Ковид-19

Коронавирусна болест 2019 (англиски: coronavirus disease 2019; позната под скратениците КОВИД-19 и COVID-19) — вирусна дишна болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.

Коронавирусна болест 2019
(COVID-19)
Синоними
  • 2019-nCoV акутна болест на дишниот систем
  • Нова коронавирусна пневмонија
Ковид-19
Симптоми
СпецијалностАкутна инфекција на дишниот систем
Симптомигрозница, кашлица, краток здив
Компликациипневмонија, повреда на белите дробови, откажување на бубрег
ПричинителиSARS-CoV-2
ПревенцијаМиење на раце

Болеста првпат се појави во градот Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина, меѓу пациентите коишто задобиле пневмонија без јасна причина. Поради брзото ширење на болеста, Светската здравствена организација прогласила епидемија. Забележани се заразани случаи ширум западниот свет преку Азиско-тихоокеанското подрачје, главно меѓу патници коишто по потекло се од Кина, а местен пренос е забележен и во Европа.

Времето пред појавување на првите симптоми на болеста е обично помеѓу 2 до 14 дена. Се препорачува редовно миење на раце и оддалечување од луѓе коишто кашлаат.

Симптоми

Симптом Процент
Грозница 87,9 %
Сува кашлица 67,7 %
Умор 38,1 %
Создавање плунка 33,4 %
Скратен здив 18,6 %
Болка во мускулите и зглобовите 14,8 %
Болка во грлото 13,9 %
Главоболка 13,6 %
Ежење 11,4 %
Мачнина или повраќање 5 %
Затнат нос 4,8 %
Пролив 3,7 %

Како и кај другите дишни заболувања, заразата со вируси САРС-КоВ-2 може да предизвика благи симптоми, вклучувајќи течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои луѓе, може да предизвика сериозна болест, како пневмонија или останување без здив. Ретко, болеста може да биде смртоносна. Постои зголемен ризик кај постари лица и лица со претходно постоечки хронични состојби (како што се дијабетес и срцеви заболувања).

Во примерок од 55.924 потврдени случаи со лаборатории во Кина, типични симптоми биле: треска (87,9 % од случаите), сува кашлица (67,7 %), замор (38,1 %), создавање плунка (33,4 %), скратен здив (18,6 %), болки во грлото (13,9 %), главоболка (13,6 %), болки во мускулите или зглобовите (14,8 %), ежење (11,4 %), гадење или повраќање (5,0 %), затнат нос (4,8 %) и пролив (3,7 %).

Главниот начин на заразата кај луѓето е пренесување од човек на човек, што обично се јавува преку издишаните капки на заразените лица кои кашлаат или издишуваат. Периодот на инкубација е генерално помеѓу 2 и 14 дена, со просек од 3 дена иако биле пријавени случаи и со дури 24 дена инкубација.

Понатамошниот развој може да доведе до тешка пневмонија, синдром на акутно пореметување на дишењето, сепса, септичен шок и смрт. Некои заразени лица може да се инфоцирани без да покажуваат клинички симптоми, затоа се препорачува лицата во близок контакт со потврдени заразени пациенти да бидат прегледани и да се следат, за да се исклучи заразата.

Спречување

Ковид-19 
Светската здравствена организација за спречување на SARS-CoV-2 и негово ширење препорачува користење дезинфекциони средства што имаат барем 60 % алкохол во својот состав.

Во мигов нема одобрен лек или вакцина за третман на болеста. Спречувањето е слично како и кај другите видови грип, каде што потребно е да имате соодветна хигиена на рацете, сигурна прехрана и да избегнувате близок контакт со секој што има симптоми на дишни заболувања, како што се кашлање и кивање.

Миење раце

Центрите за контрола и спречување од болести препорачуваат редовно миење на раце со сапун најмалку 20 секунди, посебно после одење во тоалет, пред јадење, и после дување на нос, кашлање или кивање. Ако сапун не е достапен, тогаш се препорачува кое било средство за миење раце со најмалку 60 % алкохол.

