Бурзитис

Бурситис – воспаление на една или повеќе бурзи (мали кесички) на синовијалната течност во телото.

Бурзите се покриени со синовијална мембрана која лачи подмачкувачка синовијална течност. Постојат повеќе од 150 бурзи во човечкото тело. Бурзите се наоѓаат во точките каде што внатрешните двигатели, како што се мускулите и тетивите, се лизгаат по коските. Здравите бурзи создаваат мазна функционална површина, практично без триење, со што нормалното движење е безболно. Кога се појавува бурзитис, движењето кое се заснова на воспалената бурза, станува тешко и болно. Освен тоа, движењето на тетивите и мускулите врз воспалената бурза го влошува воспалението и го заострува проблемот. Мускулот, исто така, може да се укочи.

Бурзитис
Бурзитис
Бурзитис
СпецијалностФизијатрија, Ортопедија Уреди на Википодатоците
Бурзитис    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Симптоми

  • болка, воспаление и оток во рамената, лактите, колковите, колената или зглобовите на дланките или стапалата, особено за време на истегнувања додека вежбате, дигате товар или на кој било начин го напрегнувате зглобот над неговите вообичаени можности
  • ограничен опсег во движењето на зглобот, со моментална болка или без неа

Обратете се на лекар

  • ако болката во зглобот потрае подолго од неколу дена:можеби имате тендинитис (воспаление на тетивата), истегнат лигамент или тетива, или, можеби, тоа е почеток на артритис.
  • ако отокот потрае и по пиењето средства против болки или противвоспалително средство како што ви е препишано:можеби лекарот ќе мора да ви извлече течност од зафатениот зглоб или ќе морате да продолжите на лекување со кортикостероиди. таму, каде што коските, тетивите и лигаментите, ви се поместуваат едни покрај други, особено во близина на зглобовите, допирните точки се заштитени со кеси исполнети со течност која се нарекува бурза. Секоја од над 150 бурзи во организмот со намалување на триењето им помага на зглобовите да функционираат без тешкотии при сите природни движења. Кога зглобот премногу се користи, или останува под притисок или напнатост во текот на подолги временски периоди, најблиската бурза може да се воспали. Кесето се исполнува со дополнителна течност, предизвикувајќи притисок на околното ткиво. Моментните знаци на болка, често придружена со воспаление, отекување и чувствителност во тој предел. Едно од најчестите места што го зафаќа бурзитисот е рамото, кое има најголем опсег во движењата од сите важни зглобови на телото. Болката обично се чувствува по должината на надворешната горна страна на рамото. Непријатноста предизвикана од бурзитисот обично е најсилна по ноќното спиење, и по правило, малку ќе се намали со вообичаените активности. Другите места на кои бурзитисот обично се појавува се лактите, колковите и колената. Бурзитисот се поврзува со активностите при кои се напрегате, особено кај физичките работници и спортистите, како и кај луѓе кои обично седат, па го напрегаат организмот над разумните граници. Иако, можеби, сте во искушение да продолжите со активностите, занемарувајќи ги болките, тоа не е добра замисла. Хроничниот бурзитис кој не се лекува може да доведе до создавање наслојки на калциум во обично меките ткива, што понекогаш предизвикува трајно ограничување на подвижноста на зафатениот зглоб.

Причинители

Непосредниот причинител за бурзитис, по правило, е повреда или притисок што го претрпел зглобот, што доведува до воспаление на бурзалната кесичка. Спортистите професионалци и аматери подеднакво го чувствуваат бурзитисот во облик на болно рамо, што се појавува поради трчање, фрлање и скокање, или претеран замав со рацете што е често во тенисот,кошарката и куглањето. Дигањето тежок товар, повторувањето на одредено движење или работа подолго време во невообичаени положби, исто така, можат да доведат до напади на бурзитис.

Лекување

Бурзитисот обично исчезнува за неколку денови или недели, морате да преземете мерки за да го избегнете натамошното напрегање или повреда.

Конвенционална медицина

Почетното лекување, по правило, се состои од ацетилсалицилна киселина (на пр. аспирин) или нестероидни противвоспалителни лекови. Тие средства против болки обично го смируваат воспалението. Со помош на топлина и ултразвук може да се олабави зглобот и да се забрза обновувањето на ткивото. Дијатермијата (лекувањето со длабинско греење) под водство на спортски лекар или овластен физиотерапевт не само што може да ја ублажи тегобата и воспалението предизвикано од бурзитис, туку може да ја смири и напнатоста на мускулите, нервите и тетивите. Бурзитисот може да се повтори, особено ако редовно се впуштате во напорно вежбање или физичка работа. Во таквите случаи лекарот, можеби, ќе препише лекување со кортикостероиди, во облик на орален лек, крем за површинска употреба или инјекција во заболените зглобови. Во потешки случаи може да биде неопходно да се извлече течност од воспалените и отечените бурзи со хиподермички шприц за да се ублажи притисокот. Во случај на долготрајни симптоми бурзите можат да се отстранат по хируршки пат.

