Кристијано Роналдо: португалски фудбалер

Kристијано Роналдо Дос Сантос Авеиро (португалски: Cristiano Ronaldo dos Santos Aveiro, р.

5 февруари 1985 во Фуншал) — португалски фудбалер, напаѓач на Ал-Наср и на португалската репрезентација.

Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера
Лични податоци
Полно име Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро
Роден на 5 февруари 1985(1985-02-05)(39 г.)
Роден во Фуншал, Мадејра, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина 1,87 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Наср Ал-Наср
Број 7
Агент Португалија Жорже Мендеш
Младинска кариера
1993–1995 Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера Андориња
1995–1997 Насионал Насионал
1997–2002 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2003 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 25 (3)
2003–2009 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 196 (84)
2009–2018 Реал Мадрид Реал Мадрид 292 (311)
2018–2021 Јувентус Јувентус 98 (81)
2021–2022 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 40 (19)
2023– Ал-Наср Ал-Наср 41 (43)
Репрезентација
2001–2002 Португалија Португалија 17 7 (5)
2003 Португалија Португалија 20 5 (1)
2002–2003 Португалија Португалија 21 10 (3)
2004 Португалија Португалија 23 3 (2)
2003– Португалија Португалија 206 (128)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Животопис

Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадејра. Пораснал во палатата Фуншал во Санто Антонио, со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот). Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време. Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).

Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето. Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила. На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка. На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина, од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.

Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.

Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.

Кариера

Спортинг

На возраст од 16 години, Роналдо бил промовиран од младинскиот тим на Спортинг во првиот од страна на тренерот Лашло Болони, кој бил импресиониран од неговиот дриблинг. Тој станал првиот играч на клубот кој заиграл за тимот под 16 години, под 17 години, под 18 години, Б тимот и првиот тим, сите во рамките на една иста сезона. Една година подоцна, на 7 октомври 2002, Роналдо го направил своето деби во Примеира лигата, против Мореиренсе и постигнал два гола во победата со 3-0.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид

Роналдо ја започнал својата кариера како младински играч за Андориња, каде што тој играл две години, пред да се пресели на Национал. Во 1997 година, тој направил трансфер во португалскиот гигант Спортинг. Во 2003 година тој го привлекол вниманието на Манчестер јунајтед, односно на менаџерот Алекс Фергусон, кој го довел за £ 12.200.000 (15.000.000 €). Во 2004 година, тој го освоил својот прв трофеј, ФА Купот.

Во 2007 година, Роналдо бил првиот играч во Англија кој ги освоил сите четири главни PFA награди. Во 2008 и 2013 година, тој ја освоил ФИФА / Ballon d'Or наградата за најдобар фудбалер во светот, и со тоа станал првиот португалски играч кој ја добил наградата двапати по ред. Тој бил награден со Европската Златна копачка во 2008 година, додека во 2008 година, тој ги освоил 3 од 4 главни PFA награди и бил прогласен за ФИФА играч на годината, ФИФА Про играч на годината, фудбалер на годината, и Onze d'Or. Во 2007 и 2008 година, Роналдо бил прогласен за РС, фудбалер на годината. Тој бил на инаугуриран за победник на ФИФА Пушкаш награда за гол на годината во 2009 година, според УЕФА анкета во 2014 година, тој бил прогласен за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Роналдо станал најскапиот играч на светот, кога тој се преселил од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид во 2009 во трансфер вреден £ 80.000.000 (94.000.000 € / $ 132.000.000). Договорот на Роналдо со Реал Мадрид, бил под условите на кои тој требал да заработува 21.000.000 € годишно (по оданочување), во тоа време највисоко платен фудбалер во светот, со откупна клаузула во вредност од € 100.000.000. Тој се сметал за најдобриот играч во светот, и еден од најголемите на сите времиња. Со 68 гола од септември 2014 година, тој станал втор стрелец на сите времиња, и заостанувал зад Раул Гонсалес само три гола. Тој, исто така, го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите, постигнувајќи 17 гола во сезоната 2013-14.

Роналдо е првиот играч во Европската лига кој стигнал до 40 гола во една сезона во две последователни години, најбрз играч на Реал Мадрид кој постигнал 100 лигашки голови, како и првиот играч кој постигнал гол против секој тим во една сезона во Ла Лига. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона за Реал Мадрид. Во јануари 2014 година, Роналдо го постигнал својот 400-ти гол во кариерата. Во јули 2018 по 9 години во Реал Мадрид, и по 15 освоени титули, направи трансфер во Јувентус за сума од 100 милиони евра плус бонуси.

