Национална Библиотека На Австралија

Национална библиотека на Австралија (англиски: National Library of Australia, скр.

NLA) — најголема референтна библиотека во Австралија, со одговорности согласно пропишаното во Законот за национална библиотека (National Library Act) и има за цел да „чува и развива национална збирка на библиотечен материјал, вклучувајќи опширна збирка на материјали што се однесуваат на Австралија и австралискиот народ.“ Во 2012-2013 г, збирката опфаќала вкупно 6.496.772 единици, како и дополнителни 15.506 метри ракописи.

Национална библиотека
на Австралија
National Library of Australia
Национална Библиотека На Австралија
Податоци за органот
Основан 1960
Претходник Сојузна парламентарна библиотека
Надлежност Влада на Австралија
Седиште Канбера, Австралија
Вработени 479 (2010-11)
Годишен буџет 62,9 мил. дол. (2011-12)
Раководител Ен-Мари Швиртлих
(генерален директор)
Матичен орган Министерство за правда
Мрежно место
nla.gov.au
Национална Библиотека На Австралија
Зданието на Националната библиотека на Австралија
Национална Библиотека На Австралија
Поглед на библиотеката од езерото Берли Грифин, Канбера

Историја

Во формална смисла, Националната библиотека на Австралија како таква е основана со закон во 1960 г., но работи како таква речиси од почетокот.

Библиотеката е основана во 1901 г. како „Сојузна парламентарна библиотека“ (Commonwealth Parliamentary Library) со цел да го опслужува новосоздадениот сојузен парламент на Австралија.

Денешната зграда на библиотеката е отворена во 1968 г. Дело е на архитектонското биро „Bunning and Madden“. Фоајето е поплочено со мермер и има витражи на Леонард Френч и три таписерии на Матје Матего.

Збирки

Во 2012-2013 г. библиотеката опфаќала 6.496.772 единици во збирки и уште 2.325.900 единици во одделот за ракописи. Од особено национално значење е збирката „австралијана“ која се однесува на културното наследство на Австралија. Тука се претставени австралиски писатели, уредници и илустратори кои работат во Австралија или во странство.

Библиотечната збирка опфаќа материјали во секаков формат — од книги, стручна периодика, мрежни места и ракописи со слики, фотографии, карти, музички партитури, етнографски снимки, музички записи и разгледници, летоци и многу друго.

Околу 92,1% од библиотечната збирка е каталогизирана и пребарлива на семрежниот каталог.

Библиотеката има дигитализирано преку 174.000 единици од збирката и настојвуа да ги става на располагање на семрежјето, колку што е можно. Претставува светски предводник во техники на електронско архивирање, и има семрежен архив на одбрани австралиски мрежни места наречен „Пандора“ (Pandora Archive).

Поврзано

  • Список на национални библиотеки

Наводи

Надворешни врски

35°17′47″S 149°07′46″E / 35.296379° ЈГШ; 149.129448° ИГД / -35.296379; 149.129448


Tags:

Национална Библиотека На Австралија ИсторијаНационална Библиотека На Австралија ЗбиркиНационална Библиотека На Австралија ПоврзаноНационална Библиотека На Австралија НаводиНационална Библиотека На Австралија Надворешни врскиНационална Библиотека На АвстралијаАвстралијаАнглиски јазикБиблиотека

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стојне НиколоваМочуриштеФилип II МакедонскиЛиберално-демократска партијаДанела АрсовскаБиљал КасамиГоран СтефановскиВагинаКаролина ГочеваДесет Божји заповедиГорјан ПетревскиМиом на маткаИсус ХристосСписок на државни знамињаПрохор Пчински (манастир)Демократска обнова на МакедонијаЛазарополеИвица БрчиоскиЛорандитИзборна единица 5Катлановска БањаМакедонски претседателски избори, 2004СителЛегендиИлија ФилипчеБелгијаЕнергијаМакедонски парламентарни избори, 2011АвстралијаКралство ЈугославијаКорејски јазикПридавкаТони НаумовскиДојранско ЕзероАна ФранкРуса треваИзборна единица 4ГолосеменициГордана Силјановска-ДавковаМанастир ОстрогПиринејски ПолуостровГаличицаОпштина ТетовоВага (хороскопски знак)Повикувачки броеви во МакедонијаОпштина ЧашкаЈудаизамМакедонски јазикБигорски манастирДионисЕмпатијаКичевски манастирРусијаКрвна групаДржавни празници во МакедонијаДеменцијаКарлес ПуџдемонЖивотниДемократи (политичка партија)Стара скопска чаршијаАзијаШтитна жлездаАмфетаминиАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЧовечко срцеНикола БакраческиГаличникПопис на населението во Македонија (2021)МовСвети Наум Охридски ЧудотворецХороскопски знациХарфаЏијан ЕминСписок на птици во МакедонијаВиетнамски јазикЧинови на полицијата во Македонија🡆 More