Приднестровие: де факто независна територија од Молдавија

Приднестровие, позната и како Приднестар, Транснистрија, Трансднестар, Трансднестрија или Трансднестарска Република (целосно име: Приднестарска Молдавска Република) е автономна покраина во составот на Молдавија, де факто независна од Молдавија од 2 септември 1990 година, која се наоѓа на левата страна од реката Днестар.

Опфаќа површина од 4.163 км2, но поради географската положба, со реката Днестар има граница долга 816 км, па поради тоа личи на остров долг 400, а широк 10 км. Вкупното население е 642.000, претежно од словенско, романско и туркиско потекло (30% Руси, 29% Украинци, 34% Молдавци, остатокот го сочинуваат Гагаузи, Бугари и Полјаци). Со административно-територијалната поделба на Молдавија, територијата на Приднестровската Молдавска Република во уставот на Молдавија се јавува како Автономна територија формирана со посебен статус на Приднестровие во составот на Молдавија, која фактички територијата на Приднестровие не ја контролира (со исклучок од неколку села).). Должината на границите на Приднестровската Молдавска Република е 816 км: од нив 411 км — со територија, контролирана од властите на Молдавија, 405 км — со Украина Приднестровие нема излез на море.

Приднестровска Молдавска Република
Република Молдовеняскэ Нистрянэ

Приднестрóвская Молдáвская Респýблика

Придністровська Молдавська Республіка

Приднестровие: Име, Историја, Географски и демографски одлики Приднестровие: Име, Историја, Географски и демографски одлики
Знаме Грб
Химна

Те славиме тебе, Приднестровие


Приднестровие: Име, Историја, Географски и демографски одлики
Местоположба на Приднестровие
Главен градТираспол
Службен јазик молдавски, руски, украински
Народности (2005) 32% Молдавци
31% Руси
29% Украинци
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Игор Смирнов
Де факто Независност
 •  Декларација за независност на Приднестровие 2 септември 1990 
 •  Војна во Приднестровие 2 март - 21 јули 1992 
 •  Признавање  
 •  Вода (%) 2.35
Население
 •  проценка за 2007 г. 537,000 
 •  Попис 2004 555,347 
 •  Густина 133 жит/км2 
Валута Приднестарска рубља1
Часовен појас (UTC+2)
 •  (ЛСВ)  (UTC+3)
НДД нема2
Повик. бр. 373
1. Молдавска леа се употребува како парична единица во територијата под Молдавска контрола. and in the security zone
2. Се употребуваат .com, .ru и .md (понекогаш).

Приднестровие е уредена како претседателска република и има свој устав. Според уставот службени јазици се молдавскиот (кирилица), рускиот и украинскиот. Главен град на републиката е Тираспол кој има 159.000 жители. Други поголеми градови се Дубасари и Бендери.

Име

Името на оваа територија на романски е Транснистрија, Транс-Днестар или Трансднестрија, но официјално во молдавската документација се наведува како Станга Ниструлуи (молдавски:Stânga Nіstruluі) што во превод значи „Лев брег на Днестар“. На руски името на оваа територија се нарекува Приднестровие, па нејзиното целосно име е Приднестарска Молдавска Република (руски:Приднестровская Молдавская Республика, молдавски:Republica Moldovenească Nistreană, украински:Придністровська Молдавська Республіка).

Историја

Приднестровие: Име, Историја, Географски и демографски одлики 
Карта на МАССР

Во антиката, територијата на Придњестровие била населена со Тирагетите кои биле тракиско племе. Во средниот век на територијата на Приднестровие живееле словенските племиња Уличи и Тиверци, и номадските туркиски племиња Печензите и Куманите. Со текот на времето, територијата била дел од Киевска Русија и Галичко-Волинското кнежевство, а во XIV век била дел од Големото Литванско кнежевство. Во 1569 година, северниот дел на Приднестровие влегол во состав на Брацлавското кнежевство кое влегло во состав на Малополска. Територијата била дел од Руската Империја во 1793 година. Јужниот дел од Приднестровието бил дел од Златната Орда во 1242 година, каде при крајот на XV век влегол во состав на Кримското ханство. Со Јашкиот мировен договор, Приднестровие била дел од Руската Империја. Во тоа време бил малку населен регион, коешто население било мешано, и се состоело во основа од Молдавци, но исто и Евреи, Украинци, Срби и Бугари.

