Ед Ширан

Едвард Кристофер Ширан (англ: Edward Christopher „Ed“ Sheeran; роден на 17 февруари 1991) е англиски пејач и текстописец.

Ед Ширан
MBE
Ед Ширан
Ед Ширан во Берлин во 2018
Роден(а)Едвард Кристофер Ширан
17 февруари 1991(1991-02-17)(33 г.)
Халифакс, Англија
ОбразованиеГимназијата Томас Милс
Занимање
  • Пејач
  • Текстописец
  • гитарист
  • музички продуцент
  • актер
Активен период2004–денес
СопружникШери Сиборн (в. 2019)
Деца2
Страница
edsheeran.com

Ран живот

Едвард Кристофер Ширан е роден на 17 февруари 1991 година во Халифакс, Англија. Во декември 1995 година со своето семејство се преселил со своето семејство во Фрамлингем (Сафолк), каде што посетувал основно и средно училиште. Има постар брат, Метју, кој работи како композитор. Родителите на Ед Ширан, Џон и Имоген, се од Лондон, а неговите баба и дедо се Ирци.

Ширан на четиригодишна возраст почнал да пее во месниот црковен хор, научил да свири гитара на единаесетгодишна возраст, и почнал да пишува песни додека бил во средното училиште Томас Милс во Фрамлингем. Како тинејџер бил примен во Националниот младински театар во Лондон. Во 2007 се пријавил на аудиција за Британскиот младински музички театар и бил примен за претстават Франкенштајн - нов мјузикл во Плимут.

Кариера

2004–2010: Почетоци на кариерата

Ширан започнал да снима музика во 2004 година, а на тринаесетгодишна возраст самостојно ја издал својата прва колекција на дела, насловена Spinning Man. Во 2008 се преселил во Лондон. Есента 2009 година, Ширан почнал да студира музика на Академијата за современа музика (ACM) во Гилдфорд, но истата година без дозвола заминал за да го поддржи хип-хоп изведувачот Џаст Џек.

Ед Ширан пополека стекнувал популарност на YouTube и неговите обожаватели биле се побројни, а добил пофалби од весникот „Индипендент“ и од Елтон Џон. Додека бил во Лос Анџелес (2010), бил поканет да настапи во The Foxxhole, клуб управуван од актерот Џејми Фокс.

На 8 јануари 2011 година, Ширан објавил уште едно независно ЕП и го привлекол вниманието кон себе затоа што со продадени преку 7.000 примероци во првата недела се искачил на второто место на iTunes листата без воопшто да го промоира или зад него да стои продукциска куќа. Три месеци подоцна, Ширан потпишал со Asylum Records.

2011–2015: + и ×

На 26 април 2011 година, Ширан се појави во музичкото шоу на BBC Later... со Jools Holland, каде што го извел својот деби-сингл „The A Team“. Песната била водечки сингл од деби студискиот албум на Шеран, + (се изговара „плус“). „The A Team“ бил најпродаван деби сингл и вкупно осмиот најпродаван сингл во 2011 година, продаден во 801.000 примероци.

Ед Ширан 
Ширан на Фестивал во Австрија, август 2012 година

Шеран го објавил албумот „+“ на 12 септември 2011 година. Албумот добил поволни критики од музичките критичари и дебитирал на првото место на UK Albums Chart со продажба од 102.000 примероци.

На доделувањето на Брит наградите 2012, Ширан ја освоил наградата за најдобар британски машки соло изведувач и Најдобар нов музичар за претходната година. На 10 јануари 2012 година, било објавено дека Ширан ќе им се приклучи на Snow Patrol на нивната турнеја во САД(март-мај 2012). Неговата песна, „Give Me Love“, била прикажана во епизодата „Опасни врски “ на Вампирски дневници. На доделувањето на наградите Ivor Novello во мај 2012 година, „The A Team“ од Ширан ги победил „Rolling in the Deep“ од Адел и „ Shake It Out “ од Florence and the Machine за најдобра музика и текст на песна. Ширан ја извел „The A Team“ на концертот за дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора пред Бакингемската палата на 4 јуни 2012 година и преработката песната „Wish You Were Here“ од Пинк Флојд на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри 2012 година во Лондон на 12 август 2012 година.

Откако ги слушнала неговите песни, Тејлор Свифт го контактирала Ширан за време на нејзината австралиска турнеја во март 2012 година. Подоцна тој ја напишал и пеел во „Everything Has Changed“, песна од четвртиот студиски албум на Свифт, Red. Ширан, исто така, придонел со две песни за вториот студиски албум на One Direction, Take Me Home, објавен во ноември 2012 година. „The A Team“ добила номинација за песна на годината на Греми наградите во 2013 година. Елтон Џон, кој управувал со менаџерската компанија на Ширан, побарал од организаторите на наградата да му овозможат настап на Ширан на церемонијата, но му било кажано дека Ширан не е доволно високо профилиран уметник. Џон, за да го надмине ова одлучил да настапи заедно со Ширан.