Јувентус

По една недела шпекулации за трансфер, на 10 јули 2018 година, Роналдо потпишал четиригодишен договор со италијанскиот клуб Јувентус по завршувањето на трансферот од 100 милиони евра, плус придонеси за солидарност на младите клубови на Роналдо и дополнителни 12 милиони евра во други такси. Трансферот бил највисок дотогаш за играч над 30 години, и највисоко платен од еден италијански клуб. По потпишувањето, Роналдо ја цитирал неговата потреба за нов предизвик како негово образложение за заминување од Реал Мадрид. Роналдо го направил своето официјално деби за Јувентус на отворањето на Серија А на 18 август, со победата од 3-2 над Кјево.

Репрезентативна кариера

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера 
Роналдо играјќи на Евро 2016 во полуфиналето против Полска

Роналдо го направил своето деби за Португалија во август 2003 година, на возраст од 18 години Тој оттогаш настапил на повеќе од 100 натпревари и има учествуванонао 6 големи турнири: три УЕФА Европски првенства (2004, 2008 и 2012) и три ФИФА Светски првенства (2006, 2010 и 2014). Роналдо е првиот португалски играч кој постигнал повеќе од 50 голови за репрезентацијата, што го прави топ стрелец на Португалија на сите времиња. Тој го постигнал својот прв меѓународен гол во првиот натпревар на Евро 2004 против Грција, и помогнал на Португалија да стигне до финалето. Тој ја презел функцијата капитен во јули 2008 година, а на Евро 2012 тој ја предводел Португалија до полуфиналето, завршувајќи на конкуренцијата како заеднички најдобар стрелец на турнирот. На Евро 2016 година, Роналдо го забележал најголемиот успех со репрезентацијата на Португалија, освојувајќи го златниот медал, победувајќи ја во финалето, репрезентацијата на домаќинот Франција со резултат 1-0. На Светското првенство 2018 година во Русија, Роналдо со својата репрезентација бил елиминиран во осминафиналето од Уругвај.

Занимливости

Роналдо пет пати ја има освоено наградата на ФИФА „FIFA Ballon d'Or “ за најдобар играч на годината, последната во 2017 година. Тој има освоено 24 трофеи во својата кариера, вклучувајќи пет лига титули, четири титули на УЕФА Лигата на шампионите и една титула на Европско првенство во фудбал во 2016 година. Роналдо ги држи рекордите за најмногу официјални постигнати голови во првите пет европски лиги (372), Лигата на шампионите (110) и УЕФА Европските првенства (29), како и најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите (17). Тој има постигнато повеќе од 600 голови во неговата клупска и репрезентативната кариера.

Титули

Клупски

    Обновено на 22 април 2019

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Спортинг Лисабон

  • Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Суперкуп на Португалија (1) : 2002

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Реал Мадрид

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Јувентус

Репрезентација

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Португалија

Наводи

Надворешни врски

Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Портал „Биографија“
Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Портал „Фудбал“
Кристијано Роналдо: Животопис, Кариера, Репрезентативна кариера  Портал „Португалија“

Tags:

Кристијано Роналдо ЖивотописКристијано Роналдо КариераКристијано Роналдо Репрезентативна кариераКристијано Роналдо ЗанимливостиКристијано Роналдо ТитулиКристијано Роналдо НаводиКристијано Роналдо Надворешни врскиКристијано Роналдо19855 февруариНапад (фудбал)ПортугалијаПортугалски јазикФудбалерФудбалска репрезентација на ПортугалијаФуншал

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски АлбанциКонстантин МиладиновКумановоБорјан ЈовановскиСписок на дипломатски претставништва во МакедонијаРак на белите дробовиХијатална килаСашо ОрдановскиХипотироидизамСкорпијаСлучај ВањаСвети ГеоргиБлаже КонескиЦрнила (драма)ПроливМакедонски претседателски избори, 1994МРП вакцинаЦветнициСписок на македонски писателиПетар ГошевМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаБели крвни зрнцаОНАКрвни плочкиВеличествениот султан (ТВ-серија)Етничка групаА1-телевизијаСвети Кирил и МетодијАртритисНеутрализацијаБојаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Армија на МакедонијаБедија БеговскаМакедонски народни носииСписок на хемиски елементиМакедонијаМасакр во СребреницаФК Реал МадридЦелијакијаМомче во пижами со риги (филм)Амброзија (растение)ВласиГраблива птицаОпштина БрвеницаВилијам ШекспирСпецијално јавно обвинителствоХепатит АТабла (игра)Македонска револуционерна организацијаАзербејџанОпштина Гази БабаЕндометриозаЈосип Броз-ТитоГодинаНовак ЃоковиќДаме ГруевМоликаСрцева слабостВилма ТрајковскаГрегоријански календарЦрни и жолтиРак (болест)РусијаСписок на соработници со државна безбедностМасакр кај КарпалакНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаИзбирачко местоАнална фисураРеферендум во Македонија (2018)Општина Старо НагоричанеХристијанствоМарија КириМакедонски парламентарни избори (2006)МРСАИнтеграЛефтер КоџајМозочен удар🡆 More