Источна Румелија

Источна Румелија била автономна област со центар во Пловдив, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година.

Најголемиот дел од жителите на Источна Румелиjа биле Бугари, поради што на двапати тие се обиделе да се соединат со Кнежевството Бугариjа - во 1881 г. и во 1885 г.

Источна Румелија
Източна Румелия
Iztočna Rumelija
روم الى شرقى
Rumeli-i Şarkî
Автономна провинција на Османлиското Царство
Источна Румелија
1878–1908a Источна Румелија
Местоположба на Источна Румелија
Местоположба на Источна Румелија
Источна Румелија во 1890.
  •   Источна Румелија
Главен град Пловдив
Управа Автономна провинција
Генерален гувернер
 -  1879–1884 Александар Богориди
 -  1884–1885 Гаврил Крстевич
 -  1886 Александар Јозеф
 -  1887–1908 Фердинанд Максимилијан
Историја
 -  Берлински конгрес 13 јули 1878
 -  Соединување со Бугарија 6 септември 1885
Население
 -  попис од 1884 975,030 жит.
Денес во Источна Румелија Бугарија

Историја

Според Берлинскиот конгрес териториите меѓу Стара Планина и Родопите без Софискиот санџак требало да формираат посебна област наречена Источна Румелија која била оставена под директната власт на султанот под услови на административна автономија. На чело на областа бил назначен христијански управител од Високата порта во согласност на Големите сили за период од 5 години. Султанот имал право да ги брани границите на областа, дагради тврдини и слично. За одржување на внатрешниот ред била основана локална полиција со офицери, назначувани од султанот.

Со септемврискиот револт во Пловдив во 1885 година и со манифестот на бугарскиот кнез Александар I Батенберг според кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, било извршено обединување на Источна Румелија со Кнежевство Бугарија. Ова обединување на Источна Румелија со кнежевството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.

Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на Србија и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компезација да биде отстапен дел од Македонија, над кој Грција претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на Отоманското Царство, бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компезација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои Јужна Добруџа. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на Австроунгарија и Германија, а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Источна Румелија со кнежевството.

Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24 октомври 1885 година свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австроунгарија. Во Српско-бугарската војна, Бугарија излегла како победник.

Генерални управители

Бр. Портрет Име
(роден–починал)
Мандат
1 Источна Румелија  Кнез Александар Богориди
(1822–1910)
18 мај 1879 26 април 1884
2 Источна Румелија  Гаврил Крстевич
(1813–1898)
26 април 1884 18 септември 1885
3 Источна Румелија  Кнез Александар Батенберг
(1857–1893)
17 април 1886 7 септември 1886
4 Источна Румелија  Кнез Фердинанд
(1861–1948)
7 јули 1887 5 октомври 1908

Литература

  • Гојко Павловиќ, „Бугарија и Источна Румелија: нивните меѓународни, невладини и правна и политичка положба на 1876-1887 година“, Белград, 1907.

Tags:

187818811885Берлински конгресБугариКнежевство БугаријаПловдив

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бубрежна слабостНикола КаревМали сипанициМакедонска азбукаЕрменциШеќерна болестСтрептококен фарингитисМакедонци-муслиманиЧинови на полицијата во МакедонијаЛибијаНадбубрежна жлездаВодаПертусисАјватовциСлавко ЈаневскиМарија АнтоанетаСоединети Американски ДржавиГабаМакедонски денарБразилСловенијаЕлизабета ЃоргиевскаПофално словоОкеанЕлектролитПопис на населението во Македонија (2021)ВладаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЖолтицаЧовекАлцхајмерова болестПоплаваСписок на главни градови во светотВидови аглиЕвропаБременостМовМагнетно полеОпштествено уредувањеМозокБудимпештаБојаЗевсЖолчкаКанцониеротМакедонијаМачкаЈужна ЕвропаХемоглобинДишен системМонакоВолфганг Амадеус МоцартПочваОче нашИзменетосредоземна климаСеверна АмерикаРеферендум во Македонија (1991)ОУ „Димитар Миладинов“ - ЦентарСпоменик на слободата (Рига)Изборна единица 6Методија Андонов-ЧентоТумор на мозокТеодосиј ГологановБик (хороскопски знак)АнтибиотикСписок на градови во Македонија по населениеДимче МешковскиМакедонски комитетМексикоХијатална килаКоле ЧашулеПартија за движење на Турците во МакедонијаМакедонија (регион)Крива ПаланкаБосна и ХерцеговинаДекамеронАнглиски јазик🡆 More