Заб

Забите (лат.

Видови заби
  • Катниците (molares) се користат за мелење на храна.
  • Очниците (canines) (кучешки заби) се користат за сечење на храна. Ги има само кај месојадци.
  • Преткатниците (praemolares) се слични на катниците, но се помали и понекогаш се нарекуваат „мали катници“.
  • Секачите (incizors) се користат за сечење на храна.

dentes) се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата. Тоа се структури кои се наоѓаат во вилиците на многу ’рбетници. Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.

Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови нивните односи. Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло. На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање. На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.

Типови забни ткива

Кај луѓето

  • Глеѓ (емајл) е цврст надворешен слој кој се состои од калциум и фосфат.
  • Дентин е внатрешниот слој, главнината на забот.
  • Пулпа е јадрото, кое содржи нерви и крвни садови.
  • Цемент е тенкиот слој околу коренот; коскен материјал кој ги поврзува забите со вилицата.

Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот. Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (2), преткатници (4) и катници (6).

Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели. На некои други животни им расте само една генерација заби. Забите на глодачите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.

Делови на забот

Заб 
Катник кај човек

Забите се состојат од три дела:

  • Коронка (круна) - надворешниот, видлив дел од забот
  • Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски
  • Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот

Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.

Внатрешност на забот

Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервните садови ја исполнуваат пулпината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.

Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава пулпата, која го исхранува овој слој.

Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот, и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата.

Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл (глеѓ) - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело, која служи за спречување на кариес. Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхрана на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.

Здравите заби најчесто потемнуваат како што човекот созрева, зашто пулпата во рамките на забот се стеснува и на нејзино место доаѓа дентин.

Забот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Кариес“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.
  • „Заби“ (српски: Зуби) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.
  • „Млечно запче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година
  • „Чепкалки за заби“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.
  • „Мевце во заб“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.
  • „Итар Пејо му вади заб на селанец“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.
  • „Душо, извади ги забите“ (англиски: Baby, Take Your Teeth Out) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.
  • „Пломба за Зелениот заб“ (српски: Plomba Za Zelenog Zuba) — песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.
  • „Твоите златни заби“ (англиски: Your Gold Teeth) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.
  • „Твоите златни заби II“ (англиски: Your Gold Teeth II) — песна на американската рок-група Стили Ден од 1975 година.
  • „Млечни заби“ (англиски: Milky Teeth) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.
  • „Заби“ (англиски: Teeth) — песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.

Поврзано

  • Топографско-анатомско обележување на забите
  • Посебни морфолошки одлики на забите
  • Дентална номенклатура
  • Кариес

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Заб Делови на заботЗаб Внатрешност на заботЗаб от како тема во уметноста и во популарната култураЗаб ПоврзаноЗаб Надворешни врскиЗаб НаводиЗабВарењеЛатински јазикМесојадциУсна празнинаХрана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

К-15ЕстивацијаЈаглехидратАкутен бронхитисБосна и ХерцеговинаОбласти во КазахстанЖирафаРечник на стари македонски зборовиБен АфлекЦар Едип (драма од Софокле)Стево ПендаровскиГарванот (поема)Олимписки боговиЖичени инструментиТалат ЏафериПриродаЖолт смокКомунизамИменкаПирамида (геометрија)ДанскаЈосип Броз-ТитоЗемја (планета)Питу ГулиВашингтонРоберто КавалиИсак ЊутнРеченицаKлиндамицинКиро ГлигоровПоскокНадбубрежна жлездаЈане СанданскиВештачка интелигенцијаБајкаСтопанска банка АД СкопјеАнемијаОпштина СтуденичаниДекарЈоаким КрчовскиПетре М. АндреевскиКомпирПетровденВртоглавицаJava (програмски јазик)Призма (геометрија)Изборна единица 2ВласиВидови аглиВагинален исцедокСкопјеСписок на држави по населениеСтара скопска чаршијаСловенијаОхридДијагоналаСрцева слабостБегалкаУнгаријаОбединето КралствоСписок на градови во Македонија по населениеМладост (езеро)Национален парк ГаличицаМинистерство за животна средина и просторно планирањеТеодосиј СинаитскиПравоаголникПредмет-подмет-прирокОпштина ПрилепТромбоцитопенијаИракНародна Република КинаПреспански договорРепублика МакедонијаГабаДиво месо (драма)Јадранско МореВулканСмоларски ВодопадКаролина Гочева🡆 More