Мирни Денови Во Клиши

Мирни денови во Клиши (англиски: Quiet Days in Clichy) - новела на американскиот писател Хенри Милер.

Делото се состои од два посебни текста: „Мирни денови на Клиши“ и „Мара Марињан“ при што вториот дел, според тематиката и книжевната постапка, претставува природно продолжение на првиот дел, така што двата текста прават неделива целина. Првиот дел е напишан во Њујорк, во јуни 1940 година, а бил преработен во Биг Сур, во 1956 година, додека вториот текст е напишан во Њујорк, во мај 1940 година, а бил преработен во Биг Сур, во мај 1956 година.

Содржина

Мирни денови во Клиши

Писателот Џоуи живее во беден стан во Париз, заедно со новинарот Карл. Тој го поминува времето во кафеаните на Монмартр, каде се опива и води љубов со проститутките, а често нема пари ниту за храна. Еднаш, во Кафе Веплер, тој запознава една убава проститутка со име Нис (како градот Ница). Тој има сексуален однос со неа, но подоцна се вљубува и ја продолжува врската со неа. Во меѓувреме, неговиот пријател Карл ја наоѓа малолетната девојка, Колет и почнува да живее заедно со неа, постојано водејќи љубов. Меѓутоа, еден ден, Колет си заминува, а потоа во станот доѓаат мајка ѝ и нејзиниот старател, заканувајќи му се на Карл дека ќе го пријават во полиција. Сепак, кога дознаваат дека Џоуи е писател, тие ја повлекуваат заканата. Покрај врската со Нис, Џоуи ги продолжува своите чести љубовни врски со локалните проститутки. Еднаш, тој и Карл налетуваат на една необична проститутка и двајцата водат љубов со неа, а во меѓувреме утврдуваат дека таа носи револвер. Исплашени, тие заминуваат во Луксембург, но таму се незадоволни од здодевниот живот, па по неколку дена се враќаат во Париз. Веднаш наоѓаат неколку проститутки и ги носат во својот стан, но тие си заминуваат кога дознаваат дека Џоуи и Карл немаат пари. Тогаш, уморниот Џоуи заспива.

Мара Марињан

Џоуи закрепнува од скорешната разделба со својата девојка Кристина, која тој ја нарекува Мара Сен-Луј. Неговиот пријател Карл има љубовница, Елијана, чиј сопруг е в затвор и таа мора да се грижи за трите деца. Карл не може веќе да ја поднесе Елијана и кога треба да ја посети, со себе го поведува и Џоуи. Таму, Карл му кажува на Џоуи дека сретнал убава девојка, а Џоуи излегува да прошета низ градот и во областа Морињан среќава проститутка која му се претставува како Мара. Бидејќи таа е гладна, тој ја носи на вечера. Цела ноќ, Мара му раскажува за својот несреќен живот, така што Џоуи се сожалува на неа и ѝ дава пари. Откако се бакнуваат во една темна улица, Џоуи бега од неа и почнува да плаче. Неколку дена подоцна, тој ја бара Мара на оставената адреса, но не може да ја најде. Тогаш, тој открива дека проститутката го потсетува на Мара Сен-Луј (Кристина) која еден ден засекогаш го напуштила, заминувајќи во Копенхаген. Една недела подоцна, Џоуи се запознава со една девојка од Данска која, исто така, се вика Кристина. Неа ја кани дома на вечера и заедно со Карл и неговата љубовница водат љубов, по што Кристина налутено го напушта нивниот стан.

Осврт кон делото

„Мирни денови во Клиши“ е носталгично сеќавање на еден Американец, вљубен во темната страна на Париз. Главните јунаци во ова дело се проститутките, макроата, емигрантите, новинарите и пропаднатите писатели, а плоштадот Клиши, заедно со околните улички, кафеани, бордели, евтини хотели и бедни соби се местото на случувањата. Иако стилот е типично милеровски, во ова дело тој го слика Монмартр со посветли бои, а еротските пасажи се испреплетени со лирски. Во споредба со неговите останати дела, оваа новела се одликува со помала горчина и безнадежност, а со повеќе оптимизам; со помал сарказам, а со повеќе хумор; и со помалку философија, а повеќе секојдневност.

Наводи

Tags:

Мирни Денови Во Клиши СодржинаМирни Денови Во Клиши Осврт кон делотоМирни Денови Во Клиши НаводиМирни Денови Во КлишиЊујоркАнглискиНовелаХенри Милер

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Миом на маткаКружење на водатаЛига на шампиони во фудбалУставКрвна групаРоднински односиВагинален исцедокЕвропаБосна и ХерцеговинаТетовоСребреницаАлбер КамиЛевица (политичка партија)Загадување на воздухотГлаголТрето полувреме (филм)КумановоЗаздравување на ранаКрушевоСписок на змии во МакедонијаВанчо МихајловПортугалијаСвети Кирил и МетодијПанонски легендиТомас Алва ЕдисонСоцијалистичка Република МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Рак на панкреасотПредмет (граматика)ШтипСуперхеројПеколот (Божествена комедија)Пиреј (роман)Македонски претседателски избори (2019)Стара скопска чаршијаСписок со македонски музичариЕлектролитМеѓашиТромбозаСписок на македонски зборови од турско потеклоБубрежна слабостПочваВиолета ТомовскаПустинска климаМакедонски народни инструментиСписок на езера во МакедонијаОхридска пастрмкаСвети Наум Охридски ЧудотворецМакедонија (регион)ВикипедијаСвети НиколеФК Реал МадридВиолинаСписок на македонски народни поговоркиТоме АрсовскиСупстанцијаГихтХематокритОпштина ЧаирЈудаизамБорис ТрајковскиСвети Наум (манастир)КавадарциКолераПролетStaphylococcus aureusДрогаДора БакојаниБубрежен каменИтар ПејоБозелМакедонски претседателски избори (2009)Извршна властЛарингитис🡆 More