Плата претставува надомест кој работодавачот му го исплаќа на работникот за извршената работа, труд или услуга.
Платата се распределува во определен период од време, на пример, ден, недела, две недели или еден месец. Во економската наука, платата претставува цена на трудот (работната сила) како производен фактор.
Во економијата, платата претставува цена на производниот фактор на труд. Притоа, во конкуренција, платата е еднаква на вредноста на маргиналниот производ на трудот. Конкуренцијата ги изедначува платите на сличните работници во различни занимања и на различни локации, зашто ако платата на некои работници е ниска, тие ќе се префрлат на друга локација или во друго занимање. Меѓутоа, кога се зборува за рамнотежата во услови на конкуренција треба да се земат предвид не само платите, туку и другите „нето-предности“ на одделните занимања, т.е. сите фактори кои некоја професија ја прават попривлечна или понепривлечна од другите. Оттука, висината на платите во одделни професии зависи од следниве фактори:
Во конкуренција, секој работник настојува да се вработи во онаа професија која носи највисок износ на парични (плата) и непарични (удобност во работата, стабилност, помала неизвесност итн.) придобивки. Оттука, ако сите работници се одликуваат со еднакви способности, долгорочната крива на понудата на труд во секое занимање ќе биде хоризонтална. Но, ако работниците немаат еднакци способности и еднаква наклонетост за одделни занимања, тогаш во определен временски период платите во некое занимање ќе мора да пораснат во споредба со другите занимања, со цел да се привлечат дополнителни работници, но на крајот повторно ќе се воспостави рамнотежата. Оттука, на долг рок, еластичноста на понудата на труд во некое занимање ќе биде многу висока, додека краткорочната еластичност на понудата на труд ќе биде пониска.
Во несовршена конкуренција, висината на платите во одделни професии зависат од два основни фактора:
Во повеќе земји, со закон е определена најниската, минималната плата која мора да им се исплати на работниците, односно фирмите не смеат да им исплатат на вработените пониска плата од минималната. Првите закони за минималната плата биле донесени во Нов Зеланд (1894), во Обединетото Кралство (1909) и во американската сојузна држава Масачусетс (1912). Во САД, првиот федерален закон за минималната плата бил донесен во 1938 година (The Fair Labor Standards Act), кога минималната наемнина била определена на износот од 25 центи за еден час.
Во 1798 година, Томас Малтус ја објавил својата книга „Есеј за населението“ (An Essay on Population) во која ја изложил својата теорија за врската меѓу нивото на платите и порастот на населението. Основната претпоставка во неговата теорија е дека трудот има константна цена на понудата која е определена од вообичаените трошоци за живот на работничката класа. Ако платата падне под нивото кое доволно да се обезбеди егзистенцијата, тогаш ќе се зголеми смртноста на работниците, а тоа ќе ја намали понудата на труд и платата пак ќе се врати на рамнотежното ниво. Обратно, ако платата е повисока од трошоците за живот, тогаш ќе се зголеми животниот стандард на работниците, ќе се намали нивната смртност, а тоа ќе предизвика пораст на понудата на труд и враќање на платата на рамнотежното ниво. Според Малтус, населението расте побрзо од порастот на побарувачката труд, односно населението се размножува по геометриска прогресија, додека производството расте по аритметичка прогресија, така што на долг рок не може да дојде до пораст на платите.
Почнувајќи од 1 јануари 2009 година во Македонија била воведена пресметка на платите според принципот на бруто-плата. Концептот на бруто-плата опфаќал повеќе суштински промени, како:
Со воведувањето на концептот на бруто-плата, работодавачите оствариле голема придобивка, затоа што платата на работникот е искажана како единствен трошок, а освен тоа, било намалено даночното оптоварување на платите, со што се намалиле трошоците во работењето на претпријатијата. Исто така, новиот концепт значел и поедноставна административна постапка за пресметка на платите, што исто така било поволно за работодавачите. Овој концепт создал и одредeни придобивки за работниците, бидејќи се стеснил просторот за манипулација од страна на работодавачите за избегнување на обврската за плаќање на социјалните придонеси. Имено, со концептот на бруто-плата, директен обврзник за плаќање на придонесите е работникот, но пресметката и уплатата на придонесите ја врши работодавачот. Оттука, концептот на бруто-плата оневозможува да се плати само еден придонес, а да се избегне некој друг придонес или да се плати само персоналниот данок, а да се избегнат придонесите.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во април 2013 година,
Притоа, јавните давачки (даноците и придонесите) учествувале со 32% во бруто-платата. Во тој поглед, споредбата со поранешните републики на СФРЈ покажува дека само Словенија и Црна Гора имале повисоко оптоварување на платите со јавни давачки.
Споредбата со останатите држави на подрачјето на поранешната СФРЈ покажува дека платите во Македонија биле најниски, т.е.
Во декември 2014 година, според податоците на Заводот за статистика,
што претставувало пораст од 4,2% во споредба со декември 2013 година. Притоа, 1,2% од вработените во Македонија не зеле плата за тој месец.
Според податоците за септември 2015 година, дејности со нависока-бруто плата во Македонија биле:
Од друга страна, бруто-платата била најниска во следниве дејности:
Табела 1: Споредбен преглед на платите на подрачјето на поранешната СФРЈ
Земја | Бруто-плата (во евра) | Нето-плата (во евра) | Учество на јавните давачки во бруто-платата | Градација во однос на македонските плати |
Македонија | 500 | 340 | 32% | 100 |
Србија | 539 | 390 | 27,6% | 115 |
Црна Гора | 730 | 481 | 34,1% | 141 |
БиХ | 637 | 477 | 25,1% | 140 |
Хрватска | 1 075 | 744 | 30,8% | 219 |
Словенија | 1 524 | 997 | 34,6% | 293 |
На крајот од декември 2015 година, просечната исплатена бруто-плата во Македонија изнесувала 541 евро, за разлика од 532 евра на крајот од 2014 година. Притоа, на крајот од 2015 година, просечната бруто-плата изнесувала:
Во јули 2016 година,
Набљудувано по дејности,
Најниска плата имале вработените во рибарството, 11.823 денари.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Плата, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.