Каору Митома

Каору Митома (роден на 20 мај 1997 година, во Канагава) — јапонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Брајтон и на јапонската репрезентација.

Каору Митома
Каору Митома
Лични податоци
Полно име Каору Митома
Роден на 20 мај 1997(1997-05-20)(26 г.)
Роден во Канагава, Јапонија
Држава Јапонија Јапонија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Брајтон Брајтон
Број 22
Младинска кариера
2007–2015 Кавасаки Фронтале Кавасаки Фронтале
2016–2019 Каору Митома Цукуба Даигаку
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2021 Кавасаки Фронтале Кавасаки Фронтале 50 (21)
2021- Брајтон Брајтон 9 (1)
2021-2022Јунион Сен Жилоаз Јунион Сен Жилоаз 21 (5)
Репрезентација
2018-2021 Јапонија Јапонија 21 3 (1)
2021 Јапонија Јапонија 23 9 (4)
2021- Јапонија Јапонија 13 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Биографија

Роден е во спортско семејство, неговиот татко се посветил на атлетиката додека неговата мајка играла одбојка. Тој има и постар брат по име Јуки кој го инспирирал да се занимава со фудбал; сепак Каору, иако имал можност да стане професионален фудбалер откако завршил средно училиште, тој претпочитал да го одложи тоа за да се посвети на универзитетските студии, каде исто така играл фудбал во тимот на неговиот универзитет, Цукуба, истакнувајќи се по својот талент. Учествувајќи во Купот на императорот, тој постигнал два гола во победата од 3-2 против Вегалта Сендаи, клуб од Ј1 лигата, првата дивизија на јапонскиот фудбал. На унивезитетот се стекнал со диплома по моторни науки, а во 2022 година ја најавил својата венчавка со Наруми Миура.

Технички одлики

Игра и како десно крило и како лево крило, Митома е талентиран играч способен да трча многу, опремен со добар дриблинг и одлично чувство за асистенција, квалитети благодарение на кои е секогаш опасен во офанзивните акции на својот тим. Исто така, има прецизен шут и често знае да ја погодува мрежата благодарение на неговите пласирани "завртени" удари со многу ефе. Веќе по дебито бил наговестуван меѓу најсилните азиски фудбалери за 2020 година.

Клупска кариера

Кавасаки Фронтале

Својата кариера како професионалец Митома ја започнал во Кавасаки Фронтале во 2019 година, а истата година одиграл само еден натпревар за клубот во ремито 2-2 против Нагоја Грампус во Купот на Џеј лигата, кој подоцна неговата екипа го освоила.

Следната сезона, тој учествувал во освојувањето на првенствената титула на својот тим за која придонел со 30 настапи и 13 гола, добивајќи го притоа и признанието за еден од најдобрите играчи на тимот: тој го постигнал својот прв гол во првенството во победата со 3-1 против Шонан Белмаре, а потоа постигнувал и по два гола во победите со 6-1 против Консадоле Сапоро и со 3-1 против Јокохама Маринос, исто така асистирал за победничкиот гол кој го постигнал Кенго Накамура во победата со 2-1 против ФК Токио што била 12-та последователна победа на тимот во лигата, за потоа со уште две асистенции за Акихиро Иенага во победата со 5-0 против Гамба Осака да му помогне на својот тим да ја освои титулата на четири кола до крајот.

Благодарение на неговиот гол, на 1 јануари 2021 година, Кавасаки Фронтале ја освоиле својата првата титула во Купот на Императорот, совладувајќи ја Гамба Осака во финалето со 1-0. Следниот месец, против истиот противник, Митома постигнал два гола со кои го одвел Кавасаки до нова победа и до освојувањето на Суперкупот на Јапонија.

Брајтон и Јунион Сен Жилоаз

На 10 август 2021 година, тој бил купен од Брајтон, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од Премиер лигата. Сепак, веднаш по потпишувањето, Брајтон го позајмил играчот на белгискиот клуб Јунион Сен Жилоаз. Првиот гол за Сен Жилоаз го постигнал во Купот на Белгија во победата над Лебеке со 7-0. Во првенството, тој успеал да постигне гол во победата со 3-1 над Андерлехт, и во натпреварот против Серинг во кој влегол во второто полувреме, кога тимот заостанувал со два гола разлика, но Митома постигнал хет-трик за пресврт-победа од 4-2. По завршувањето на сезоната во Белгија, Митома се вратил во Брајтон.

На 13 август 2022 година, Митома го направил своето деби во Премиер лигата за Брајтон, влегувајќи како замена за Леандро Тросар во 75-тата минута во ремито 0-0 против Њукасл Јунајтед на Стадионот Фалмер.

Репрезентативна кариера

Дебитирал за јапонската репрезентација во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Оман во Мускат, кој завршил со победа на Јапонија од 1-0.

