Рецесија

Во економијата, поимот рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус.

За време на рецесија многу макроекономски индикатори варираат на сличен начин. Продуктивноста мерена преку Бруто-домашниот производ (БДП), вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и профитите на бизнисите се намалуваат за време на рецесија.

Рецесија
Банка во Англија, Лондон, Англија
Рецесија
Рецесиите означени како сиви вертикални линии

Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците.

Идентификување

Во 1975 година во една статија издадена од „Њујорк Тајмс“, економскиот статистичар Јулиус Шискин (Julius Shiskin) навел неколку економски индикатори кои ја идентификуваат рецесијата. Овие индикатори го вклучувале правилото на „две последователни квартални опаѓања на БДП“. Со текот на времето, другите правила биле главно заборавени и сега рецесијата е често дефинирана како период кога БДП на една земја опаѓа (негативен реален економски раст) во најмалку два квартали. Некои економисти сметаат дека е потребна поопширна дефиниција за рецесија, односно дека рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1,5% во период од 12 месеци.

Во САД, Одборот за следење на бизнис циклусот кој е во рамките на Националното биро за економско истражување (НБЕИ) се смета за служба која се занимава со следење на рецесијата во САД. НБЕИ ја дефинира економската рецесија како: значителен пад на економската активност во целата земја, кој трае повеќе месеци, особено видлив кај растот на реалниот БДП, реалниот личен приход, вработувањата (без фармерските платни списоци), индустриското производство и големо и малопродажбите. Во голема мера, академиците,економистите, творците на политики и деловната заедница се потпираат врз тврдењата на НДЕИ за прецизно утврдување на почетокот и крајот на рецесијата.

Особености

Рецесијата има многу особини кои може да се појават истовремено и може да вклучуваат опаѓања во слични мерки на активност како што се вработувањата, инвестициите и профитите на корпорациите.

Тешката (БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува економска депресија, и покрај тоа што некои сметаат дека нивните причинители и мерки за закрепнување може да бидат различни.

Индикатори на рецесијата

И покрај тоа што не постојат целосно доверливи предвидувачи на рецесија, сепак следниве се сметаат за можни.

  • Во САД честопати пред почетокот на секоја рецесија претходеле значителни падови на берзанскиот пазар. Сепак, половина од падовите за 10% или повеќе не биле проследени со рецесии. Во околу 50% од случаите, значителен пад на берзанскиот пазар се случил по почетокот на рецесијата.
  • Обратната крива на приходи (настанува кога приходите на долг рок паѓаат под приходите на краток рок), модел разработен од економистот Џонатан Х. Рајт (Jonathan H. Wright), ги користи приходите од 10-годишните и три0месечните хартии од вредност на Државната благајна како и стапката на тековните неодамнешни фондови на Федералните резерви. Друг модел, развиен од економистите од Банката на федералните резерви на Њујорк, го користи само 10 годишниот/три месечниот опсег. Сепак, тој не е дефинитивен показател, и понекогаш по него следи рецесија.
  • Три месечната промена во стапката на невработеност и почетните изјави за невработеноста.
  • Индексот на водечките (економски) индикатори (ги вклучува некои од горенаведените индикатори).

Владини мерки

Повеќето традиционални економисти сметаат дека рецесиите се предизвикани од недоволна агрегатна побарувачка во економијата и го фаворизираат користењето на експанзивната макроекономска политика за време на рецесија. Стратегиите кои се фаворизираат за закрепнување на економијата од рецесија, зависат од тоа на која економска школа и припаѓаат творците на политиките. Монетарците би ја фаворизирале примената на експанзивната економска политика, додека Кејнезијанските економисти би се залагале за зголемено владино трошење со цел да се поттикне економскиот раст. Економистите кои се на страната на понудата, може да предложат намалување на даноците со цел да се промовира капиталното инвестирање во бизниси. Лесе фер ориентираните економисти (*Laissez-faire - е доктрина која тврди дека генерално владата не би требало да интервенира на пазарот) може едноставно да дадат препорака до Владата да не се меша во природните пазарни сили.