Дишна хигиена

Здравствената тела препорачуваат поединците да покриваат уста и нос со марамче за време на кашлање или кивање (кое треба веднаш да се фрли), или со ракавот, ако марамче не е достапно.

За оние коишто лесно можат да се заразат се советува да носат хируршки маски. Маските за лице можат да ја ограничат силата и насоката на капките што се распрскуваат додека зборувате, кивате или кашлате. Светската здравствена организација објавила најдобри практики за употреба на маски:

  • Внимателно ставете ја маската да ги покриете устата и носот и водете сметка да не постои празнина помеѓу вашето лице и маската.
  • Избегнувајте допирање на маската додека ја користите; ако веќе тоа го правите, претходно исчистете ги рацете со трлање со сапун на основа на алкохол.
  • Заменете ја маската со нова ако е влажна и повторно не користете маски што се за еднократна употреба.
  • Извадете ја маската од внатрешната страна (не допирајте ја предната страна на маската); фрлете ја брзо и затворете ја кантата; Измијте ги рацете со сапун врз основа на алкохол.

Причина

Ковид-19 
SARS-CoV-2 (средина, жолто), како се гледа со електронски микроскоп.

Болеста ја причинува вирусот SARS-CoV-2 за кој се смета дека е од животинско потекло. Епидемиолошката студија на првите 72.314 случаи ја установила можноста за „постојан заеднички извор“ за избивање на епидемијата во декември 2019, кој најчесто се поврзува со пазарот во Хуанан каде се продаваат разни видови на животни. Првиот пренос од човек на човек е забележан во јануари 2020 година. Пазарот, кој се наоѓал близу станбени комплекси, бил еден од најголемите во централна Кина, а целиот негов западен дел главно се користел за продажба на диви животни. Хигиената и условите во кои работел пазарот биле оценети како незадоволителни, каде мртвите и живите животни се чувале во непосредна близина. The New York Times во својот извештај напишал: „санитаријата беше лоша, со слаба вентилација и ѓубре што се акумулираше на влажните подови“. Сепак, сè уште не е утврдено дали избивањето на пандемијата од новиот коронавириус започнало на пазарот во Вухан.

Смртност

До 10 март 2020 потврдени се 4.090 смртни случаи. Повеќето од нив, околу 80 % биле лица постари од 60 години, а 75 % од нив веќе имале одредени здравствени потешкотии вклучувајќи кардиоваскуларни болести и дијабетес. Процентуалната смртност е помеѓу 1–3 %.

Мажите имале стапка на смртност од 2,8 %, а жените од 1,7%. Кај пациентите помлади од 50 години стапката на смртност не е поголема од 0,5 % додека кај оние над 70 години изнесува преку 8 %.

Пандемии

Избивање на епидемијата од новиоткоронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина. Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2. Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле идентификувани и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.

Ковид-19 
Карта за дистрибуција на вируси

Пандемијата на КОВИД-19 во Италија 2020 била прогласена на 30 јануари, кога двајца кинески туристи биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2 во Рим. Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари, за веќе следниот ден да се зголеми на 60 со појава на првите смртни случаи во истите денови.

До 10 март 2020, потврдено е околу 116.000 случаи, од кој 8.000 биле сериозни случаи. Преку 64.000 луѓе успеале да се опорават, додека болеста предизвикала 4.090 смртни случаи.

Вирусот се проширил и во останатите земји и територии. По хронолошки распоред, тие биле Тајланд, Јапонија, Макао, Јужна Кореја, Тајван, САД, Хонгконг, Сингапур, Франција, Непал, Виетнам, Австралија, Малезија, Канада, Камбоџа, Германија, Финска, Шри Ланка, Обединети Арапски Емирати, Индија, Италија, Филипини, Велика Британија, Русија, Шведска, Шпанија, Белгија, Египет, Иран, Израел, Либан, Авганистан, Бахреин, Кувајт, Ирак, Оман, Алжир, Австрија, Бразил, Хрватска, Швајцарија, Грција, Пакистан, Македонија, Грузија, Норвешка, Романија, Данска, Естонија, Северна Ирска, Сан Марино, Холандија, Нигерија, Белорусија, Литванија, Нов Зеланд, Мексико, Азербејџан, Исланд, Монако, Катар, Еквадор, Луксембург, Ирска, Ерменија, Доминиканска Република, Чешка и Индонезија.

