Акварел

Акварел – сликарска боја и техника.

Акварелната боја се добива со мешање на ситно мелени и внимателно одбрани пигменти, а за сврзување се користи гумиарабика. Боите разредени со вода на хартија се нанесуваат со меки четкички.

Акварел
Карл Ларсон - Божик, сликарска техника акварел, 1904—1905

Хартијата која се користи за сликање со акварел треба да биде со висока грамажа и убаво да се затегне на рамна површина за да не доаѓа до нејзина деформација.

Во техниката акварел не се користи белата боја, бидејќи светлите и темните тонови се добиваат со додавање на повеќе или помалку вода. Деловите кои треба да останат бели не се сликаат.

Акварелните бои се одликуваат со проѕирност и прозрачност, па со сликање боја на боја може да се добија извонредни тоналитети со поетичен карактер.

Потекло на поимот

Коренот на зборот доаѓа од латинскиот збор „аква“ (латински: aqua) што значи вода, а самиот збор акварел е преземен од италијанскиот збор (латински: aquarello).

Начини на работа со акварел

Акварел 

Двата основни начини на работа со акварелни бои се:

  • работа на сува подлога, и
  • работа на мокра подлога

Работа на сува подлога

При овој начин на работа бојата секој пат се нанесува на сува подлога, т.е. се чека првиот слој боја која е нанесена да се осуши, па потоа се нанесува вториот, итн. Заради проѕирноста на акварелот можно е да се видат претходните слоеви боја, што нуди можност за карактеристичен тонски и колоритен израз.

Работа на мокра подлога

Најпрво хартијата се навлажува со чиста вода со помош на четкичка, сунѓер или памучно крпче преку целата површина, а можно е да се навлажат само делови од хартијата на кои се сака да се постигнат ефекти на преливање и спонтано мешање на боите. Нови можности на ликовен израз се добиваат така што сликата се остава да се осуши, па пото се продолжува со сликање.

Историски развој на акварелот

Акварелот бил познат уште во Стар Египет, каде бил изработуван на папирус, во Кина на хартија и свила. Познат бил и во стара Јапонија, Индија и Персија. Акварелот го негувале и Старите Грци и Римјани, а се јавува и во старохристијанската уметност. Преку византиските сликари бил пренесен во манастирите во цела Европа. Бројни мисали, псалтири, бревијари и хроники од тоа време се илустрирани со минијатури, [[иницијали и орнаменти, изработени со водени бои.

Акварел 
„Зајак“ – акварел од Албрехт Дирер

Настанувањето на акварелот се поврзува со Албрехт Дирер. Тој се смета за зачетник на оваа техника во сликарството, како и уметник кој ја усовршил и популаризирал. Ја користел белината на хартијата за да го нагласи светлото и воздушесто изведување на делото. Интересот за природата кој го покажал во оваа техника дал нови мотиви за новите генерации уметници. Диреровите акварели не биле претстудии за други остварувања. Работел со голема вештина и северничка прецизност. Сликајќи акварели Дирер ја развил леснотијата на движењата на раката за сликање на големи олтари.

Меѓу првите акварелисти на новиот век се истакнуваат Албрехт Дирер и Ханс Холбајн Помладиот. Во периодот на барокот акварелот служи за скици и нацрти по кои се изработувале слики во други техники. Во XVIII и XIX век во Англија се развило акварелно сликарство на пејзажи (Вилијам Тарнер, Г. Робертсон, Томас Сендбај, Вилијам Блејк и др). Англискиот пример го следат сликари и од други земји.

Во XIX век во акварелната техника води Франција:Теодор Жерико, Ежен Делакроа, Оноре Домје, Едуар Мане, Пјер Огист Реноар, Пол Сезан.

Во XX век со оваа техника се служеле Анри Матис, Андре Дионаје де Сегонзак, Пол Сињак, Морис де Вламеник, и др. Меѓу германските експресионисти после Првата светска војна кои користеле акварел биле: Франц Марк, Георг Грос, Макс Пехштајн, а особено Паул Кле.

Акварелот во Македонија

Најпознат македонски акварелист е еден од основоположниците на македонското сликарство, Љубомир Белогаски. Покрај него во оваа техника свои дела оставиле: Васко Ташковски, Сократ Лафазановски, Јанко Константинов и др.

Наводи

Литература

  • Општа енциклопедија ЈЛЗ Загреб 1977.
  • Annegrit Ihming-Axel Alexander, Faszination des Aquarells, Nuernberg- 1987.

Надворешни врски

  • Da Vinci Paint Watercolors
  • Watercolor Paintings of Quaint Mexican Colonial Villages Архивирано на 6 мај 2016 г.
  • Watercolor Paintings Techniques
  • Handprint guide to watercolors
  • Watercolor Demonstrations Архивирано на 17 мај 2008 г.
  • „Watercolour Painting“. Paintings & Drawings. Victoria and Albert Museum. Архивирано од изворникот на 2007-09-29.

Tags:

Акварел Потекло на поимотАкварел Начини на работа со акварелАкварел Историски развој на акварелотАкварел от во МакедонијаАкварел НаводиАкварел ЛитератураАкварел Надворешни врскиАкварелХартија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕнциклопедијаШизофренијаДишенова мускулна дистрофијаЗијадин СелаХристијанствоВтора влада на Зоран ЗаевИзборна единица 5ИнсектиМинистерство за животна средина и просторно планирањеИлија ФилипчеМакедонски претседателски избори (1994)Македонски претседателски избори (1999)ВатиканФК ИнтерВелигденМакедонски претседателски избори, 2014ЃурѓовденОпштина КарпошСлавко ЈаневскиСветско првенство во ракомет за мажи 2025Панонски легендиШугаИндијаВинсент ван ГогГордана Силјановска-ДавковаИшијасХристо ТатарчевТамбура (македонска)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаКрушевска РепубликаДимитар КовачевскиМакедонска кујнаЕфект на стаклена градинаФК МиланМакедонски парламентарни избори, 2002АмазонЦветнициЈулијански календарДен на независноста на МакедонијаСрцева слабостХепатит ЦДУИСлуз-цедење во грлотоБаба (планина)Македонски претседателски избори, 2009МариовоРак (болест)Абиотички факториКолумбијаПиреј (роман)Дијабетична кетоацидозаАрбен ЏафериПролетОбласти во КазахстанКрвна групаСтојан АндовВртоглавицаРада МанојловиќПанко БрашнаровСтрептококен фарингитисКралство ЈугославијаАлександар КирацовскиАлександар III МакедонскиВтора светска војнаРисОслободителна народна армијаМалиот принцИсламСписок на градови во Македонија по населениеПресметување на датумот на ВелигденКрушевоЛумбагоОхридско ЕзероБогородицаМоликаМакедонски претседателски избори (2019)Тоше Проески🡆 More