Венсенска Шума

48°49′41.05″N 2°25′58.50″E / 48.8280694° СГШ; 2.4329167° ИГД / 48.8280694; 2.4329167

Венсенска Шума
Езерото
Венсенска Шума
Хиподромот во Венсен

Венсенската Шума (фр. Bois de Vincennes) е парк во англиски стил во источниот дел на Париз. Паркот го носи името по градот Венсен кој се наоѓа во близина.

Оваа шума е дел од XII округ во Париз.

Подрачјето зафаќа површина од 9,947 км2 (или 2,458 акри), што е речиси трипати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и четири пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.

Историја

Во минатото паркот бил ловиште за француските кралеви, а потоа, после Француската револуција станал место на кое се правеле воени вежби. Во јавен градски парк се претворил за време на Наполеон III во 1860.

Паркот официјално станал дел од градот Париз во 1929.

Знаменитости

Венсенска Шума 
Bois de Vincennes
Венсенска Шума 
Високата кула на Венсенскиот замок

На северниот крај на Венсенската Шума се наоѓа Венсенскиот замок, кој бил омиленото второ живеалиште на многу француски кралеви во 14-от век.

Шумата се користи денес и за спортски активности. Во источниот дел се наоѓаат Венсенскиот хиподром и велодром, а воедно и Францускиот институт за спорт и физичко образование.

Во западниот дел се наоѓа зоолошка градина.

Езера

На подрачјето на Венсенската Шума се простираат 4 езера, напојувани со вода од реката Марна:

  • Езерото Домезнил, на запад, со површина од 12 хектари, на кое има два острова
  • Езерото Миним, на североисток, со површина од 6 хектари и 3 острови
  • Езерото Сен-Манде, на северозапад
  • Езерото Гравел, на југозапад, со површина од 1 хектар.

Надворешни врски

Tags:

Венсенска Шума ИсторијаВенсенска Шума ЗнаменитостиВенсенска Шума Надворешни врскиВенсенска Шума

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БугаријаОпштина ЦентарМраморно МореВодолија (хороскопски знак)РеченицаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСтепски ВолкДаниел ДефоКристијано РоналдоАрхангел МихаилАнална фисураГрб на МакедонијаТоше ПроескиДециметарСветлана МојсовМарс (планета)Баба ВанѓаНационален парк ГаличицаСтрумицаСтругаВелија РамковскиЗмијаСерија АЃомлезеДемијанКубаФазли ВелиуЕфект на стаклена градинаДијалекти на македонскиот јазикГрад СкопјеПролетРисЛумбагоМултипла склерозаБолести и аномалии на очитеПроливПаркинсонова болестДен на планетата ЗемјаБранко ЦрвенковскиИзборна единица 1АвтомобилБалкански рисЈугоисточно македонско наречјеБели мугриБразилСардинијаВМРО-ДПМНЕКавадарциДемократска партија на Србите во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2014)Свети Климент ОхридскиЦиститЈамајкаМакедонски парламентарни избори (2024)ВодаСписок на главни градови во светотБактерииКлеопатраВлада на МакедонијаДиносаурусБлаже КонескиЗијадин СелаАвионСредоземно МореМенингитисБајкаРоманРамнокрак триаголникПоследици од глобалното затоплувањеИталијаДискус хернијаПроцентТодор ЖивковПрилепТрапезСписок на македонски народни и староградски песниБаба (планина)Тристан и Изолда🡆 More