПеперугиРимБик (хороскопски знак)Content WarningНационален парк МавровоПроизвод (математика)Македонски претседателски избори (2024)Слуз-цедење во грлотоСписок на македонски зборови од турско потеклоОпштина ЦентарГемиџииИндијаЕпилепсијаЈулијански календарОпштина ИлинденПресметување на датумот на ВелигденПравилен многуаголникОпштина АеродромСкратеници во македонскиот јазикГлаголСписок на држави по населениеАдријана АлачкиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБлага ПетрескаПтициХемороидМакедонски ораИзраелВооружени сили на ИранМетилпреднизолонМасонска ложаБалкански ПолуостровСкржавецот (Плавт)АвганистанПенис (човек)Видови аглиОхридска архиепископијаЦрвена лисицаПоникваБујар ОсманиЕп за ГилгамешНационални паркови во МакедонијаКристијано РоналдоСписок на македонски народни и староградски песниГорјан ПетревскиМоликаТуризам во МакедонијаШвајцаријаИшијасМултипла склерозаШведскаСписок на фобииВидое ПодгорецТрансверзала (геометрија)Катастарски општини во МакедонијаЛевица (политичка партија)Список на политички партии во МакедонијаВМРО-ДПМНЕКорозијаЖдрепка (змија)Кронова болестМакедонија (регион)Петар ПанСписок на реки во МакедонијаИзвршна властСловенијаПавел ШатевНационален парк Шар ПланинаКрстоносни војни🡆 More