Македонски ора

Македонските народни ора се традиционални танци кои се неопходно важни во македонскиот фолклор и музичка традиција.

Тесно се поврзани со народните ора од соседните држави, имено, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, но поради музичкиот мелос, добиваат ендемски одлики конкретно на регионот Македонија. На територијата на Република Македонија, пак, зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора се делат во пет регионални групи: Северни ора, Источни ора, Западни ора, Јужни ора и Југозападни ора.

Македонски ора
Сценска изведба на народното оро Потрчано.

Особености

Панаѓур пред црквата „Св. Недела“ во Битола снимен од браќата Манаки, помеѓу 1905-1912

Според содржината и кореографијата, македонските народни игри, песни и музика можат да бидат обредни и световни (соборски или празнични). Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, лазарските, коледарските, русалиските и други. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, љубовните, хумористичните и други. Според формата, ората се делат на: ора што се играат во полукруг, во затворен круг, во змијовидна форма или во парови. Македонските ора се многубројни и разновидни. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, „на сретсело“, пред црквите, училиштата и куќите.

Ората имаат и одлики што се манифестираат и во разнообразноста и богатството на движењата и ставовите (држењето) во играњето. Тие можат да се или отворени, или затворени, а играчите се држат за рацете, за рамењата, за појасите, под рака, или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои смеат да изведуваат додатни чекори и движења. Ората обично се вијат на десно, но има такви што се вијат на лево. Изреката „... се пренесува од колено на колено“, на пример, е конкретно рефлектирана во некои движења на ората. Македонските ора изобилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Исто така, многу ора имаат промена во ритамот, обично менувајќи се од бавна во брза песна.

Македонски ора
Скопје, Русалии (1930-ти).

Обичаи поврзани со ората

  • Традиционално во Македонија постоела забрана жена да игра оро без дозвола на мажот. Жената можела да игра само со блиски роднини, а со непознати или подалечни роднини, можела да се фати на оро само со држење на шамивче.
  • Кога се одело по невеста во црква, свирачите запирале со свирење 15-20 чекори пред црквата.
  • Во Струмичко, Русалиите се играат 12 дена, од Божиќ до Водици, и при тоа собираат пари и подароци за помагање на училишта и за други хумани намени.
  • Во Штип и Кочани имало обичај во понеделник по свадба да се пеат вулгарни песни, а жените се преоблекувале во машка облека, ставале низа лук и пиперки околу вратот, го црнеле лицето и играле и пееле пред куќите на кумот, деверот и кај други роднини.

Инструменти и музика

Ората најчесто се придружувани од народните инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите. Народната музика е обемен термин, но вреди да се напомене дека најпопуларните ритмички тактови кои ги придружуваат ората се «5/8», «7/8», «5/4» и «7/16» - меѓу многу други.

Што се однесува до времетраењето на ората, тоа не е одредено, и често се игра додека играчите или свирачите не се уморат. Забележани се случаи и кога се играло оро без музика и без пеење. Орото што се играло на ваков начин било слично на „Право оро“ или на „Глуво оро“. При играње само се извикувало „Оп, оп, оп“, а играорците често се држеле за рамо.

Видови ора

Дури и со исто име, постојат некои ора што се различни во секој регион или изведувани поинаку поради кореографијата.

Наводи

This article uses material from the Wiki Македонски article Македонски ора, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Особености Македонски ора

Видови ора Македонски ора

Наводи Македонски ора

Југозападни ора

Јужни ора

Албанија

Бугарија

Грција

Западни ора

Источни ора

Македонија (регион)

Македонска народна музика

Оро

Република Македонија

Северни ора

Србија

Танц

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМакедонијаОче нашМајка ТерезаГригор ПрличевСкопјеДен на востанието на МакедонијаФудбалВиктор Иго1647 во музиката1664 во музиката1661 во музикатаСахелК21641 во музикатаПеколот (Божествена комедија)Силјан Штркот1637 во музикатаЈапонски јазициНауката во 1651 годинаСписок на македонски народни поговоркиФудбалско игралиштеДетски праваМихаел ШумахерБајадераХороскопски знациЖанрИталија на Олимписките игриТоше ПроескиЏузепе Гарибалди1636 во музикатаКинеско стандардно времеНауката во 1569 година112 п.н.е.ГомирјеАлександра ПријовиќАтентат врз Франц ФердинандАрхитектОрганизирањеДритан АбазовиќДански јазикИранГлаголСообраќајна мрежаБојан МаричиќУметноста во 1983 годинаМарија IПодгорциМесопотамија1945 во музикатаГеографија на МакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)1661 во уметностаСтрептококен фарингитисОперативен системДржавни празници во МакедонијаАндерс ЦорнИталијанска комуна1503 во музикатаБистра вода (серија)Џејмс МилнерСандра БулокАполо 11Прва светска војнаПаскал БаилЛов на тигриХрватски месециМакедонска азбукаТиндорфСписок на планини во МакедонијаГент-Вевелгем 2020Тврд дискГрадови во МакедонијаМакедонски јазикАвтомобилски регистарски таблички во Македонија🡆 More