Стамат Танчев

Поп Стамат Танчев Георгиев — македонски свештеник, деец на преродбата во Македонија, активен учесник во борбата за независна словенска црква, деец и раководител на Македонската револуционерна организација.

Стамат Танчев Георгиев
Стамат Танчев
Роден 1857
Бугариево, Егејска Македонија
Починал 1904
Солун, Егејска Македонија
Познат раководител на ТМОРО
Деца Димитар Поп Стаматов

Животопис

Стамат Танчев е роден во селото Бугариево, тогаш во Отоманското Царство, денес Неа Месимврија, Грција. Во 1893 година се основа Македонската револуционерна организација и поп Стамат е меѓу првите кој стануваат нејзини членови. Тој во организацијата бил примен од Даме Груев, а неговото влегување во Македонската револуционерна организација било од особено значење. Свештеникот Стамат бил тактичен, смел и секогаш бил прв каде што постоеле опасности и ризици. Тој успеал да ја прошири и зацврсти организациската мрежа во солунските села. Во текот на својата револуционерна дејност се истакнал особено со својте организациски способности, а тоа било евидентно по неговото преминување во Вардарската црква во Солун и затоа Христо Татарчев истакнува дека:

Вардарската црква... од храм на богомолци се претворила во свртилиште на револуционери

Револуционерна дејност

Неговата револуционерна дејност била разнострана. Во 1896 година поп Стамат му помагла на Даме Груев за пречек на 3 000 англиски пушки во Солунскиот Залив кој биле ветени од Врховниот комитет, а кој никогаш не пристигнале. Стамат исто така агитирал меѓу учениците на машката егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј, тој во учебната 1896/97 година од Училишниот кружок покрстил во Организацијата 21 ученик, а меѓу нив бил и Христо Куслев. Во првата половина на 1897 година во Солунскиот вилает била формирана првата чета на Македонската револуционерна организација на чело со Апостол Петков и Иван Орџанов Карасулијата, а тие двајца биле покрстени од страна на поп Стамат. Веќе во 1899/1900 година поп Стамат бил член на Солунскиот окружен комитет заедно со Христо Матов како претставник на (ЦК) , Иван Гарванов и епитромот на Вардарската црква, Атанас Ангелов (кој бил претседател). Во текот на Солунската провала која била една од поголемите со која се соочила Организацијата, полицијата на двапати провалила во неговото живеалиште но ништо не нашла но на 12 февруари 1901 година тој бил уапсен и бил затворен во вилаетскиот централен затвор Једи Куле каде бил заедно со останатите членови и дејци на Организацијата. На 20 февруари 1901 година било покренато обвинение против 19 - мината прво обвинети поради Солунската провала, меѓу нив бил и Стамат, сите тие биле обвинети според член 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон, последниот член се однесувал на:

формирање здруженија и организации поради вооружен бунт

Според обвинителството поп Стамат бил обвинет поради видување со Никола Попчев кој се готвел да замине за гевгелиската чета. Судењето започнало на 26.02.1901 година во главниот вилаетски апелационен суд, а на последната седница која се одржала на 14.03.1901 година, меѓу другите поп Стамат бил осуден на петгодишен темничен затвор во прангии. На 6 јули 1901 година 38 затвореници во придружба на 20 жандари биле спроведени до паробродот Марија за Подрум Кале. Меѓу затворениците биле и членовите на ЦК: Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Матов, Пере Тошев како и 11 свешеници меѓу кој и Стамат. Тие по пат ја пееле Жив е, тој е жив!, а во тој момент излегле многу луѓе да ги испратат. При качувањето на паробродот Матов извикал неколку збора, а по него сите извикале:

Да живее револуцијата

Стамат бил ослободен со општата амнестија во август 1902 година. По враќањето во Солун повторно се вклучил во револуционерното движење. Тој бил убиен пред вратата на својата куќа во Солун од грчки терористи во 1904 година . Стамат Танчев е брат на наставникот Божин Танчев и татко на деецот на ВМОРО Димитар Поп Стаматов .

Извори

Tags:

МакедонијаМакедонска револуционерна организација

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина Ѓорче ПетровКалендар на Велигденски датумиПреспанско ЕзероФК БарселонаКиро ГлигоровВртоглавицаГрцијаВелики петокПетар ПанСтрујно колоДебарМакедонска радио-телевизијаБиљал КасамиЕкологијаИзбирачко местоГ’зим ОстрениАутизамСоединети Американски ДржавиИзборна единица 3Основни SI-единициСловенијаБигорски манастирПоезијаАрбен ЏафериДемократијаПросветителствоСписок на команданти на ОНАФК Реал МадридФранцијаВеличествениот султан (ТВ-серија)СтрумицаПортугалијаЃурѓовден‘Рбетен столбКрушевоДемократска партија на Србите во МакедонијаЕнциклопедијаПарите се отепувачкаЅвезда од КутлешЛила СтојановскаСветско првенство во ракомет за мажи 2025Анална фисураКамено времеГемиџииДијабетична кетоацидозаЃорѓија СајкоскиШар ПланинаБалкански рисИсторија на македонскиот народЕгипетИзбори во МакедонијаСтар векШпанијаОвчи сипанициЗагрозен видГрчка кујнаЗнаме на МакедонијаРоманСтево ПендаровскиЖивотниМенструален циклусТромбоцитопенијаМакедонски претседателски избори, 2019ТрескавецЕфто ПупиновскиОдбојкаМетодија Андонов-ЧентоСтрашо ПинџурМакедонски народни носииЛарингитисАлкохолБаба ВанѓаНародноослободителна борба во Пиринска МакедонијаНедостиг на вода во ИранТриаголникКошаркаАнтон ПановДекар🡆 More