Дрим: река во Албанија и Македонија

Дрим (албански: Drini) — најдолга река во Албанија, со вкупна должина од 335 км.

41°45′2″N 19°34′19″E / 41.75056° СГШ; 19.57194° ИГД / 41.75056; 19.57194

Има две растоки, од кои едната оди право во Јадранското Море, а другата во реката Бојана („Буна“ во Албанија).

Дрим
Drini
Река
Дрим: Настанок, Течение, Стопанска важност
Утоката на Бојана во Дрим
Земја Албанија
Извор утоката на Бел и Црн Дрим
 - место Кукс
 - координати 42°04′N 20°25′E / 42.067° СГШ; 20.417° ИГД / 42.067; 20.417
Утока Јадранско Море
 - координати 41°45′2″N 19°34′19″E / 41.75056° СГШ; 19.57194° ИГД / 41.75056; 19.57194
Должина 335 км
Дрим: Настанок, Течение, Стопанска важност
Акумулацијата Коман

Настанок

Дрим настанува со слевање на Црн Дрим што извира во Струга и Бел Дрим кај Кукс во источна Албанија. Од ова место до вливот во Јадранското Море, Дрим е долг 160 км. Меѓутоа, доколку се мери од изворот на Бел Дрим, реката е долга цели 335 км — со тоа најдолгата река во Албанија. Црн Дрим истекува од Охридското Езеро во Струга и тече низ Македонија и Албанија. Бел Дрим извира во планината Жлеб, (северно од Пеќ во Метохија) тече кон Албанија.

Течение

Од Кукс, Дрим тече низ северна Албанија, и тоа прво кај Хас, па низ Спас, Мси и Фиерз. Кога ќе навлезе во Метохија, се спушта во јужен правец. Потоа влегува во ниската Скадарска Рамнинца и се двои на два ракава. Едниот се влева во Дримскиот Залив (Pellg i Drinit) на Јадранското Море југозападно од градот Леска. Другиот се влева во реката Бојана кај тврдината Розафа. Иако е пократок, овој ракав што завршува во Бојана се нарекува „Голем Дрим“ (Drini i Madh) бидејќи е многу пополноводен. Сè до 1858 г. во морето се влевал и Голем Дрим, но таа година настанала поплава што го пренасочила кон Бојана. Овој дел е многу широк и носи големи количества вода (320 м³/с), дотолку што фигурира како езеро на некои карти. По ова место, продолжува на југ и минува низ Бушат, Маб, Гајдар, Леска и Медово. Јужно од Меска навлегува во ниско плавно поречие, низ мочуришта, па завршува во Јадранското Море.

Стопанска важност

Дрим игра многу важна улога во албанското стопанство како главен извор хидроенергија. Трите брани на реката произведуваат речиси сета струја во земјата. Најголемо вештачко езеро е Фиерза (73 км2), а по него следува Вау и Дејс (25 км2).

Наводи

  • Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета; ISBN 86-07-00001-2
  • Јован Ђ. Марковић (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије; Свјетлост-Сарајево; ISBN 86-01-02651-6

Поврзано

Tags:

Дрим НастанокДрим ТечениеДрим Стопанска важностДрим НаводиДрим ПоврзаноДримЈадранско МореАлбанијаАлбански јазикБојана (река)РастокаРека

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на архаични зборови во македонскиот јазикДен на востанието на МакедонијаПредмет (граматика)Министерство за внатрешни работи на МакедонијаМакедонска народна музикаВиножитоАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаТестостеронПоплаваРуса треваПрва помошСрцева слабостКрпен животСлавко ЈаневскиПочваАна ФранкКвадарЛига на шампиони во фудбалКратовоДиво месо (драма)Донтов методТетовоЈужна АмерикаЗаздравување на ранаАли АхметиМарко ЦепенковРак на грло на маткаПридавки во македонскиот јазикПере ТошевТеодосиј ГологановМакедонска радио-телевизијаГлаголПартија за движење на Турците во МакедонијаОбединети нацииХематокритЛокални избори во Македонија (2017)Биполарно растројствоСрцеВодаКумановоПанкреасЛеукемијаКочаниМакедонски парламентарни избори (2008)Список на птици во МакедонијаПарализа при спиењеТристан и ИзолдаСвети КирилПоскокПсоријазаМиом на маткаЕгипетКокино (наоѓалиште)Собрание на МакедонијаУставЃорче ПетровСловенска митологијаМакедонски ВласиЗборник на МиладиновциДијабетес мелитус тип 2БудимпештаСовет на ЕвропаГрбови на МакедонијаДунавМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ЈагулаВикипедија на македонски јазикВтора светска војнаХороскопски знациСрцев ударСоцијалистичка Република МакедонијаКорозијаИранШпанија🡆 More