Од март до септември 2013 година, Ширан пеел на арените и стадионите ширум Северна Америка како предгрупа на турнејата на Свифт, Црвено. Ширан беше номиниран за најдобар нов изведувач на Греми наградите во 2014 година.

Вториот студиски албум на Ширан, × (се изговара „multiply“ „помножено“), бил објавен на 23 јуни 2014 година. Албумот содржи песни продуцирани од Рик Рубин, Фарел Вилијамс и Бени Бланко, како и онаа на Гослинг. × се искачил на првото место на топ листите за албуми во Велика Британија и на Билборд 200 во САД. За да го поддржи албумот, Ширан тргнал на светска турнеја која започнала на 6 август 2014 година во Осака, Јапонија. Во 2014 година, Spotify го прогласил за најстримуван изведувач, а × за најстримуван албум. Истата година, Ед Ширан бил најпродаван музичар на iTunes во ОК, Ирска и Нов Зеланд.

Ед Ширан 
Ширан на сцената на стадионот Вембли, јули 2015 година

× бил номиниран за албум на годината на 57-те Греми награди. На 25 февруари, Ширан ја добил наградата за најдобар британскиот машки соло изведувач и британскиот албум на годината за × на Брит наградите во 2015 година. На 21 мај ја доби наградата Ivor Novello за текстописец на годината. На 21 јуни, на Наградите за музички видео записи во 2015 година во Торонто освоил две награди, Најдобар меѓународен музичар и Најпопуларен меѓународен музичар или група. На 27 јуни, Ширан настапил како воведен пејач на турнејата на Ролинг Стоунс во Канзас Сити.

Во 2015 година, Ширан ја напишал „Love Yourself “ за четвртиот албум на Џастин Бибер. Ширан прво планирал песната да ја стави на својот трет албум ÷. Во август 2015 година, тој ја пее песната „Growing Up“ заедно со Меклмор. Ширан бил ко-домаќин на MTV Europe Music Awards 2015 година во Милано. Добитник е на наградите за најдобар музичар во живо и за најдобра сцена во живо. Неговиот сингл од ×, „Thinking Out Loud“, му донел две Греми награди на церемонијата во 2016 година : Песна на годината и Најдобра поп соло изведба. Во мај 2016 година, × беше прогласен за втор најпродаван албум во светот за 2015 година, зад 25 од Адел.

2016–2023: ÷, бр.6 Проект за соработки и =

На 3 март 2017 г., Ед Ширан го објавил својот трет албум под наслов ÷ (се изговара „поделено“). Албумот дебитирал на прво место во Велика Британија, САД, Германија, Австралија, Канада и други поголеми музички пазари. Со продажба од 672.000 примероци првата недела, тој е најбрзо продаваниот албум од машки соло изведувач во О.К. и трет најбрзо продаван албум во историјата на британската топ листа зад 25 на Адел и Be Here Now од Oasis. Имал најголема продажба во првата недела во 2017 година во САД, но подоцна бил надминат од Reputation од Тејлор Свифт.

На 6 јануари, Ширан објавил два сингла, „Shape of You“ и „Castle on the Hill“. Двете песни го собориле рекордот за стриминг во првиот ден на Spotify, со вкупно над 13 милиони стримови за 24 часа.

На 13 јануари, „Shape of You“ и „Castle on the Hill“ се искачиле првото и второто место на UK Singles Chart, првпат во историјата еден изведувач да ги заземе првите две позиции на топ листите во ОК со нови песни. Истиот ден, тој станал и првиот музичар кој дебитирал на првото и второто место на германската топ листа. На 15 јануари, песните дебитирале на првото и на второто место на ARIA Singles Chart, што е првпат во историјата некој да постигне такво достигнување на австралиската топ листа. На 17 јануари, „Shape of You“ дебитирал на првото место на американскиот Billboard Hot 100, а „Castle on the Hill“ се нашол на шестото место; со ова Ширан станал првиот пејач кој има две дебитантски песни истовремено во топ 10 во САД.

Ед Ширан 
Ширан настапува во Мајами за време на неговата турнеја Divide, август 2017 година. Таа подоцна станала најпосетена и турнеја со највисока заработувачка на сите времиња.

