Андон Дончевски: фудбалер

Андон Дончевски — поранешен југословенски фудбалер и поранешен југословенски и македонски фудбалски тренер.

Андон Дончевски — поранешен југословенски фудбалер и поранешен југословенски и македонски фудбалски тренер.

Андон Дончевски
Лични податоци
Полно имеАндон Дончевски
Роден на19 ноември 1935 (1935-11-19) (87 г.)
Роден воКавадарци, Југославија
Позицијанапад
Младинска кариера
?-1957ФК Вардар
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1957–1971ФК Вардар305(217)
Репрезентација
Југославија1(0)
Тренер на екипи
1985–1991ФК Вардар
1993–1995Македонија
1998ФК Престон Лионс
ФК Тиквеш
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Животопис

Професионална кариера

Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961година го совоил Титовиот Куп на поранешна Југославија.[1] Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд.[2] Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.[3]

Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“,[4] клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија.

Селектор на репрезентацијата на Македонија

Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски.[5] Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0.[6][7]

Награди и признанија

Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така, и Тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“.[8] Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.[7]

Наводи

This article uses material from the Wikipedia Македонски article Андон Дончевски, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 3.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wikimedia Foundation, Inc. Wiki (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wikimedia Foundation.

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМасакр кај ВејцеСписок на македонски народни поговоркиГоран СтефановскиСкратеници во македонскиот јазикМеѓународен ден на трудотНикола КаревМакедонијаГоце ДелчевГолеми и мали (роман)Свети Кирил и МетодијСвети Климент ОхридскиПатологијаБели мугриЦрни и жолтиПапратМарко ЦепенковСергеј АндреевскиУпад во Собранието на Македонија (2017)Оче нашПеколот (Божествена комедија)Земја (планета)Илинденско востаниеСкендербегЗагадување на воздухотСпоменка (книга)МовСкопјеГригор ПрличевДенес над МакедонијаИзвршна властСтрептококен фарингитисКнигаСулејман ВеличествениотЈужна КорејаКочо РацинИздавач на видеоигриАна ФранкПовеќеиграчка играДолинаНационална библиотека на АвстралијаСелим IIИрански ријалМигел де СервантесТрета Француска Република1611 во уметностаХрватски месециЕнди ВорхолАрсенал ЖФКПридавкаРипсимијаATC код A08Јован ХалдОхрид1930 во уметноста1871 во музикатаСанкт Петербург1631 во уметностаЗдравствена заштитаIGNОпистоцеликаудијаКорозијаБрајан МејШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)ДебианЏакомо ЛеопардиЗдружениеДржавни празници во МакедонијаДокторски менторРеторомански јазикГлаголГрадови во МакедонијаМакедонски ораСојузни држави на САДКалиопи🡆 More