Роман Големи И Мали

„Големи и мали“ — роман за деца од македонскиот писател Бошко Смаќоски.

За првпат, романот бил објавен во 1966 година, во издание на Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, како осма книга во рамките на библиотеката „Развигор“.

Големи и мали

Содржина

Романот се состои од 24 глави: На улицата „Караорманска“ живеело детето Диме, наречено Диме Такси, бидејќи тој постојано им го носел багажот на луѓето кои се населувале или доаѓале на гости во таа улица. Еднаш, во улицата дошол еден човек по име Стево кој се сместувал во станот на тетка Донка, чиј сопруг бил во затвор. Потстанарот добил бројни домашни обврски во куќата, а тетка Донка постојано се карала со соседите. Во улицата живееле луѓе со различни карактери, а децата правеле бројни палавштини. За разлика од останатите возрасни жители на зградата, кои постојано се карале, единствено судијата водел мирен, повлечен и пристоен живот. Тој бил многу сиромашен човек и никој не знаел ништо за неговото минато. Исто така, тој бил единствениот кој имал разбирање за децата, а тие пак ги слушале само неговите совети. Еден ден, децата забележувале дека судијата подолго време не излегувал од визбата во која живее и откриле дека тој е болен. Тогаш, децата му помагале да оздрави при што ја дознале и неговата приказна: тој бил среќно оженет човек, угледен судија, но неговата ќерка умрела во несреќен случај, а жена му полудела од тага; тогаш, тој ја продал куќата и се преселил во овој град. По таа средба, кај Ѓоре, дете без татко, се родило посебно чувство кон судијата. Но, крупни промени се случувале и кај другите деца од улицата и тие решиле да стават крај на караниците на возрасните. Оттука, тие одржувале состаноци на кои ги решавале проблемите на возрасните. Притоа, тие ги казнувале некои од возрасните, а самите се организирале и ја уредувале улицата и зградата и, воопшто, живееле како сложна и среќна заедница. Тогаш, судијата решил да се ожени со мајка му на Ѓоре, а, исто така, помагал мажот на Донка побрзо да излезел од затвор. Судијата повторно добил работа во судот и се вселил во друг стан на истата улица, а возрасните почнувале да му се додворуваат. По враќањето на сопругот на Донка, потстанарот се селил во друг стан на соседната улица.

Осврт кон делото

„Големи и мали“ е роман во кој тешко може да се определи главниот лик, зашто тој е роман за една скопска улица, така што ако мора да се посочи главниот јунак, тоа е целата улица. Всушност, романот претставува фотографија на маалскиот живот во старото Скопје. Во книгата, возрасните се однесуваат несериозно: времето го минуваат во банални караници и озборувања, а само еден од нив отскокнува со своето однесување — Судијата кој има почит кон децата, а тие пак, под влијание на него, се обидуваат да го поправат светот на возрасните и ја разубавуваат улицата, а возрасните ги казнуваат за нивните лоши постапки. Романот изобилува со комични сцени, а духовитоста е основниот стил на авторот. Притоа, една од најчестите постапки со кои се постигнува хумористичниот ефект е карикирањето. На тој начин, романот е остра критика на светот на возрасните и неговото лицемерие, но и пофалба на детската невиност, нерасипаност и пријателство.

Изданија

  • Првото издание на Романот било отпечатено во 1966 година, во печатницата „Нова Македонија“, во тираж од 12.000 примероци. Техничкото уредување е дело на Миле Арсовски, лектурата ја извршила Лидија Ежова, а коректор била Елена Павлова. Книгата има 79 страници, а покрај романот, таа содржи и основни биографски податоци за авторот. Романот е првиот подолг прозен текст на Бошко Смаќоски и за него, тој ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“, во 1966 година.
  • Во 2016 година, издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ го објавила своето трето издание на романот. Книгата има вкупно 152 страници, а покрај основниот текст содржи и осврт кон делото со насловот „Лицемерниот свет на возрасните“ (дело на Венко Андоновски), како и куса биографија на Смаќоски. Илустрацијата на корицата е дело на Здравко Гиров, техничкото уредување и компјутерската обработка ги направил Игор Добрески, а лектурата ја извршила Лорета Шкиљевиќ. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-261-9. Таа е испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово во тираж од илјада примероци.

Наводи

Tags:

Роман Големи И Мали СодржинаРоман Големи И Мали Осврт кон делотоРоман Големи И Мали ИзданијаРоман Големи И Мали НаводиРоман Големи И Мали1966БиблиотекаБошко СмаќоскиДетска радостКнигаРоман

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тумор на мозокОрел (род)Петре М. АндреевскиКвадарИменки во македонскиот јазикБроеви во македонскиот јазикПартија за движење на Турците во МакедонијаДијагоналаЉубчо ГеоргиевскиМакедонија во Втората светска војнаСветлана МојсовРамазанМакедонски парламентарни избори (1990)Град СкопјеТелефонМакедонски парламентарни избори (2008)ВелигденПреспанско ЕзероАцо ШоповСписок на птици во МакедонијаИзборна единица 8Алијанса за АлбанцитеМакедонски парламентарни избори (2014)РециклирањеСинонимСвети Кирил и МетодијМакедонска алијансаПридавкаГрчка кујнаИшијасПоследици од глобалното затоплувањеЕпилепсијаПиреј (роман)СтрофаЃурѓовденВоен конфликт во Македонија, 2001Ѓорѓи АбаџиевСтефан ЛазаровМочуриштеРак на грлоСписок на градови во Македонија по населениеМарко ЦепенковСлавко ЈаневскиСопранПиту ГулиАлександар КирацовскиСписок на македонски зборови од турско потеклоБорислав КрмовУбиство на Јане СанданскиКумановоИсламПирамида (геометрија)ЖивотниКрсте Петков МисирковДржавни празници во МакедонијаДен на независноста на МакедонијаАтрибут во македонскиот јазикОхридско ЕзероСедум светски чуда на античкиот светВесна БендевскаДишенова мускулна дистрофијаКанцониеротМакедонија (регион)РоманРибиОслободителна војска на КосовоДесет Божји заповедиВиданка ГеоргиеваГаличникАлександар III МакедонскиЈапонијаБубрежна инфекцијаПоделба на властаПлоштад МакедонијаГрцијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеДуховден🡆 More