Хороскопски Знак Близнаци

Хороскопскиот знак Близнаци (латински: Gemini, грчки: Δίδυμοι) го носат оние коишто се родени помеѓу 21 мај и 20 јуни.

Со овој знак владее планетата Меркур. Симболот близнаци е слика на поврзан пар, или римскиот број за два.

Хороскопски Знак Близнаци
Близнаци
Астрологија
Хороскопски Знак Близнаци
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


На патување низ зодијакот

На третиот степен од човештвото, децата стануваат свесни заразликите и се љубопитни да откријат повеќе за светот околу нив. Тоа е жед за знаење: комбинацијата на позитивен променлив воздух, дава објективен, прилагодлив тип на човек, а владетелот Меркур го додава нагонот за комуникација и поврзување на идеите и луѓето.

Мотивација

Уште како дете, овој човек е привлечен од сè што е ново, и постојано прашува за сè што гледа и слуша. Секогаш е подготвен да го смени мислењето поради светлината на новите информации, го прави да изгледа недоверлив. Близнаците повеќе сакаат да ги заобиколат проблемите, отколку да се соочат со нив. Интелигенцијата ја користат за брзо снаоѓање и импровизации. Сакаат брзо да ги завршат обврските. Негово мото: „Ќе ја обиколам Земјата за четириесет минути.“

Работа и интереси

На Близнаците им треба промена и стимулација за да функционираат најдобро. Многу брзо им здосадува рутинска работа, и не можат да седат мирни. Им треба професија што нуди движење, контакти со луѓе и размена на информации. Затоа се истакнуваат во светот на новинарството, подучувањето и сите форми на медиуми. Природни јазичари се, добри преведувачи, одлични како агенти за продажба, и уживаат во работа со деца и млади. Сакаат да читаат, да пешачат и да танцуваат.

Во односи

Со Близнаците повеќе владее главата отколку срцето, и сметаат дека е природно да имаат врски со различни луѓе во исто време. Понекогаш се нестабилни во чувствата, но сепак се во потрага по „другата половина“ и заеднички живот. Пријателството со нив е забавно, и подговтени се да им помагаат на другите.

Домашен живот

Подгответе се на изненадување при посета на овие луѓе. Мебелот може да биде насекаде, и можно е секогаш да ги начекате при ново декорирање на домот. Ќе ги дознаете од нив најновите информации за заедничките познаници, за најпродаваната книга, за најгледаниот филм. Близнаците не ги оставаат своите пријатели да си заминат брзо, па сигурно до доцна ќе муабетите. Жената Близнаци ќе ви ги покаже најновите кујнски апарати, иако не е надарена готвачка, а машкото Близнаци ќе ви објасни како да стигнете дома по најкраткиот пат. Близнаците родители се спријателуваат со своите деца, и секогаш ќе се трудат да им го оозможат најдоброто образование.

Зборови кои ги опишуваат Близнаците

Важи и за двата пола: промислени, многустрани, прилагодливи, ведри, дружељубиви, флексибилни, остроумни, зборлести. Понекогаш знаат да бидат: лажливи, нестабилни, нерешителни, недоследни, душкала, површни.

Користена литература

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.

Наводи

Tags:

Хороскопски Знак Близнаци На патување низ зодијакотХороскопски Знак Близнаци МотивацијаХороскопски Знак Близнаци Работа и интересиХороскопски Знак Близнаци Во односиХороскопски Знак Близнаци Домашен животХороскопски Знак Близнаци Зборови кои ги опишуваат БлизнацитеХороскопски Знак Близнаци Користена литератураХороскопски Знак Близнаци НаводиХороскопски Знак Близнаци20 јуни21 мајГрчки јазикЛатински јазикМеркур (астрологија)близнаци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонска азбукаСкопјеЛимфомКиселинаПартија за целосна еманципација на РомитеПертусисДржавни празници во МакедонијаЕкологијаНаизменична струјаЛазарова саботаСпортска сала ГемиџииМалтаПиреј (роман)Стево ПендаровскиПревезаМултипликатор на паритеМарко Крале и црна АрапинаСоцијалистичка партија на МакедонијаОпштина АеродромОпштина КумановоХолокаустШпанијаСтара скопска чаршијаСабина Ајрула-ТозијаСахараТуризамРибиЕрменски јазикБосна и ХерцеговинаКокино (наоѓалиште)Македонска граматикаСимболи на МакедонијаХијатална килаАрхимедПерде (заболување)Египетски календарБактерииНАТОМинистер за здравство на МакедонијаАнтарктикЈазовецАнемијаПреспанско ЕзероМонакоБубрежна инфекцијаМарија КириБилјана ВанковскаФауна на МакедонијаГолемата вода (роман)Славко ЈаневскиМакедонски парламентарни избори (2008)Магнетна резонанцијаК-15Убиства кај СмилковциДедо Иљо МалешевскиКилаАвтобиографија (Григор Прличев)Македонија во Втората светска војнаРомео и ЈулијаСкопско КалеИмер СелманиЃомлезеИнфективна мононуклеозаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСтрофаИтар ПејоДимитар КовачевскиКиро ГлигоровПравопис и правоговор на македонскиот јазикДекамеронПеколот (Божествена комедија)ТетовоБрзозборкиСписок на пустини по површинаЛегенда за ПреспаЦицачиПодметИзбори во Македонија🡆 More