Берзанскиот пазар и рецесиите

Кај некои рецесии се очекувало да дојде до берзански пад. Во книгата „Долгорочни акции“ (Stocks for the Long Run), Сигел (Siegel) пишува дека почнувајќи од 1948 година, на десет рецесии им претходел берзански пад, во период од 0 до 13 месеци (просечно 5.7 месеци), додека десет берзански падови со повеќе од 10% според ДЏИИ (Доу Џонс Индустриски Индекс) не биле проследени со рецесија.

Обично пред рецесија, слабее и пазарот на недвижнини. Сепак, опаѓањето на недвижнините може да трае и подолго од рецесијата.

Поради тоа што е многу тешко да се предвиди бизнис циклусот, Сигел тврди дека не е можно да се искористат економските циклуси за временско определување на инвестициите. Дури и на Националното Биро за Економско Истражување (НБЕИ) му се потребни неколку месеци за да утврди дали дошло до пораст или до опаѓање во САД.

За време на намалувањето на економската активност, високо доходовните акции (* се акции чиј дивиденден приход е поголем од кој било насочен просек на друга акција) како оние на брзо движечките потрошувачки добра (* производи кои се распродаваат брзо по релативно ниски цени), фармацевтските производи и производите направени од тутун се држат подобро. Сепак, кога економијата ќе почне да закрепнува и кога ќе го надмине дното на пазарот ( понекогаш обележувано на графиконите како МАЦД ) растечките акции побрзо закрепнуваат. Постои големо несогласување околу тоа како здравството и јавните претпријатија успеваат да закрепнат. Распространувањето на портфолиото на меѓународните пазари може да обезбеди некаква сигурност, сепак економиите кои се тесно поврзани со американската економија можат исто така што бидат засегнати од рецесијата во САД.

Постои гледиште кое е наречено правило на половина пат, врз основа на кое инвеститорите го намалуваат закрепнувањето на економијата за половина во време на рецесија. Просечното траење на 16-те американски рецесии почнувајќи од 1919 година, било 13 месеци, и покрај тоа што неодамнешните рецесии биле пократки. Така, ако рецесијата од 2008 година го следи овој просек, падот на берзанските пазари би бил на најниско ниво околу ноември 2008 година.

Рецесијата и политиката

Главно, администрацијата добива позитивни бодови или обвинувања за економската состојба во време на рецесија. Ова предизвикува несогласувања околу тоа кога всушност рецесијата почнала. Во еден економски циклус, опаѓањето може да се смета за последица од експанзијата која достигнува неодржлива состојба, а се коригира преку кратко опаѓање. Така, не е лесно да се изолираат причините за специфичните фази на циклусот.

Рецесијата од 1981 година се смета дека е предизвикана од политиката на стегнати пари усвоена од Пол Вокер (Paul Volcker), управник на Одборот на Федералните резерви, пред Роналд Реган да стане претседател. Реган ја поддржувал таа политика. Економистот Волтер Хелер (Walter Heller), претседавач со Советот на Економски советници во 1960-тите години ја нарече „Реган-Вокер-Картерова рецесија“. Сепак, резултатот од скротувањето на инфлацијата ја постави основата за интензивен пораст во периодот на Регановата администрација.

Рецесија 
FFR ризници

Генерално, се претпоставува дека владината активност има влијание врз присуството или степенот на рецесија. Економистите обично тврдат дека до одреден степен рецесијата е неизбежна, и нејзините причинители не се многу разбирливи. Како резултат на ова, администрациите на актуелните влади се обидуваат да преземат чекори, кои исто така не се усогласени, за да ја ублажат рецесијата. Честопати тие обиди се неуспешни, барем што се однесува до спречување на рецесијата, и тешко е да се одреди дали тие всушност ја направиле помалку тешка или подолготрајна.

Историја на рецесиите

Глобални рецесии

Не постои општо прифатена дефиниција за глобална рецесија, според ММФ периодите кои се проследени со помалку од 3% глобален раст претставуваат глобални рецесии. ММФ проценува дека глобалните рецесии се појавуваат во циклус кој трае од 8 до 10 години. За време на она што ММФ го дефинира како минати три глобални рецесии во последните три децении, глобалниот раст на производство по глава на жител било нула или било негативно.

