Ачешки Јазик

Ачешки јазик или само ачех (Bahsa Acèh) — малајско-полинезиски јазик што го говори народот Ачеси во покраината Ачех на островот Суматра, Индонезија.

Се говори и во ачешката дијаспора во извесни делови на Малезија како Јан во сојузната држава Кедах.

Ачешки
Bahsa/Basa Acèh
Застапен воИндонезија
ПодрачјеАчех, Суматра
Говорници3,5 милиони  (2000)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2ace
ISO 639-3ace

Класификација и сродни јазици

Овој јазик припаѓа на малајско-полинезиската гранка на австронезиското семејство. Најсродни на него се другите чамски јазици како џарајскиот и чамскиот (230.000 и 280.000 говорници) во Камбоџа и Виетнам. Други сродни јазици се малајските, минангкабајскиот, гајскиот и батачките јазици.

Распределеност

Ачешки Јазик 
Распределеност на ачешкиот јазик во покраината Ачех

Јазикот се говори претежно во крајбрежните делови на Ачех, и тоа во 10 намесништва и 4 општини.

Фонологија

Ачешки Јазик 
Двојазичен знак што предупредува од цунами на индонезиски и ачешки

Ова се фонемите во ачешкиот јазик.

Самогласки
Предни Средни Задни
усни носни усни носни усни носни
Затворени i ĩ ɨ ɨ̃ u ũ
Полузатворени e ɛ̃ ə ʌ̃ o ɔ̃
Полуотворени ɛ ʌ ɔ
Отворени a ã

Самогласките се претежно спарени како усна-носна, иако постојат само три средни носни, а двојно повеќе средни усни самогласки. /ʌ/ не е сосем средна, но тука е прикажана како таква од естетски причини. Слично на неа, /ɨ/ се претставува и како позадна [ɯ]. Покрај горенаведените монофтоншки самогласки, ачешкиот има и пет усни дифтонзи, од кои секој има свој носен пандан:

  • /iə ɨə ɛə ɔə/
  • /ĩə ɨ̃ə ũə ɛ̃ə ɔ̃ə/
Ачешки Јазик 
Рачно пишувана книга на ачешка арабица
Согласки
Уснена Венечни Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Носни m n ɲ ŋ
Избувни p b t d c ɟ k g ʔ
Струјни s ʃ h
Приближни w l j
Трепетни r

/s/ e ламинална венечно-забна согласка. /ʃ/ технички е задновенечна, но стои колоната на преднонепчените од естетски причини.

Писмо

Порано ачешкиот се пишувал со арабица наречена „џавое“ (џави на малајски), но иста сега речиси воопшто не се користи. Денес јазикот се пишува со латинична азбука во која, покрај вообичаените букви, се користат и буквите é, è, ë, ö и ô.

Дијалекти

Досега не е псорведено темелно истражување на дијалектите на ачешкиот јазик, но се смета дека постојат барем 10: пасе, пеусанган, матанг, пидие, буенг, банда, даја, меулабох, сеунаган и тунонг.

Поврзано

Наводи

Литература

  • Al-Harbi, Awwad; Al-Ahmadi, Ahmad (2003), „Acehnese coda condition: An optimality-theoretic account“, Umm Al-Qura University Journal of Educational and Social Sciences and Humanities, 15: 9–21, Архивирано од изворникот на 2009-07-29, Посетено на 2012-07-05
  • Asyik, Abdul Gani (1982), „The agreement system in Acehnese“ (PDF), Mon–Khmer Studies, 11: 1–33, Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-05, Посетено на 2012-07-05
  • Durie, Mark. "The So-Called Passive of Acehnese." Language. Linguistic Society of America, Vol. 64, No. 1 (Mar., 1988), pp. 104–113 Достап. на JSTOR: http://www.jstor.org/stable/414788
  • Thurgood, Graham (2007), The Historical Place of Acehnese: The Known and the Unknown (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-01-19, Посетено на 2012-07-05

Надворешни врски

Tags:

Ачешки Јазик Класификација и сродни јазициАчешки Јазик РаспределеностАчешки Јазик ФонологијаАчешки Јазик ПисмоАчешки Јазик ДијалектиАчешки Јазик ПоврзаноАчешки Јазик НаводиАчешки Јазик ЛитератураАчешки Јазик Надворешни врскиАчешки ЈазикАчехИндонезијаКедахМалајско-полинезиски јазициМалезијаСуматра

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЗмијаГоце ДелчевВооружена престрелка во Куманово (2015)Оче нашРобинзон КрусоБалетПарадоксот на ДиогенЈордан КамчевДемократска партија на Србите во МакедонијаПиреј (роман)Сојуз на Ромите од МакедонијаДемократска партија на Турците на МакедонијаХрватски месециЃорѓија СајкоскиСтевчо ЈакимовскиАбиотички факториМасакр во СребреницаОпштина ПрилепМочуриштеМенингитисВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаМавровоОВКАлијанса за АлбанцитеПаралелограмВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЛевица (политика)ЕндометриозаБиљал КасамиЗлосторство и казнаЛионел МесиСписок на птици во МакедонијаСмоларски ВодопадБошко СмаќоскиСистем за варењеГаличникРак (болест)Список на змии во Македонија‘Рбетен столбЦрна ГораЕфект на стаклена градинаМетодија Андонов-ЧентоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМачкаНародноослободителна борба во Пиринска МакедонијаОслободителна војска на КосовоАвионПиту ГулиЛеукемијаБременостПеколот (Божествена комедија)Анета МицевскаДијагоналаИзраелЈужна ЕвропаКрпен животЕјакулацијаПрва светска војнаЕлектромагнетСписок на политички партии во МакедонијаУнгаријаЦрни и жолтиТодор ЖивковОрелАмерикаДуховденХерпесДесет Божји заповедиГ’зим ОстрениСДСММраморно МореГрб на МакедонијаСтомакДоктор ОфболиКоцкаИзборна единица 1Авантурите на Том Соер🡆 More