На 26 јануари, Ширан ги објавил датумите за почетокот на турнејата Divide со концерти во Европа, Јужна Америка и Северна Америка од 17 март до 14 јуни 2017 година. Веќе на 11 март 2017 година, Ширан имал десет топ 10 песни од ÷ на UK Singles Chart, со што го соборил рекордот на шкотскиот диџеј Калвин Харис од девет топ 10 песни од еден албум. На доделувањето на MTV Video Music Awards 2017, Ширан бил прогласен за изведувач на годината. Четвртиот сингл од ÷, „Perfect“, се искачил на прво место во ОК и Австралија, а акустична верзија на песната насловена „Perfect Duet“, во соработка со Бијонсе, се искачил првото место во САД и ОК. На 7 ноември, Тејлор Свифт открила дека соработувала со Ед Ширан за песната „End Game“ за нејзиниот шести студиски албум Reputation.

На 4 декември, Ширан бил прогласен за најстримуван изведувач на Spotify за 2017 година со 6,3 милијарди стримови. Неговиот албум ÷ бил најстримуван на Spotify таа година (3.1 милијарда пати), а неговиот хит „Shape of You“ бил најстримуван со 1,4 милијарди стримови. На 5 декември 2017, хип-хоп пејачот Еминем објавил дека Ширан соработувал со него за песната „River“ од неговиот деветти студиски албум Revival. За соработата со Еминем, Ширан изјавил: „Тој е една од причините поради која почнав да пишувам песни и ми беше големо задоволство да работам со него“.

На 3 јануари 2018 година, „Shape of You“ била прогласена за најпродавана песна во 2017 година во ОК, и за најпродавана песна во 2017 година на Billboard Hot 100 во САД. Истиот ден, ÷ бил прогласен за најпродаван албум во 2017 година во ОК, и САД. Како најпродаван музичар за 2017 година, Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) го прогласила за Светски музичар на годината. На доделувањето на Брит наградите за 2018 година, ја добил Наградата за светски успех, врачена од Елтон Џон и гитаристот на Ролинг Стоунс, Рони Вуд. Ширан свирел пред повеќе од 950.000 луѓе во Австралија и Нов Зеланд во март и април, што е најголема концертна турнеја во австраласката музичка историја, и го надминал претходниот рекорд поставен од Dire Straits во 1986 година. Во април, IFPI го прогласил ÷ за најпродаван албум во светот за 2017 година. На доделувањето на Билборд музичките награди за 2018 година на 20 мај, Ширан ја извел „Galway Girl“ и освоил шест награди, меѓу кои и Најдобар изведувач и Најдобар Hot 100 изведувач.

Ед Ширан 
Ширан зад сцената во Лос Анџелес со Дон Меклин во август 2018 година

На 10 мај 2019 година, Ширан го издал синглот „I Don't Care“ во дует со Џастин Бибер, од неговиот четврти студиски албум No.6 Collaborations Project. На Spotify, „I Don't Care“ дебитирал со 10,977 милиони преноси за 24 часа, и го соборил рекордот на платформата во таа категорија. На 12 јули, бил објавен албумот и дебитирал на прво место во Обединетото Кралство, САД, Австралија и други пазари. До 9 август 2019 година, неговите четири албуми минале вкупно 41 седмица на првото место во ОК, најмногу недели на првото место на топ листите за албуми во Велика Британија во 2010-тите, пет недели повеќе од Адел која се нашла на второ место. На 26 август, Ширан ја завршил турнејата Divide Tour со 260 концерти.

Во декември 2019 година, Ширан бил прогласен за музичар на деценијата од Official Charts Company поради тоа што највисоко котирал на топ листите за албуми и синглови во Велика Британија во 2010-тите. Осум негови песни се нашле на топ-листата на деценијата од истата компанија; три песни биле во топ 5 , а „Shape of You“ била на прво место. На светско ниво, Spotify го прогласила за втор најстримуван изведувач на деценијата зад Дрејк. На 21 декември 2020 г, ја објавил песната „Afterglow“.

Ед Ширан 
Ширан (десно) на сцена со Колдплеј во Лондон во октомври 2021 година

На 25 јуни 2021, Ширан ја објавил песната „Bad Habits“, носечка песна од неговиот следен петти студиски албум. Песната била негов 10-ти број еден сингл во Обединетото Кралство, и поминала единаесет последователни недели на врвот на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и на ирската листа за синглови, а била на врвот на топ листите во Австралија, Канада и Германија и се искачила на второто место на Billboard Hot 100 во САД. Со единаесете недели на првото место во ОК тој станал првиот британски соло пејач кој се задржал 52 недели на прво место, а само Елвис Присли (80 недели) и Битлси (69 недели) имаат повеќе недели поминати на листата. На 19 август, Ширан објавил дека неговиот петти студиски албум ќе се вика = (се изговара „еднакво“) и дека со вкупно 14 песни ќе биде објавен на 29 октомври 2021 година. Сам ја нацртал корицата за време на првиот карантин од КОВИД-19 и се заснова на промените што ги имал во сопствениот живот во последните четири години, како брак, раѓање на дете и губење пријатели. Покрај објавата бил објавен и промотивниот сингл „Visiting Hours“. = станал неговиот петти албум на прво место во Обединетото Кралство и четвртиот албум на прво место во САД.