Економистите од Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) изјавуваат дека глобалната рецесија би го намалила глобалниот пораст за три или повеќе проценти. Според оваа мерка, се квалификуваат три периоди почнувајќи од 1985 година: 1990-1993 година, 1998 година и 2001-2002 година.

Рецесии во Обединетото Кралство

Рецесии во Соединетите Американски Држави

Според економистите, почнувајќи од 1854 година, САД поминале низ 32 циклуси на експанзии и контракции, просечно 17 месеци на контракција и 38 месеци на експанзија. Сепак, од 1980 година наваму имало само осум периоди на негативен економски раст во текот на еден или повеќе фискални квартали , и четири периоди се сметале за рецесии:

  • Јули 1981 година - ноември 1982 година: 14 месеци
  • Јули 1990 година - март 1991 година: 8 месеци
  • Март 2001 година - ноември 2001 година: 8 месеци
  • Декември 2007 - до денес: актуелна

Што се однесува до минатите три рецесии, одлуката на НБЕИ приближно беше во согласност со дефиницијата, која вклучува два последователни квартали на опаѓање. Сепак, рецесијата од 2001 година не вклучуваше два последователни квартали на опаѓање, на неа и претходеа два квартали на наизменични падови и слаб раст.

Актуелни рецесии во некои земји

Подетални информации: Голема рецесија

Официјалните економски податоци покажуваат дека значителен број на земји се во рецесија од почетокот на 2009 година. САД влезе во рецесија на крајот од 2007 година, и во 2008 година многу други нации го проследија истиот тренд.

Соединетите Американски Држави

Исправката на американскиот пазар за недвижности (како последица на американскиот станбен меур) и супрајмската хипотекарна криза значително придонесоа за рецесијата.

За првпат во скоро 20 година приватната потрошувачка забележа пад за време на рецесијата од 2008/2009 година. Ова укажува на длабочината и сериозноста на таа рецесија. Поради малата доверба на потрошувачите било потребно подолго време за да дојде до закрепнување. Потрошувачите во САД биле мошне погодени од рецесијата, поради тоа што вредноста на нивните куќи постојано паѓа, а нивните пензиски заштеди на берзанскиот пазар се намалија за десет пати. Потрошувачите не биле загрижени само затоа што нивните богатства се разјадени, туку стравуваа и за нивните работни места, со оглед на фактот дека невработеноста се зголемила.

Американските работници изгубија 63.000 работни места во февруари 2008 година, ова е најголема бројка во последните пет години. На 6 април 2008 година, поранешниот претседател на Федералните резерви, Ален Гринспен (Alan Greenspan ) изјави: „50% е сигурно дека САД би можеле да влезат во рецесија.“. На 1 октомври, Бирото за економска анализа објави дека вработеноста во септември се намалила за 156 000 работни места. Во април 2008 година, Модис ( Moody's - е холдинг компанија која прави финансиски истражувања и анализи за трговски и владини тела) објави дека девет американски држави се во рецесија. Во ноември 2008 година, работодавците елиминираа 533.000 работни места, што е најголема месечна загуба за последните 34 години. Проценето е дека во 2008 година се елиминирани 2.6 милиони американски работни места.

Стапката на невработеност во САД во март 2009 година, порасна за 8.5%, а бројот на загубени работни места до март 2009 година изнесуваше 5.1 милион, поради тоа што рецесијата започна во декември 2007 година. Во споредба со една година претходно ова е приближно 5 милиони повеќе невработени лица. Ова е најголемиот годишен скок на бројот на невработени по 1940-тите години.

И покрај тоа што економијата на САД во првиот квартал порасна за 1%, до јуни 2008 година, некои аналитичари изјавија дека поради долготрајната кредитна криза и „ незапирливата инфлација кај производите како што се нафтата, храната и челикот“, земјата сепак е во рецесија. Третиот квартал од 2008 година донесе намалување на БДП за 0,5%, што е најголемо опаѓање после 2001 година. Опаѓањето во третиот квартал за 6.4% на потрошувачката на нетрајните производи, како што се облеката и храната, било најголемо после 1950 година.

