Сулавеси: остров во Индонезија

Сулавеси (индонезиски: Sulawesi), порано Целебес (португалски: Celebes) — остров во Индонезија, еден од четирите Големи Сундски Острови и 11-ти по големина во светот.

Сместен е помеѓу Борнео и Молучките Острови. Во Индонезија поголеми острови се само Суматра, Борнео и Папуа, а понаселени е само Јава и Суматра. Населението брои 17.359.416 жители (2010). Најголем град е Макасар.

Сулавеси
Познат и како Sulawesi
Географија
МестоЈугоисточна Азија
Координати02°S 121°E / 2° ЈГШ; 121° ИГД / -2; 121
АрхипелагГолеми Сундски Острови
Површина174,600 км2
Подреденост по површина11-ти
Највисоко издигнување3,478 м
Највисока точкаРантемарио
Управување
Индонезија
Најголема населбаМакасар
Демографија
Население17,4 млн (2010)
Густина92 /km2 (238 /sq mi)
Сулавеси: Потекло на поимот, Географија, Административна поделба
Карта на областите и националните паркови на Сулавеси

На островот има четири краци (полуострови): Минахаса (север), Источен, Јужен и Југоисточен. Тие се одделени со три заливи: Томини (помеѓу Минахаса и Источниот Полуостров), Толо (помеѓу Источниот и Југоисточниот Полуостров) и Бони помеѓу Јужниот и Југоисточниот Полуостров. По западната страна се протега Макасарскиот Проток, кој го дели островот од Борнео.

Потекло на поимот

Името „Сулавеси“ доаѓа од зборовите sula („остров“) и besi („железо“), што веројатно се однесува на богатите наоѓалишта на железо крај езерото Матано, чија руда се извезувала во минатото.

Географија

Сулавеси е 11. остров по големина во светот, со површина од 174.600 км2. Соседни подрачја се островот Борнео на запад и Филипините на север, Малуку на исток и Флорес и Тимор на југ. Има карактеристичен облик со четири големи краци: Минахаса, Источен Полуостров, Југоисточен Полуостров. Средишниот дел на островот има стрмни планини што во минатото ги изолирале полуостровите еден од друг. Помеѓу краците има три заливи: Томини, Толо и Бони.

Помали острови

Селајарските Острови сочинуваат своевиден полуостров што се протега на југ од Југозападен Сулавеси во Флореското Море. Групите Сангихе и Талауд се протегаат на север од североисточниот крај, додека пак островот Бутон се издава на североисток. Тогијанските Острови се наоѓаат во заливот Томини, а островот Пеленг и групата Бангај образуваат погуста островска целина помеѓу Сулавеси и Малуку. Сите овие острови административно му припаѓаат на Сулавеси.

Административна поделба

Островот е административно поделен на шест покраини: Горонтало, Западен Сулавеси, Јужен Сулавеси, Централен Сулавеси, Југоисточен Сулавеси и Северен Сулавеси. Најнова покрана е Западен Сулавеси (2004), создадена со одвојување на дел од Јужен Сулавеси. Најголеми градови на островот се Макасар, Мандо, Палу, Кендари и Горонтало.

Народности

Автохтони народи на Сулавеси се Макасарците, Бугиси, Мандари, Минахаси, Горонталци, Тораџи, Бутонци, Баџо и Монгондо.

Природа

На островот има осум национални паркa, повеќе природни резервати и 4 заштитени морски подрачја. Многу од парковите се во опасност поради бесправна сеча, рударство и обесшумување за обработливо земјиште.

Најголема копнена површина имаат националните паркови Богани Нани Вартабоне (2.871 км2) и Лоре Линду (2.290 км2). Националниот парк Бунакен има богат корален екосистем и е предложен за светско наследство на УНЕСКО.

Поврзано

Наводи

Tags:

Сулавеси Потекло на поимотСулавеси ГеографијаСулавеси Административна поделбаСулавеси НародностиСулавеси ПриродаСулавеси ПоврзаноСулавеси НаводиСулавесиЈаваБорнеоГолеми Сундски ОстровиИндонезиски јазикИндонезијаОстровПапуа (покраина)Португалски јазикСуматра

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ѓорге ИвановИталијаМРП вакцинаЃорѓија СајкоскиЈордан Хаџи Константинов-ЏинотБременостДимитар МиладиновЃорче ПетровГаличицаМарихуанаВикиБубрежна инфекцијаПадежДржавна изборна комисијаИзбори во МакедонијаПетар Поп АрсовВлада на МакедонијаДраган ШуплевскиРак на белите дробовиВикипедија на македонски јазикЗемјоделствоСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаВанчо МихајловВиртуелна машинаЗијадин СелаПридавки во македонскиот јазикОпштина СтрумицаИзборна единица 2Сузан АкбелгеПростатаБигорски манастирРак на усна празнинаОбединети нацииИзборна единица 7Свети Наум (манастир)Роднински односиЗемји членки на Европската УнијаВиртуелна приватна мрежаКалиопиКичевоХемоглобинВикипедијаСтојан АндовЕмре БејГликемијаКумановоБелото ЦиганчеПолип на маткатаКрал МаркоВладо ЈовановскиДен на планетата ЗемјаХепатит АВласиОпштина Ѓорче ПетровНачини на давање на лековитеСтругаОВКСписок на езера во МакедонијаМето Јовановски (глумец)Граѓанска опција за МакедонијаТеута АрифиХемороидАлександар III МакедонскиМакедонски парламентарни избори, 2006ФК ЧелсиПиринска МакедонијаЈордан КамчевПајак (пејач)Четврта влада на Никола ГруевскиСкендербегВанчо ШехтанскиВелики петокМоликаБиполарно растројствоТриаголник🡆 More