Алтернативни начини на лекување

Бурзитисот обично поминува сам од себе со мирување, но, меѓувреме, болките и воспаленијата можат да се намалат со низа различни методи.

Акупунктура

Оспособеното стручно лице за акупунктура може за третман за постигне брзо смирување на болките предизвикани со бурзитис.

Работа на телото

На повредениот или истегнат зглоб му е потребно мирување и имобилизација за да може да дојде до природно заздравување.

Хиропрактика

Придружувајќи се кон конвенционалните методи за намалување на болките, хиропрактичарот може да ги примени техниките на мобилизацијата за повторно да се воспостави активен опсег на движењата на некој зглоб.

Лекување со лековити билки

За да се забрза крвотокот, да се намали воспалението и да се ублажи напнатоста на мускулите, стручното лице на лековити билки би можело да препорача тинктура од 5 мл што се прима трипати на ден и која се состои од следните треви: по два дела кора од врба (Salix spp.), кора од црвена удика (Viburnum opulus) и семе од целер (Apium graveolens), заедно со еден дел од билката Zanthoxylum americanum.

Измешајте еднакви количества лобелија (Lobelia inflata) и кора од картоп да добиете тинктура со која можете да ги триете мускулите по потреба за да ја намалите напнатоста поврзана со болките од бурзитис.

Хомеопатија

По процената на природата на болката предизвикана од бурзитис, хомеопатот може да ви препише терапија со Belladonna, Bryonia или Rhus toxicodendron.

Исхрана

Се препорачува витамин Ц (аскорбинска киселина), витамин А и цинк поради создавањето колаген кој ги изградува ткивата и поради обновувањето на повредените тетиви и ткива на бубрезите. Богати извори на витамин Ц во исхраната се агрумите и компирот;маслото од црн дроб на бакаларот е добар извор на витамин А. Освен тоа, се смета дека витаминот Е делотворно го забрзува зацелувањето на оштетеното ткиво. Следете ги препораките на оспособеното стручно лице за исхрана во поглед на количествата и траењето во теков на внесувањето на дополнителни количества витамини. Уште еден пристап за кој се тврди дека помага во повторените случаи на бурзитис вклучува и инјекции со витаминот Б12, што ќе ви го даде лицето оспособено за давање здравствена заштита и помош.

Превенција

Загревањето пред напорната телесна вежба и ладењето после вежбањето е најделотворен начин да се одбегне бурзитисот и другите истегнувања што ги погодуваат коските,мускулите и лигаментите.

Наводи

Надворешни врски

УПАТСТВО ЗА МЕДИЦИНСКОТО ЗГРИЖУВАЊЕ ПРИ БУРЗИТИС (ПАТЕЛА И ЛАКТ)

Tags:

Бурзитис СимптомиБурзитис ПричинителиБурзитис ЛекувањеБурзитис ПревенцијаБурзитис НаводиБурзитис Надворешни врскиБурзитисКоскаМускулТетива

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Вооружена престрелка во Куманово (2015)Ден на планетата ЗемјаПридавки во македонскиот јазикХрватскаПаркинсонова болестХрватски месециСтојне НиколоваШвајцаријаПарадоксот на ДиогенСашо МијалковЕгипетТамбура (македонска)Велики петокНародноослободителна борба во Пиринска МакедонијаСкратеници во македонскиот јазикНикола ГруевскиВилма ТрајковскаКомунизамИндонезијаИнтегра24 априлЗијадин СелаОпштина Шуто ОризариКоле НеделковскиПиту ГулиНедостиг на вода во ИранКрвБели крвни зрнцаКипарПремиер на МакедонијаОрман (Скопско)Гордана Силјановска-ДавковаСтрашо ПинџурБубрежен каменЗоран ЗаевМакедонски парламентарни избори, 2002Марс (планета)КумановоАмерикаБитолаМакедонијаДенес над МакедонијаОпштина Ѓорче ПетровФранцијаМеѓашиРастенијаХристијан МицкоскиМакедонски ораБојаСипанициОбласти во КазахстанТалат ЏафериИсторија на македонскиот народБелградГлаголицаЖичени инструментиГалвански елементРепродуктивен системПредмет (граматика)Имер СелманиКалендар на Велигденски датумиБубрежна инфекцијаБеровоМовСветско населениеНационален парк Шар ПланинаИзборна единица 9‘Рбетен столбФосилПреспанско ЕзероДоситеј ОбрадовиќАвтобиографија (Григор Прличев)Македонски претседателски избори (2019)Степски ВолкХематокритГаличникСписок на градови во Македонија по населениеДишен систем🡆 More