Извештајот од 17 ноември 2008 година, подготвен од Банката на федерални резерви на Филаделфија, врз основа на испитувањето направено од 51 прогнозер, наведува дека рецесијата започнала во април 2008 година и ќе трае 14 месеци . Тие предвиделе опаѓање на реалниот БДП на годишно ниво за 2.9% во четвртиот квартал и 1.1 % во првиот квартал од 2009 година. Овие прогнози претставуваат значајни ревизии на опаѓање за разлика од прогнозите направени три месеци претходно.

Извештајот од 1 декември 2008 година, подготвен од Националното Биро за Економско истражување соопштуваше дека САД се во рецесија уште од декември 2007 година (кога економската активност била на врвот), врз основа на бројни мерки кои ги вклучуваат загубите на работните места, намалувањата на личните примања и опаѓањето на реалниот БДП.

Други земји

Неколку други земји се соочија со опаѓање на стапката на раст на БДП, генерално тоа се должи на намалената ликвидност, инфлација на цените на храната и енергијата, и забавувањето на американската економија. Овде влегуваат: Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Јапонија, Австралија, Кина, Индија, Нов Зеланд и многу други земји во рамките на ЕЕО (Европска економска област). Во некои земји, рецесијата веќе е потврдена од експертите, додека другите сè уште чекаат податоците за растот на БДП во четвртиот квартал да покажат два последователни квартали на негативен раст. Индија и Кина поминуваат низ економско забавување, но не и низ рецесија.

Погледнете исто така

Причини за рецесија

  • Криза на валутите
  • Енергетска криза
  • Војна
  • Ниско ниво на потрошувачка
  • Преголемо производство
  • Финансиска криза

Последици од рецесиите

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Рецесија ИдентификувањеРецесија ОсобеностиРецесија Индикатори на рецесијатаРецесија Владини меркиРецесија Берзанскиот пазар и рецесиитеРецесија та и политикатаРецесија Историја на рецесиитеРецесија Актуелни рецесии во некои земјиРецесија Погледнете исто такаРецесија НаводиРецесија Надворешни врскиРецесијаБизнис циклусБруто-домашен производ

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОстеопорозаБелгијаВладо БучковскиСкопјеЦрква „Св. Софија“ — ОхридЧовечко телоМакедонски претседателски избори (2004)Преспански договорМоливБиено сирењеОрел (род)РоманијаКомунизамСтрептококен фарингитисОпштина БутелОпштина НовациЗагрозен видНационални паркови во МакедонијаКарлес ПуџдемонЗНАМДискус хернијаКирил ПејчиновиќБиполарно растројствоСписок на државни знамињаПиринејски ПолуостровБиљал КасамиЛокални избори во Македонија (2013)Македонски парламентарни избори, 2002ЕтанолАрбен ТаравариПрирокСвети ИлијаЛеонардо да ВинчиДијабетес мелитус тип 2ЃурѓовденФуросемидНепалНемањиќи — раѓање на кралствотоРеферендум во Македонија (2018)Панко БрашнаровХристијан МицкоскиФернандо МагеланРак на грлоПопис на населението во Македонија (2021)ГаличникВрело (пештери)Македонски претседателски избори (2019)Трговско друштвоГевгелијаРобинзон КрусоПетар Поп АрсовДенес над МакедонијаВиетнамски јазикМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаЗемја (планета)Прва Бундеслига (фудбал)Тристан и ИзолдаКуќа на РобевциРоднински односиНационален парк ГаличицаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоБалкански ПолуостровМакедонциРамазанСтале ПоповКронова болестАутизамДекубитусМакедонска револуционерна организацијаКалинкаПроливПреспанско ЕзероТапанБроеви во македонскиот јазикВоена болницаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаЈакупицаМакедонски парламентарни избори (2014)🡆 More