Мисионерска Поза

Мисионерската поза — вообичаена сексуална поза.

Во влијателната студија Сексуално искуство на жената (1953), истражувачот Алфред Кинсеј вели дека 91% од жените во брак изјавиле дека најчесто имаат секс заземајќи ја оваа поза, а 9% од нив изјавиле дека при секс ја заземаат исклучиво оваа поза. Партнерите се свртени со лицето еден кон друг, при што рецептивниот партнер се наоѓа оздола со раширени нозе.

Мисионерска Поза
Варијација на мисионерска поза

Основни пози

  • Рецептивниот партнер (жената) лежи на грб, со раширени нозе (хоризонтално во иста рамнина со грбот) или склопени околу телото на партнерот. Може да ги склопи нозете околу партнерот на различна висина: околу неговите бедра, на неговиот задник или грб, или преку неговите рамења. Генерално земено, што повеќе се подигнати нозете тоа пенетрацијата е подлабока.
  • Пенетрирачкиот партнер лежи на жената, неговите нозете се меѓу нејзините, препоните на иста висина со нејзините за да се олесни пенетрација.

Варијации

Со користење на вештачки пениси, strap-on дилдоа при анален и/или вагинален секс, било која двојка може да се најде во мисионерска поза.

Анален секс

Кај оваа варијација на мисионерска поза, партнерите лежат, исто како во основната поза, лице во лице при што рецептивниот партнер е оздола. Со цел да се постигне соодветен агол на продор, нозете на рецептивниот партнер најчесто се подигнати, понекогаш на рамената на пенетрирачкиот партнер.

Вагинален секс

Кај оваа варијација на мисионерска поза, партнерите лежат исто како во основната поза, лице во лице при што рецептивниот партнер е оздола. Не е неопходно дигање на нозете или користење на перница, но може да се направи тоа со цел да се зголеми задоволството при општење.

Странично

Во оваа поза, рецептивниот партнер е легнат странично, при што горното колено треба да се свитка и придвижи навнатре.

Користејќи подигната површина

Во оваа варијанта, пенетрирачкиот партнер стои, а примачкиот партнер лежи на грбот, на висина иста или нешто помала од висината на појасот на пенетрирачкиот партнер. Примачкиот партнер по потреба го подига карлицата. Најзгодно место за примачкиот партнер да се смести за ваква положба е креветот, кој може да е нешто понизок од потребната висина. Во таков случај, пенетрирачкиот партнер може да се навали на примачкиот партнер, или примачкиот партнер може под себе да подметне перница или друг предмет под опашниот р'бет, за да го подигне половиот орган. Општо земено, површини како маси и шанкови се со посоодветна висина. Ако позицијата се постигне со минимално потпирање на пенетрирачкиот партнер, партнерите ќе можат слободно да се милуваат за време на односот.

Нозете нагоре

Оваа позиција веројатно била многу популарна во Стара Грција бидејќи често се среќава на грнчарија од класичниот период.

Потекло на изразот

Прифатено е верувањето дека изразот „мисионерска положба“ произлегол како одговор на учењата на христијанските мисионери дека оваа сексуална поза била единствената „правилна“ за изведување на полов однос. Ова всушност е мит. Веројатно изразот произлегол некаде помеѓу 1945. и 1965. година преку забуна и погрешно толкување (веројатно ненамерни) на историски документи.

Наводи

Tags:

Мисионерска Поза Основни позиМисионерска Поза ВаријацииМисионерска Поза Потекло на изразотМисионерска Поза НаводиМисионерска Поза

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Робинзон КрусоСкопски земјотрес (1963)Коле ЧашулеАнтониа ГиговскаЛешочки манастирЈапонијаЕпидемиологијаПавел ШатевЈулијански календарАјдучка треваБременостМакедонциСтароградско пивоСнелов законСписок на државни знамињаВикипедија на македонски јазикЗаздравување на ранаТапанМомина солзаДаниел ДефоВладо БучковскиГригор ПрличевШизофренијаAppleЈана СтојановскаДеменцијаХороскопски знациЕрекцијаКиткаБлаже КонескиОрелМакедонски ВласиНационален парк ГаличицаБоров четникСрцева слабостГлавна страницаКанатларциДаме ГруевСолиЛибијаАлиса во земјата на чудатаДонтов методНародни носии од Струшки ДримколСоединети Американски ДржавиСојуз на комунистите на ЈугославијаСтара скопска чаршијаРоднински односиТашко ГеоргиевскиРадишаниМесечинаПретседател на МакедонијаБиполарно растројствоОхридско ЕзероЈегермајстерБубрежна инфекцијаОкоГрегоријански календарПридушени осцилацииСветлинаГрад СкопјеЈане СанданскиПетаголникБранко ЦрвенковскиСлепо црево14 априлЛумбагоАлергијаСипанициКатастарски општини во МакедонијаБозелЗвукСписок на повикувачки броеви на земјитеЦрква „Св. Спас“ - СкопјеМакедонија. Етнографија и статистикаИнфективна мононуклеоза🡆 More