Верници во Тиерсполија
Православни
  
100 %

При крајот на XVIII века Руската Империја праќа војници за да ја заштитат својата југозападна граница. Руските власти го поддржувале доселувањето на бугарите, русите, германците, ерменците, грците и молдавците во Приднестровие. Низ XIX век Приднестровие, со градовите Григориопол, Дубосар и Тираспол влезе во состав на Руската Империја. Од 1918 до 1940 година овој дел бил поделен меѓу Романија и Украина.

Географски и демографски одлики

Транснистрија се наоѓа во источниот дел од Молдавија и е во должина од 400 км. На запад се граничи со Бесарабија (411 км), а на исток со Украина (405 км). Западната граница кон остатокот од Молдавија всушност ја претставува реката Днестар, а поголемиот дел од територијата, особено по брегот на Днестар е една голема долина. На оваа површина, Приднестровие зафаќа површина од 4.163 км2 на која живеат околу 537.000 жители.

Населението го сочинуваат 3 бројни етнички групи: Молдавци (32%), Руси (31%) и Украинци (29%).

Најголем и главен град е Тираспол со околу 159.163 жители. На територијата на Приднестровие има уште 10 градови со вкупно 69 општини, а вкупниот број на населени места е 147.

Административна поделба

Приднестровие е поделено на 7 административни единици: 5 реони и 2 града (општини) под републичка управа.

Петте реони се:

  • Каменка (Кáменка, Kamenka)
  • Дубасари (Дубоссáры, Dubossary)
  • Григориопол (Григориóполь)
  • Рибница (Рыбница, Rybnitsa) и
  • Слобозија (Слободзéя),

а двата града (општини) се:

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Приднестровие ИмеПриднестровие ИсторијаПриднестровие Географски и демографски одликиПриднестровие Административна поделбаПриднестровие НаводиПриднестровие Надворешни врскиПриднестровие19902 септемвриБугариГагаузиДе фактоДнестарМолдавијаПолјациРусијаУкраина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КрвАјдучка треваРазловечко востаниеБосна и ХерцеговинаГрупа МаестроДубаиТито ПетковскиБугаријаГамеланБукурешки договор (1913)Македонски претседателски избори, 2004Вагинален исцедокМаркаПартенија ЗографскиЗмијаПремиер на МакедонијаБеровоНикола КаревКирилицаОпштина ТеарцеТристан и ИзолдаОпштина ГостиварЦрква „Св. Недела“ - КатлановоСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Република КосовоЈосип Броз-ТитоПенис (човек)СДСММакедонска радио-телевизијаБедија БеговскаГордана Силјановска-ДавковаАдријана АлачкиВакцина против тетанусСписок на политички партии во МакедонијаКамен мост (Скопје)Балкански рисБританска фунтаЗајди, зајди, јасно сонцеГоце ТодоровскиСветлинаЗемја (планета)Зијадин СелаИзборна единица 3Виетнамски јазикАлшарКонстантин МиладиновКанарски ОстровиФилип ПетровскиАнемијаАлбански јазикПридавкаПоткастСмрдлива ВодаХамлетПовеќејазичностОпштина ЧашкаМРСАНаташа АндоноваДијабетес мелитус тип 2Скорпија (хороскопски знак)Список на архаични зборови во македонскиот јазикГрб на МакедонијаПапратТумор на мозокЗагрозен видХерпесЧир на желудникотПоделба на гласовите во македонскиот јазикНикола БакраческиДемократска партија на АлбанцитеБесконечностЉубчо ГеоргиевскиДанела АрсовскаМедПрва светска војнаРак на грло на маткаНемањиќи — раѓање на кралството🡆 More