Ед Ширан 
Ширан настапува во Копенхаген за време на неговата турнеја +–=÷x (наречена и Математичка турнеја) во август 2022

На 29 ноември 2021 година, Ширан и Елтон Џон го објавиле „Merry Christmas“, дует за добротворни цели. Сета добивка од песната отишла во Сафолк музичката фондација од Ед Ширан и Фондацијата за СИДА од Елтон Џон.

На 11 февруари 2022 година, Ширан објавил дует верзија на „ The Joker and the Queen“ со Тејлор Свифт. На 4 март, заедно со Камила Кабељо пеел во песната „Bam Bam“. Истиот месец соработувал со колумбискиот пејач Џеј Балвин во сингловите „ Sigue“ и „Forever My Love“. Ширан ја започнал својата турнеја +–=÷x (математичка турнеја) на 21 март.

Во ноември 2022 година, „Shivers“ станала 11-та песна на Ширан со преку 1 милијарда преноси на Spotify. Тој на Инстаграм рекол дека снима спот за неговиот следен албум кој треба да биде објавен во 2023 година

Признанија

На 19 октомври 2015 година, Ширан добил почесна диплома од Универзитетот во Сафолк во Ипсвич за неговиот „извонреден придонес во музиката“. Тој беше назначен за член на Редот на Британската империја (MBE) во 2017 година за „придонес во музиката и добротворни цели“. Ширан наградата ја добил од принцот Чарлс во Бакингемската палата на 7 декември 2017 година. Во 2012 година, бил прогласен за барон на Силенд.

Покрај тоа што го држи рекордот за концертна турнеја со најголема заработка и е еден од најпродаваните музичари во светот со повеќе од 150 милиони продадени плочи, Ширан добил и многу награди. До 2019 година, тој добил четири Греми награди (вклучувајќи ја и песна на годината во 2016 година за „Thinking Out Loud“), пет Британски музички награди (вклучувајќи најдобар британски машки соло изведувач во 2015 година) и шест Музички награди Билборд (вклучувајќи го и најдобриот изведувач во 2018 година ). Во 2015 и 2018 година, ја добил наградата Ivor Novello за текстописец на годината од Британската академија на текстописци, композитори и автори .

Дискографија

  • + (2011)
  • × (2014)
  • ÷ (2017)
  • No.6 Collaborations Project (2019)
  • = (2021)
  • (2023)
  • Autumn Variations (2023)

Турнеи

  • + Турнеја (2011–2013)
  • × Турнеја (2014–2015)
  • ÷ турнеја (2017–2019)
  • +–=÷x турнеја (2022–2023)

Наводи

Извори

Надворешни врски

Tags:

Ед Ширан Ран животЕд Ширан КариераЕд Ширан ПризнанијаЕд Ширан ДискографијаЕд Ширан ТурнеиЕд Ширан НаводиЕд Ширан Надворешни врскиЕд Ширан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СврзникЛумбагоПарите се отепувачкаГоце ДелчевМалиот принцКалеш АнѓаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаНадреден знакСојуз на комунистите на МакедонијаПиреј (роман)Македонски парламентарни избори, 2014Филип ПетровскиДеменцијаБлерим РекаИзборна единица 9Демократска унија за интеграцијаВодаНова социјалдемократска партијаЖивотниРак на белите дробовиКочаниЈулијански календарВасил ИљоскиГравТоме АрсовскиВардарДиносаурусУНЕСКОЦрнила (драма)Македонски парламентарни избори, 2008Речник на стари македонски зборовиВодолија (хороскопски знак)Македонски претседателски избори (2019)БубрегДвижење БесаПубертетСкопски аквадуктКипарИлинденско востаниеАлтернатива (политичка партија)Мраморно МореВилијам ШекспирМесечинаСкржавецот (Плавт)Јосип Броз-ТитоЕнциклопедијаМозочен ударЛевица (политичка партија)Влада на МакедонијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеСистемски лупус еритематозусБразилСловенијаСписок на планини во МакедонијаНова алтернативаКожичка на пенисКрушевска РепубликаЦрн ДримРеченицаНародна Република КинаПневмонијаВиножитоЦиститМакедонски парламентарни избори (2011)СкопјеПрво заседание на АСНОМВикипедија на македонски јазикДржавни празници во БугаријаИзборна единица 4Јордан МијалковСкратеници во македонскиот јазикКафеава мечкаПенис (човек)Чир на желудникот🡆 More