До 10 март 2020 секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имале барем еден случај заразен од COVID-19.

Општествено-економски последици

Заклучно со 6 март 2020, околу 291,5 милиони деца и младинци не присуствуваат на настава во училиштата поради привремена суспензија на наставата во настојување на се спречи ширење на болеста.

Епидемијата од новиот коронавирус предизвикала низ општествено-економски последици како што се недостаток на разни видови на стоки, делумно поради панично купување, но и поради пореметување во фабриките и логистиката. Неколку држави како што се САД, Италија и Хонгконг, се посебно погодени со масовно празнење на полиците во продажните центри, посебно кога станува збор за храна, тоалетна хартија и вода во шишиња.

Саудиска Арабија привремено забранила влегување на странци во Мека и Медина како не би дошло до ширење на новиот коронавирус.

Потекло на поимот

КОВИД-19 е службено име за коронавирусната болест што ја предизвикува вирусот SARS-CoV-2 (CO значи „корона“, VI „вирус“, а D стои за зборот „disease“, што на англиски значи болест).

КОВИД-19 во уметноста и во популарната култура

  • „Си беше еднаш кога се дишеше...“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Петтиот гостин“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Казна“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Приазни од светларникот“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
  • „Седум градови“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
  • „Валкан мал вирус“ (англиски: Dirty Little Virus) — песна на американскиот рок-музичар Иги Поп од 2020 година.

Поврзано

Останато

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ковид-19 СимптомиКовид-19 СпречувањеКовид-19 ПричинаКовид-19 СмртностКовид-19 ПандемииКовид-19 Потекло на поимотКовид-19 КОВИД-19 во уметноста и во популарната култураКовид-19 ПоврзаноКовид-19 ОстанатоКовид-19 БелешкиКовид-19 НаводиКовид-19 Надворешни врскиКовид-19SARS-CoV-2Анг.ВирусКоронавирус

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рамнокрак триаголникСтругаЕвропска УнијаТалат ЏафериФигура (стилистика)ГевгелијаМаксим ДимитриевскиМонакоАлијанса за АлбанцитеБраќа МиладиновциПремиер на МакедонијаИзборна единица 5РамазанЈугоисточно македонско наречјеФК Реал МадридИзборни единици во МакедонијаПроцентФК МиланМРП вакцинаПравопис и правоговор на македонскиот јазикМобингОпштина ЦентарИнфективна мононуклеозаСолистСкратеници во македонскиот јазикМозокДециметарИшијасВизантијаВоен конфликт во Македонија, 2001Борис ТрајковскиГаличникÈ (кирилица)Јосип Броз-ТитоМарс (планета)Крвна групаОпштина СарајИсландЕкосистемСтомакМакедонски парламентарни избори (2016)Корално МореБелото ЦиганчеГравХристијан Тодоровски-Карпош1937Исламски календарОпштина Шуто ОризариСобрание на МакедонијаСашо ОрдановскиКумановоТестостеронЈохан ТарчуловскиНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаТурцијаДијабетична кетоацидозаРенесансаСвета ГораБлаже КонескиСврзникАмазонДен на планетата ЗемјаБРИКСЦрнила (драма)Карлес ПуџдемонЗаушкиСписок на градови во Македонија по населениеЖичени инструментиПеколот (Божествена комедија)Министер за култура на МакедонијаДојранМакедонски парламентарни избори, 2008КвадарНАТОДемократска партија на АлбанцитеРак на панкреасотЦетиризинБитка во АрачиновоВеличествениот султан (ТВ-серија)🡆 More