Посредната демократија или претставничка демократија — извршување на власта преку претставништво.
Претставништвото се обликува преку избраните претставници, пратеници од страна на народот. Таквото претставништво врз основа на легитимно спроведените избори во името на народот ја извршува власта и донесува одлуки.Правото на кандидирање на народни пратеници во претставничките тела во современите држави речиси целосно е монополизирано од политичките партии од надвор доаѓаат независни кандидати кои можат да бидат предлагани и од група на граѓани, односно определен број на граѓани со право на глас. За дејствувањето на посредната претставничка демократија од суштинско значење е прашањето како да се постави статусот на избраните народни претставници, односно на претставничкото тело и како да се организираат односите на претставништвото и претставуваните. Претставиштвото во себе секогаш крие опасност од алиенција (отуѓување) која може да биде голема кога не постојат соодветни институционални инструменти и политичка клима за да се сведе оттуѓувањето на најмала мера.
Една од процедуралните можности за решавање на ова прашање, односно, за воспоставување на точно определени односи меѓу претставуваните (избирачите) и избраните претставници е воведувањето на правниот институт - мандат. Во теоријата за претставничка демократија се познати два вида: претставнички и императивен мандат.
Практиката покажува дека изнаоѓањето мерка меѓу овие два вида на мандат со која ќе се отстранат крајностите и ќе се воспостави сразмерна рамнотежа, е тешка работа. Притоа, најважно е ни за миг да не се изгуби од вид дека избраните претставници застапуваат некого, а не самите себе и дека претставничкото тело треба да има можност максимално да ја развива својата иницијатива и ефикасно да може да ги решава проблемите зошто конечно тоа е претставник на целата опшествена заедница.
Основни илустрации на либерално-претставничката демократија се слободните избори и претставничко тело (парламент, односно собрание). Слободните избори претставуваат основен столб на оваа демократија. Слободните избори се засновват врз правото на глас за сите граѓани, државјани, кои се појавуваат во својство на избирачи. Всушност, ова право овозможува граѓаните поделени по изборни единици да одлучат кој поединец или политичка партија во определен мандат ќе ја добие довербата на мнозинството и ќе стане народен пратеник. Постои активно и пасивно избирачко право.Во првиот избирачки случај граѓанинот има право непосредно да учествува во изборот на народни претставници, додека во вториот случај, бирачкото право претставува право на граѓанинот да биде биран за претставник.
И активното и пасивното избирачко право може да биде општо или ограничено.За општо право на глас зборуваме тогаш кога сите полнолетни и душевно здрави државјани на една земја имаат изборно право.За ограничено избирачко право зборуваме кога од различни причини сите граѓани немаат право на глас.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Посредна демократија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.