Џон Вилијам Годвард: англиски сликар

Џон Вилијам Годвард (англиски: John William Godward, 9 август 1861 – 13 декември 1922) — англиски сликар од крајот на неокласичниот период.

Бил штитеник на истакнатиот уметник Лоренс Алма-Тадема, но неговиот стил излегол од мода со подемот на модерната уметност.

Џон Вилијам Годвард
John William Godward
Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела
Претпоставен автопортрет како дел од сликата „Чекајќи одговор“ (1889)
Роден(а)9 август 1861(1861-08-09)
Вимблдон, Лондон, Англија
Починал(а)13 декември 1922(1922-12-13) (возр. 61)
Лондон, Англија
ПочивалиштеБромптонски гробишта
НационалностАнгличанец
Познат(а) посликарство, цртање
Правецнеокласицизам, академизам
ПокровителиЛоренс Алма-Тадема
Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела
„Нериса“ (1906).

Младост

Годвард е роден во 1861 г. во семејството на осигурителниот чиновник Џон Годвард и сопругата Сара Еборал. Живеел во Вимблдон, Лондон.(стр.17–19) Како најстар од пет деца и крстен по татко му и дедо му во црквата „Св. Марија“ во Батерси на 17 октомври 1861 г. Заповедничкиот и наметлив однос на неговите родители предизвикал повлеченост кај него во возрасниот живот.(стр.22)

Творечки живот

Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела 
„Убав одраз“, 1915 г.

Од 1887 г. почнал да изложува во Кралската ликовна академија. Кога во 1912 г. се преселил во Италија со една од девојките-модели, семејството прекинало секаков контакт со него, па дури и го исекле од семејните фотографии.(стр.122) Се вратил во Англија во 1921 г. и починал наредната година. Погребан е на Бромптонските гробишта во западен Лондон.

Едно од најпознатите негови дела е „Слатко безделие“ (Dolce far Niente, 1904), набавено од британскиот композитор и импресарио Ендрју Лојд Вебер во 1995 г. за сопствената збирка. Како и кај разни други слики, Годвард насликал повеќе од една верзија; во овој случај сликата има претходна (помалку позната) верзија од 1897 и следна од 1906 г.

На возраст од 61 година извршил самоубиство, а во белешката пред чинот напишал „на светов нема доволно место за мене и Пикасо“.

Неговото отуѓено семејство, кое не се сложувало Годвард да стане уметник, се чувствувало засрамено од самоубиството и ја запалило сета негова хартиена своина. Се смета дека денес преостанува само една фотографија од него.

Дела

Годвард бил викторијански неокласичар, што во теорија значи дека бил следбеник на Фредерик Лејтон. Меѓутоа, тој бил стилски поблизок на Лоренс Алма-Тадема, со кој ја делел склоноста кон класичната архитектура — особено љубовта кон мермерот и пределите во заден план.

Во речиси сите негови дела се претставени жени облечени во антички стил со предели во позадината, иако некои од нив се насликани полуголи или наполно голи (акти). Познат пример е „Во тепидариумот“ (1913), насловена исто како контроверзната слика на Алма-Тадема и сместена во ликовната галерија „Леди Левер“. Насловите се одраз на Годвардовиот извор на инспирција: антиката, и особено Стариот Рим, која ја делел со Алма-Тадема.

Имајќи предвид дека познавањето на класичната антика било позастапено меѓу неговата публика во тоа време отколку што е денес, уметникот морал да темелно да ги истражи сите детаљи за да се стекне со потребниот углед меѓу уметниците од неговиот жанр. Алма-Тадема покрај сликарството се занимавал и со археологија, посетувајќи историски места и собирајќи артефакти кои потоа ги користел во сликите: Годвард исто така ги проучувал архитектонските елементи и античката облека за да ја осигура историската верност во неговите дела.

Покрај тоа, Годвард макотрпно и грижливо ги претставувал сите елементи во неговите слики како животински крзна (на пр. во сликите „Пладневна починка“ (1910) и „Ладовина“ (1910) и полски цвеќиња (на пр. во „Нериса“ (1906) и „Летни цвеќиња“ (1903).

