Роза Паркс

Роза Паркс (Таскаџи, Алабама, 4 февруари 1913 — Детроит, 24 октомври 2005) — афроамериканска активистка и позната личност во американското движење за граѓански права.

Таа е позната поради нејзиното одбивање да му го отстапи на еден белец местотот во автобусот, со што дала силен поттик на борбата против сегрегацијата во САД.

Роза Паркс
Роза Паркс во друштво на Бил Клинтон

Граѓанските права и политичката активност

Роза Паркс на почетокот на 1950-тите се вклучува во Американското движење за човекови права и работи како секретар за секцијата на Националната асоцијација за развој на обоените луѓе (NAACP) во Монтгомери, Алабама. На 1 декември 1955, во Монтгомери, таа одбива да се покори на наредбата на возачот на еден јавен автобус да се премести назад во автобусот за да направи дополнително место за белците. Роза веќе била уморна од нејзиното третирање како граѓанин од втор ред и останува доследна на своите ставови. Поради тоа е уапсена, судена и осудена за неприкладно однесување и за прекршување на локалните одлуки.

Следната ноќ, 50 водачи на црнечката заедница, на чело со дотогаш релативно непознатиот свештеник Мартин Лутер Кинг, се состануваат за да расправаат околу соодветните дејствија што треба да бидат преземени во врска со апсењето на Роза Паркс. Она што е усогласено било Бојкотот на автобусите во Монтгомери. Целата црнечка заедница цели 381 ден ги бојкотирала јавните автобуси. Десетици јавни автобуси стоеле со месеци без работа сè додека законот со кој се легализирала сегрегацијата во јавните автобуси не бил укинат. Овој настан помогнал за ширењето на многу други протести против сегрегацијата, а во 1956 случајот на Паркс конечно стигнал пред Врховниот суд кој одлучил дека сегрегираното возење со автобус е неуставно.

По овој настан, Паркс станува икона на движењето за граѓански права. Во раните 60-ти се преселува во Детроит, каде што работеше во штабот на претставникот Џон Кониерс (демократ од Мичиген) од 1965 до 1988.

Значење и влијание

  • „Танго бр. 3, Определување за Роза Паркс“ (Tango #3, Determination For Rosa Parks) - композиција на американската џез-група „Лаунџ лизардс“ (The Lounge Lizards) од 1987 година.

Наводи

Tags:

1913200524 октомври4 февруариАлабамаБелциГраѓански праваДетроитСАД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Александар III МакедонскиРак на желудникИгор ЏамбазовМакедонски парламентарни избори (1990)Список на птици во МакедонијаКозјак (езеро)АбортусХристијан МицкоскиРак на панкреасотКрвДржавни празници во МакедонијаЧорбаџи ТеодосНационален парк ПелистерИзборна единица 1Трифун КостовскиСобрание на Република МакедонијаОпштина Ново СелоИзборни единици во МакедонијаШизофренијаЛеблебијаC++Список на тегоби и болки на стапалатаФК ЧелсиНеготиноВикипедија на македонски јазикГордана СилјановскаИстанбулСписок на македонски писателиВтора балканска војнаКратовоГраматички категории на именките во македонскиот јазикПоезијаАна ФранкФК Реал МадридПрва влада на Никола ГруевскиМасакр кај ВејцеГолем ГрадКрвни плочкиБороецРак на усна празнинаЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Бубрежна инфекцијаМакедонски парламентарни избори (2002)Избори во МакедонијаОслободителна Народна АрмијаЧешкаМултипла склерозаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСветлана МојсовЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридГоце НиколовскиСредоземно МореАрменскоДемократска партија на Турците на МакедонијаНеутрализацијаБугарски возДебело цревоРоднински односиАртрозаРамазанВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Срцева слабост24 априлИзборна единица 2Цер (село)Локални избори во Македонија (2005)Периоден систем на елементитеФилип II МакедонскиМакедонски АлбанциСписок на македонски филмовиМаргарита ХристоваДемократска унија за интеграцијаЛокални избори во Македонија (2009)Чир на желудникотМарс (планета)ФотосинтезаСтарословенски јазикОхрид🡆 More