Енди Ворхол

Енди Ворхол (роден Ендру Ворхола, 6 август 1928 - 22 февруари 1987) бил американски сликар, режисер, издавач и лидечка фигура во поп арт движењето.

Енди Ворхол
Енди Ворхол (1977)
Енди Ворхол
Campbell's супа (1964)

Ворхол потекнува од Питсбург, Пенсилванија, САД. Неговите родители се имигранти од Микова (североисточна Словачка). Тој рано покажува уметнички талент, а подоцна студира комерцијална уметност на Карнегиевиот институт за технологија (денес познат како Карнеги Мелон Универзитет) во Питсбург. По дипломирањето во 1949, се сели во Њујорк и почнува успешна кариера како илустратор за магазини и реклами. Станува познат главно по неговите цртежи на чевли, остварени во слободен, замачкан стил.

На почетокот од 1960, почнува да прави платна на познати американски производи како конзервите Campbell's супа и Кока-кола. Постепено се префрла на печатени, обидувајќи се не само да прави дела од масовно произведени предмети, туку воопшто, масовно да произведува уметност. Тој вработува и надгледува „уметнички работници“ ангажирани во правење на слики, чевли, филмови и друго во неговото студио, познато како „Фабриката“.

Фабриката

Фабриката, сместена на 221 East 47th Street во Менхетен е студиото на Ворхол од 1963 до 1967, по што се сели на 33 Union Square West на крајот од 1967 кога првата зграда е срушена. Фабриката е популарно збиралиште на уметнички типови, корисници на амфетамини итн. „Ворхол суперѕвезди“ (група постојани филмски соработници). Меѓу другите, тука се и Мик Џегер, Дејвид Боуви и Лу Рид, чиј рок бенд The Velvet Underground ќе стане познат под менаџерската палка на Ворхол. Во продолжение, од 1963 до 1968, во Фабриката се симнаат преку 60 филмови, претежно од експериментална природа. Најпознатиот од нив, Спиење покажува човек како спие 8 часа.

На 3 јуни 1968, Валери Соланас, редовен работник во Фабриката, пука трипати во Ворхол, притоа тешко ранувајќи го. Причината што Соланас ја наведува е дека Ворхол „имал преголема контрола врз нејзиниот живот.“ Ворхол набрзо и простува.

1970-ти и 1980-ти

Во текот на 1970-те и 1980-те, Ворхол е главно познат по неговите масовно произведувани портрети на поп икони како Елвис Присли, Мерилин Монро, Мао Це Тунг и др. Во истиот период тој издава и 3 книги, најпозната од кои е „Филозофијата на Енди Ворхол: од А до Б и назад.“ Неговите популарни врски продолжуваат, па така тој се поврзува и со Blondie и Duran Duran.

Постојат повеќе легенди околу Ворхол, повеќето од кои потекнуваат од самиот него. Тој сепак важи за тивок и внимателен набљудувач. Неговите обидувања околу уметноста се слични на оние на Марсел Дишан - според него, сè е уметност. Ворхол е еден од ретките славни лица во тој период што отворено ја носи својата хомосексуалност и тој често им ги посветува своите дела на пријатели и љубовници. Тој исто така е и тврдокорен колекционер на секој предмет што има врска со него, од писма на обожаватели до новинарски статии за него, така што своите колекции ги пакува во нумерирани кутии што никогаш не ги отвора. Според него, тоа се „временски капсули“. Истите се и ден денес предмет на изучување во Енди Ворхол музејот во Њујорк.

Енди Ворхол умира при рутинска операција на мочниот меур на 58 години. По неговата смрт Sotheby's на аукција продава дел од неговиот имот за преку 20 милиони долари.

Ворхол како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Енди Ворхол“ (Andy Warhol) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.

Наводи

This article uses material from the Wiki Македонски article Енди Ворхол, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Фабриката Енди Ворхол

1970-ти и 1980-ти Енди Ворхол

Ворхол како тема во уметноста и во популарната култура Енди Ворхол

1928

1987

22 февруари

6 август

Поп арт

САД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМакедонијаОче нашМајка ТерезаГригор ПрличевСкопјеДен на востанието на МакедонијаФудбалВиктор Иго1647 во музиката1664 во музиката1661 во музикатаСахелК21641 во музикатаПеколот (Божествена комедија)Силјан Штркот1637 во музикатаЈапонски јазициНауката во 1651 годинаСписок на македонски народни поговоркиФудбалско игралиштеДетски праваМихаел ШумахерБајадераХороскопски знациЖанрИталија на Олимписките игриТоше ПроескиЏузепе Гарибалди1636 во музикатаКинеско стандардно времеНауката во 1569 година112 п.н.е.ГомирјеАлександра ПријовиќАтентат врз Франц ФердинандАрхитектОрганизирањеДритан АбазовиќДански јазикИранГлаголСообраќајна мрежаБојан МаричиќУметноста во 1983 годинаМарија IПодгорциМесопотамија1945 во музикатаГеографија на МакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)1661 во уметностаСтрептококен фарингитисОперативен системДржавни празници во МакедонијаАндерс ЦорнИталијанска комуна1503 во музикатаБистра вода (серија)Џејмс МилнерСандра БулокАполо 11Прва светска војнаПаскал БаилЛов на тигриХрватски месециМакедонска азбукаТиндорфСписок на планини во МакедонијаГент-Вевелгем 2020Тврд дискГрадови во МакедонијаМакедонски јазикАвтомобилски регистарски таблички во Македонија🡆 More