Убавиците кои позираат во многу од неговите слики на многумина неупатени им даваат погрешна претстава дека се работи за предрафаелитски уметник, особено поради неговата палета на живи бои. Меѓутоа, изборот на тематика (антиката наспроти артуровските легенди) упатува повеќе кон викторијански неокласицизам. Заедно со многу негови современици, Годвард бил „високовикторијански мечтател“ кој милувал да слик еден идеализиран и романтизиран свет.

Годвард набргу се прочул поради неговото мајсторство во доловување на чувствителноста, различните површини, телата, мермерот и ткаенините.(стр.91) Изборот на тематиката е производ на времето во кое се родил — последниот бран на неокласична уметност во Англија се јавил во 1860-тите и цутел следните три десетлетија.

Галерија

Список на дела

Ова е нецелосен список на делата на Годвард.

    о. 1880–1881
  • „Портрет на Мери Перкингтон Годвард“
    о. 1882–1883
  • „Портрет на Мери Фредерика Годвард“
    о.1883
  • „Селска куќа во XVIII век“
    о. 1887
  • „Очекување“
  • „Попеја“
  • „Портрет на Хериет (Хети) Петигру во класична облека“
  • „Портрет на Лилијан (Лили) Петигру во класична облека“
  • „Жолт турбан“
    о. 1887-1888
  • „Јапоника“
  • „Римска глава“
    1888
  • „Убавица во профил“
  • „Источна убавица“
  • „Свршенички прстен“
  • „Фло“
  • „Јанта“
  • „Лили“
  • „Треиса“
  • „Тиф“
  • „Чекајќи го танцот“
    1889
  • „Калироја“
  • „Грчка мечта“
  • „Гркинка“
  • „Глава на Римјанка“(стр.172–176)
  • „Јанта“
  • „Неговиот роденденски подарок“
  • „Чекајќи одговор“
    1890
  • „Помпејска бања“
  • „Атенаида“
  • „Цвеќиња на Венера“
    1891
  • „Помпејска дама“
  • „Простодушна разонода“
  • „Слатка дремка во летен ден“
    1892
  • „Светиче во градина, Помпеја“
  • „Класична убавица“
  • „Далечни мисли“ (водорамен формат)
  • „Далечни мисли“ (исправен формат)
  • „Потпирање на балкон“
  • „Вереница“
  • „Игралиште“
  • „Со венец од темјанушки и руба со шафранова боја“
    1893
  • „Свештеничка“ (акт)
  • „Одрази“
  • „Да или не“
  • „На чешма“
    1894
  • „Свештеничка“
    1895
  • „Палавост и починка“
  • „Музата Ерато и нејзината лира“
  • „Тигрово крзно“ (непозната година)
    1896
  • „Кампаспа“ (акт)
  • „Ме сака, не ме сака“
  • „Женски портрет“
    1897
  • „Слатко безделие“ (прва верзија)
  • „Венера како си ја врзува косата“, до 1897 г. (акт)
    1898
  • „На портата на храмот“
  • „Празни мисли“
  • „На балконот“ (прва верзија)
  • „Прстен“
    1899
  • „Букет“
  • „Делфиското пророчиште“
  • „Огледало“
  • „Знак“
    1900
  • „Безделие“
  • „Ковчеже со накит“
  • „Тоалета“
    1901
  • „На градинската порта“
  • „Хлорида“
  • „Девојка во жолта драперија“
  • „Безделни часови“
  • „Слатки сништа“
  • „Миленичка“
  • „Шивачка“
  • „Венера во бања“ (акт)
  • „Младост и време“

Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела 
„Далечни мисли“, 1892
Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела 
„Безделни мигови“, 1895
Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела 
„Темјанушки, слатки темјанушки“, 1908
Џон Вилијам Годвард: Младост, Творечки живот, Дела 
„Венера како си ја врзува косата“, 1913
    1902
  • „Глава на Италијанка“
  • „Јонска танчерка“
  • „Кога срцето е младо“
    1903
  • „Амарилида“
  • „Летни цвеќиња“
  • „Стара, стар приказна“
  • „Рандеву“
    1904
  • „Мелодија“
  • „Слатко безделие“ (втора верзија)
  • „Во времето на Сафо“
    1905
  • „Грчка убавица“
  • „Римска матрона“
  • „Флабелифера“
  • „Палавост“
    1906
  • „Слатко безделие“ (трета верзија)
  • „Друзила“
  • „Нериса“
  • „Девојка со дајре“ (прва верзија)
  • „Девојка со дајре“ (втора верзија)
    1907
  • „Љубовно писмо“
    1908
  • „Класична дама“
  • „Гркинка“
  • „Исменија“
    1909
  • „Класична убавица“
  • „Грчка убавица“ (неизвесен датум)
  • „Во бањата“ (полуакт)
  • „Тимпанистрија“
    1910
  • „Ладовина“
  • „Пладневна починка“
  • „Мечта“ (прва верзија)
  • „Сафо“
    1911
  • „Во заумни царства“
  • „На балкон“ (втора верзија)
    1912
  • „Љубовен состанок“
  • „Одвоеноста ги зајакнува чувствата“
  • „Дар за Венера“
  • „Крај пат“
  • „Мечта“ (втора верзија)
  • „Сабинела“
  • „Пауново ладало“
    1913
  • „Златни часови“
  • „Во тепидариумот“ (акт)
  • „Замислена“
  • „Љубовно писмо“
  • „Белведер“
    1914
  • „Ѓердан“
  • „Новиот парфем“
  • „Спокој“
    1915
  • „Во екот на летото“
    1916
  • „Древни разоноди“
  • „Крај синото Јонско Море“
  • „Лезбија и нејзиниот врабец“
    1917
  • „Водни божури“
  • „Продавачка на овошје“
  • „Под виснатата расцутена гранка“
    1918
  • „Нежно збигување“
  • „Слатки звуци“
    1920
  • „Црвена, црвена роза“
    1921
  • „Мегила“
    1922
  • „Замисленост“
  • „Гола на плажа“
    Непозната година
  • „Лозница“
  • „Офелија“
  • „Време за игра“

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Џон Вилијам Годвард МладостЏон Вилијам Годвард Творечки животЏон Вилијам Годвард ДелаЏон Вилијам Годвард ГалеријаЏон Вилијам Годвард Список на делаЏон Вилијам Годвард НаводиЏон Вилијам Годвард Надворешни врскиЏон Вилијам Годвард13 декември186119229 августАнглиски јазикСликар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ѓорѓи ОровчанецХектарПрирокКомпирСузана СпасовскаЃорге ИвановМакедонски народни инструментиФазли ВелиуБалканска приказна (ТВ-серија)Егејска МакедонијаПубертетНационален парк ГаличицаДаме ГруевМакедонски претседателски избори (2004)ВртоглавицаДУИМакедонска алијансаСписок на птици во МакедонијаИсус ХристосБосна и ХерцеговинаНАТОКарлес ПуџдемонМендух ТачиОслободителна војска на КосовоСкопски земјотрес (1963)Ѕвезда од КутлешИталијаМакедонски претседателски избори (2009)Зборник на МиладиновциПридавки во македонскиот јазикИмер СелманиЦирозаФигура (стилистика)ЛегендаСтарецот и моретоКолумбијаСписок на држави по населениеИсторијаХороскопски знациКонтинентПериоден систем на елементитеДржавна изборна комисијаСтојне НиколоваЧорбаџи ТеодосДаниел ДефоОдржливостВлада на МакедонијаОВКРимПечалбариМРП вакцинаМариовоНадреден знакСреден векЛокални избори во Македонија (2013)Атрибут во македонскиот јазикТоше ПроескиВладимир Илич ЛенинБранко ЦрвенковскиСписок на македонски филмовиГрцијаМакедонски претседателски избори, 2009СтрофаГрузијаОпштини во МакедонијаСтрашо ПинџурПресметување на датумот на ВелигденКокошкаЈаглехидратРеферендум во Македонија (2018)Вилијам ШекспирПроцентКавадарциПретседател на МакедонијаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаНеврологијаЛегендиЛанец на исхрана🡆 More