На 1 ноември, Митома бил избран во 26-члениот тим на Јапонија за Светското првенство 2022 во Катар. Во последниот натпревар од групата против Шпанија на 1 декември, Митома му асистирал на Ао Танака за победничкиот гол во успехот со 2-1, со кој Јапонија се квалификувала за осминафиналето како победник во групата. Голот потоа наишол на контроверзии, бидејќи првично не бил признат поради излегување на топката надвор од теренот, пред ВАР да досуди дека голот е регуларен давајќи ја како објаснување причината дека искривувањето на топката виси над кредата.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Јапонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-11-2021 Мускат Оман Каору Митома  0 – 1 Каору Митома  Јапонија Квал. за СП 2022 - Каору Митома  46'
24-3-2022 Сиднеј Австралија Каору Митома  0 – 2 Каору Митома  Јапонија Квал. за СП 2022 2 Каору Митома  84'
29-3-2022 Саитама Јапонија Каору Митома  1 – 1 Каору Митома  Виетнам Квал. за СП 2022 -
2-6-2022 Сапоро Јапонија Каору Митома  4 – 1 Каору Митома  Парагвај Пријателска 1 Каору Митома  82'
6-6-2022 Токио Јапонија Каору Митома  0 – 1 Каору Митома  Бразил Пријателска - Каору Митома  73'
10-6-2022 Кобе Јапонија Каору Митома  4 – 1 Каору Митома  Гана Пријателска 1 Каору Митома  80'
14-6-2022 Суита Јапонија Каору Митома  0 – 3 Каору Митома  Тунис Пријателска - Каору Митома  60'
23-9-2022 Диселдорф Јапонија Каору Митома  2 – 0 Каору Митома  САД Пријателска 1 Каору Митома  68'
27-9-2022 Диселдорф Јапонија Каору Митома  0 – 0 Каору Митома  Еквадор Пријателска - Каору Митома  66'
23-11-2022 Ал Рајан Германија Каору Митома  1 – 2 Каору Митома  Јапонија СП 2022 - Прва фаза - Каору Митома  57'
27-11-2022 Ал Рајан Јапонија Каору Митома  0 – 1 Каору Митома  Костарика СП 2022 - Прва фаза - Каору Митома  62'
1-12-2022 Ал Рајан Јапонија Каору Митома  2 – 1 Каору Митома  Шпанија СП 2022 - Прва фаза - Каору Митома  46'
5-12-2022 Ал Вакра Јапонија Каору Митома  1 – 1 прод.
(1 – 3 пен.)
Каору Митома  Хрватска СП 2022 - Осминафинале - Каору Митома  64'
Вкупно Настапи 13 Голови 5

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 6 декември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019 Каору Митома  Кавасаки Фронтале Ј1 0 0 КЏЛ 1 0 - - - - - - 1 0
2020 Ј1 30 13 КИ+КЏЛ 2+5 2+3 - - - - - - 37 18
2021 Ј1 20 8 КИ+КЏЛ 0+0 0+0 АЛШ 3 2 СЈ 1 2 24 12
Вкупно Кавасаки Фронтале 50 21 8 5 3 2 1 2 62 30
2021-2022 Каору Митома  Јунион Сен Жилоаз ПЛ 21+6 5+2 КБ 2 1 - - - - - - 29 8
2022-2023 Каору Митома  Брајтон ПЛ 9 1 ФАКуп+ЛК 0+2 0+1 - - - - - - 11 2
Вкупно во кариерата 86 29 12 7 3 2 1 2 102 40

Титули

Каору Митома  Кавасаки Фронтале

  • Ј1 лига : 1
    2020
  • Куп на Императорот : 1
    2020
  • Суперкуп на Јапонија : 1
    2021

Наводи

Надворешни врски

Каору Митома  Портал „Биографија“
Каору Митома  Портал „Фудбал“
Каору Митома  Портал „Јапонија“

Tags:

Каору Митома БиографијаКаору Митома Технички одликиКаору Митома Клупска кариераКаору Митома Репрезентативна кариераКаору Митома СтатистикаКаору Митома ТитулиКаору Митома НаводиКаору Митома Надворешни врскиКаору Митома199720 мајЈапонијаКанагава (префектура)Напад (фудбал)Среден ред (фудбал)ФК Брајтон енд Хоув АлбионФудбалерФудбалска репрезентација на Јапонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски комитетРуса треваОрелStaphylococcus aureusВекторСписок на држави по населениеРепродуктивен системЗоран МилановиќГостиварГаличицаКсенија ПајчинВикипедијаТом СоерСиријаАлберт АјнштајнСмоларски ВодопадСончев СистемАмерикаБаза (хемија)ТунисЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонска револуционерна организацијаАреаПоплаваОвулацијаИсламЃорге ИвановАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаБиблијаМарко Крале и црна АрапинаПоделба на властаГаличникКлеопатраКиро ГлигоровСписок на македонски филмовиТангентен четириаголникСинонимПелистерЕмоцијаЈани МакрадулиСловачкаАлександар III МакедонскиГрад СкопјеОпштина ЧашкаЦрвени крвни зрнцаХристијанствоКирилицаЛеукемијаЛазар КолишевскиМакедонијаСтефан ДушанПремиер на МакедонијаГрцијаВагинален исцедокЖелкиОбласти во КазахстанИнфективна мононуклеозаВласиЈугославијаКрсте Петков МисирковЕкосистемАвантурите на ПинокиоРобинзон КрусоПланетаШпанијаГарванот (поема)КожуфГрегор МенделЛанец на исхранаОпштина КавадарциОфицерски дом (Скопје)СердаротРоманијаДаме ГруевАнтибиотик со широк спектар на дејствоМакедонски парламентарни избори (2020)БегалкаНаизменична струја🡆 More