Низ Париз

Низ Париз е расказ на францускиот писател Марсел Еме.

Расказот е објавен на македонски јазик во 2008 година (во состав на збирката раскази под наслов “Париски приказни”), од страна на издавачката куќа “Темплум”, а преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска.

Содржина

За време на германската окупација на Париз, Мартен работи на црната берза, тајно пренесувајќи месо низ продавниците во градот. Саканата жена, Мариета (која има околу 55 години) штотуку го напуштила, а освен тоа, често го мачи сеќавањето на убиството на турскиот војник во Битката за Дарданелите, за време на Првата светска војна. Еден студен ден, во една кафеана, тој го среќава Гранжил, млад човек во искината облека, кој веднаш му станува симпатичен и затоа го повикува да му се придружи во една тајна испорака на месо.

Така, двајцата одат во подрумот на Жамблие, каде треба да го натоварат месото во четири куфери и пешки, под закрилата на ноќта, да го однесат во една месарница на Монмартр. Таму, Гранжил станува агресивен и започнува да го уценува Жамблие, изнудувајќи му многу повеќе пари од договорената наемнина за работата. Поради непристојното однесување, Мартен започнува да го мрази Гранжил и решава да му се одмазди, откако ќе ја завршат работата.

Двајцата, натоварени со куферите одат по улиците на Париз, одвреме-навреме расправајќи се. Кога започнува тревогата за воздушен напад, Гранжил го поканува во неговиот стан и Мартен зачудено дознава дека Гранжил не е никаков крадец (како што се претставува тој), туку дека тој е сликар. Таму, Мартен заспива од умор и Гранжил набрзина црта негов портрет на кој става и датум. На Гранжил му се јавува пријателката Луиза и тој и ги раскажува своите доживувања, направени од забава и љубопитност. Тогаш, Мартен збеснува и започнува да ги уништува сликите на Гранжил, а потоа го убива и него, со два убода со нож. Засрамен од извршеното убиство, Мартен го носи месото до договореното место, а потоа, додека скита низ улиците на Париз, налетува на полициска патрола. Инспекторот го препознава врз основа на нацртаниот портрет, пронајден во станот на Гранжил, и Мартен го водат во полициската станица.

Наводи

Tags:

2008Македонски јазикМарсел ЕмеПариски приказниТемплумФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Венко ФилипчеСписок на главни градови во светотМасакр кај ВејцеПентоксифилинВладо БучковскиСписок на држави по населениеПолжавиЖивко ФирфовЈадранка ВладоваГеографија на МакедонијаОбрежувањеАртритисЗнаме на МакедонијаЕгејска МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаОпштина ДојранМакедонска радио-телевизијаБраќа МиладиновциАлергиски дерматозиМиом на маткаИнтеграГрегоријански календарВесна БендевскаСписок на држави во светотДванаесет АпостолиВага (хороскопски знак)Јосип Броз-ТитоСлезинаТигрица (птица)ТрапезСлуз-цедење во грлотоНина Атанасова-ШкрињариќМатка (кањон)Канон (музички инструмент)Оливер СпасовскиАлтернатива (политичка партија)Љупчо ГеоргиевскиЦрна ГораЛеблебијаМакедонски претседателски избори (2004)Горјан ПетревскиМикеланџело БуонаротиРециклирањеБлаже КонескиХарфаЗагрозен видСтобиАзијаИзборна единица 4О писменехЗмијаСтево ПендаровскиЃомлезеНационален парк Шар ПланинаМочуриштеКостур (град)Нови ПазарЧинови на полицијата во МакедонијаЖивотна срединаОбединети Арапски ЕмиратиМакедонски парламентарни избори, 2011АнемијаХепатит АЉубомир ФрчкоскиТромбоцитопенијаМојсејЃорче ПетровБелградМакедонија (регион)Список на македонски филмовиЛиберално-демократска партијаПабло ЕскобарСашо МијалковСветлана Мојсов🡆 More