Малколм Тарнбул: австралиски политичар

Малколм Блај Тарнбул (англиски: Malcolm Bligh Turnbull; р.

24 октомври 1954) — австралиски политичар, водач на Либералната партија и тековен премиер на државата почнувајќи од септември 2015 г. пратеник за Вентворт, Нов Јужен Велс од 2004 г. до денес.

Малколм Тарнбил
Malcolm Turnbull
Малколм Тарнбул: австралиски политичар
XXIX Премиер на Австралија
На должноста
Стапил
15 септември 2015
Монарх Елизабета II
Генерален управник Питер Косгроув
Заменик Ворен Трас
Претходник Тони Абот
Водач на Либералната партија
На должноста
Стапил
14 септември 2015
Заменик Џули Бишоп
Претходник Тони Абот
Наследник во служба
На должноста
16 септември 2008 – 1 декември 2009
Заменик Џули Бишоп
Претходник Брендан Нелсон
Наследник Тони Абот
Лични податоци
Роден(а) Малколм Блај Тарнбул
24 октомври 1954(1954-10-24)(69 г.)
Сиднеј
Партија Либерална партија
Други припадности коалиција
Сопружник Луси Хјуз (в. 1980)
Деца Алекс
Дејзи
Установа Сиднејски универзитет
Оксфордски универзитет
Вероисповед католик
Портал Матична страница

Тарнбул ја посетувал Сиднејската гимназија, па запишал право на Сиднејскиот универзитет и дипломирал општествени и правни науки. Потоа добил Родсова стипендија и се запишал на колеџот „Брејзноуз“ на Оксфордскиот универзитет, каде дипломирал граѓанско право. Пред да стане политичар, работел како новинар, правник, инвестициски банкар и стопанисувач со ризичен капитал. Од 1993 до 2000 г. служел и како претседател на Републиканското движење на Австралија.

Во 2007 г., Тарнбул накратко служел како министер за животна средина и водостопанство во кабинетот на Џон Хавард, па во септември следната година бил избран за водач на Либералната партија, и со тоа станал водач на опозицијата. Во 2009 г. застанал на страна на мерките за стакленички гасови предложени од владеачката Лабуристичка партија, што предизвикало поделба меѓу членството на Либералната партијата. Поради ова се свикани нови избори за водач на партијата, на кои Тарнбул изгубил од Тони Абот за еден глас. Во прво време бил со намера да ја напушти политиката, но потоа се премислил, останал на пратеничкото место, па во септември 2013 г. станал министер за комуникации во владата на Абот.

Во септември 2015 г., Тарнбул застанал како противкандидат на Абот за водство на партијата, и го освоил местото со 54 гласа наспроти Аботовите 44. Со тоа, веќе следниот ден го заменил и на функцијата премиер на Австралија.

Поврзано

  • Тарнбулова влада
  • Либерална партија на Австралија
  • Премиер на Австралија

Наводи

Надворешни врски

Предлошка:Премиери на Австралија

Tags:

195424 октомвриАвстралијаАнглиски јазикНов Јужен Велс

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Периоден систем на елементитеНикола ГруевскиМакедонски претседателски избори, 1999Загадување на водатаЕгипетСловачкаПретседател на МакедонијаПоделба на властаМасакр кај КарпалакМакедонски парламентарни избори (2020)БразилСписок на македонски народни поговоркиЈане СанданскиОрел (род)Упад во Собранието на Македонија (2017)СиријаСашо ОрдановскиКонтинентБеровско ЕзероВитамин Б6Оливер СпасовскиЃорѓија СајкоскиРоднински односиКрсте Петков МисирковРеченицаПсоријазаПолип на маткатаМарс (планета)Маричка биткаЗнаме на МакедонијаРак (болест)МачкаИзраелГеографија на МакедонијаИсторијаИзборни единици во МакедонијаДекарЈоаким КрчовскиЈугоисточно македонско наречјеНационален парк ПелистерФК Реал МадридВештачка интелигенцијаГраѓанска опција за МакедонијаГлаголицаИстанбулХрватски месециПрва светска војнаЛудвиг ван БетовенСтепски ВолкРасказХектарАлесандро Дел ПјероДвокружен системЈустинијан IСтругаВоен конфликт во Македонија (2001)БрунејГостиварЕвангелие според ЈованФК МиланСтар векСвета ГораСкржавецот (Плавт)Ѓорѓи ОровчанецРак на панкреасотМеѓународни празнициПрагаЖивотниОпштина ЧашкаВласиСписок на држави по населениеЛокални избори во Македонија (2021)ЕјакулацијаЛазар МојсовДијабетична кетоацидозаЗагрозен вид🡆 More