Пабло Пикасо

Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (Малага, 25 октомври 1881 — Мужен, 8 април 1973) — шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на сликарството во XX.

век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.

Пабло Пикасо
Пабло Пикасо (1962)
Signatur Pablo Picasso
Signatur Pablo Picasso

Творештво

Работата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.

Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.

Изложби на Пикасо во Македонија

Пикасо многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласил, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“, која е изложена во Музејот на современата уметност. Од 19 февруари до 16 март 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје биле изложени 46 графички дела на Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и гравури, создадени од 1932 до 1969 година. На изложбата биле прикажани графики од три мапи: „Двојна флејта“, која содржи 16 литографии од периодот меѓу 1932 и 1955 година; мапата „Фауна и флора од Антиб“, со девет литографии и; мапата „Цртежите на Пикасо“, со 16 факсимили на цртежи од периодот 1942-1946 година.

Пикасо како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Пабло Пикасо“ (Pablo Picasso) — песна на американската рок-група Модерн Лаверс (The Modern Lovers) од 1976 година.

Наводи

Tags:

Пабло Пикасо ТворештвоПабло Пикасо Изложби на Пикасо во МакедонијаПабло Пикасо Пикасо како тема во уметноста и во популарната култураПабло Пикасо НаводиПабло Пикасо1881197320 век25 октомври8 априлГоспоѓиците од АвињонЖорж БракКубизамМалагаПаризСликарствоУНЕСКО

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

База (хемија)Кристијано РоналдоУбиства кај СмилковциСилвија СтојановскаБегалкаСписок на фараониБугојноШизофренијаСвети НиколеАлијанса за АлбанцитеДаме ГруевРимско ЦарствоМакедонски парламентарни избори (2006)Жарко ДимитриоскиКамен мост (Скопје)БубрегПелистерски ОчиБеровоДемократски сојузРомбоидВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)КавалаНационален парк МавровоИзборна единица 6Демографија на МакедонијаГоран Георгиевски-МујоИзборни единици во МакедонијаУстав на МакедонијаРечник на стари македонски зборовиАрмија на МакедонијаСкопје 2014МагнетМакедонски парламентарни избори (2014)РисАутизамМакедонски парламентарни избори (2024)ЖивотниКрлежиЊујорк (град)Список на држави во светотАвганистанКамбоџаШенка КолозоваМакедонски парламентарни избори (2002)Архиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанОхридски топчест сунѓерЖељко СамарџиќСтрептококен фарингитисЧовечко телоМонакоЛибанC++ класиСтив ЏобсДојранЗнаме на МакедонијаЦрна ГораКонтинентГлавна страницаБошко СмаќоскиВодно растениеМакедонски претседателски избори (2009)Светски чудаЛазарова саботаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМакедонски парламентарни избори (2008)Општина БутелСоцијалистичка партија на МакедонијаСлаткаристикаАлександар III МакедонскиБојаАлгиЗборник на МиладиновциИлијадаМаја ИвановаПиреј (роман)РударствоМавровоПодѓакон🡆 More